Мене градите баш ми се пораснати, т.е мислам повеќе дека се отсечени и секој ден правам разлика, мм ми вика ич не ти е арно хахахах Сношти бевме на роденден, јас незнам луѓето на што се греет, ама беше ненормално жешко, цела отеков. @koritsaki дај Боже да се близнаци, јас сум близнак и многу сме поврзени со братот И така, психа ме мава тие денови дека не го чуствувам баш бебчо..
Да да овие ваквиве се знаат ,само до 5ти месец не знаеле дека се трудни.И на сите други им солат памет. Мене ми се фатија ваков стомак машко ќе е,ќе тераш ти до 90 кила. Ај бркајте сите работа да ми се фатите за таскава балабанова .
Баш вчера ги отерав у пм,да си кажам на муабетов и јас. Ќе се видиш некаде со некој и одма стории,стручни совети ,приказни. Без да ги прашаш. Као или многу намачени трудници што не знаат како истерале до крај,до типки што чистеле,рибале,переле теписи на 40+ Ти праат бош филмови. И да не заборавиме на муабетот леле стомакот ама ти е голем како за сега,до 9ти ќе се тркалаш ,многу тешко ќе ти биде....Ок Полошо од тоа на трудница да и тупиш филм ,нема.
Читам вака и се нервирам Мене цела фамилија ми се "доктори" Тие се знаат и недај боже да им преправиш, до утре објаснувај се нема шанси да си во право Незнам зошто си ги даваме парите по доктори кога дома ги имаме Само гледам што повеќе да избегнувам контакти со нив, оти колку и да сакам неможам да сум имуна и да не се нервирам.
Каде одиш на преглед @Yowannty кај приватен гинеколог или во болницата? Јас со првата бременост одев кај една докторка и секој преглед по 50 евра ми земаше освен првиот пат што платив 70 евра зошто пао тест правеше. А ова скринигот е испитување за даунов синдром? За тоа мислам 150 евра платив. А вчера бев кај друг гинеколог (има сопствена клиника и мислам таму здравје да се породам) и му платив 40 евра што ми се виде доста поевтино отколку пред 9 години. Ми кажа дека се, вкупно секоја посета , плус скрининзи плус пораѓај (ако е едно бебе и ако е природно) со епидурал и пкус деновите за престој во клиниката ќе не чини 1800 евра што искрено ми се гледа ок цена. Ни спомна дека фондот ќе ни врати пари од платеното околу 600 евра.. Дали е за сите клиники низ цела Грција не знам да ти кажам. А за епидурал некако ми е страв , јас не му побарав ниту го прашав тој самиот ми кажа. Рано е да зборам за тоа ама страв ми е некако.. да те боцкаат во нерв За другиве испитувања он ќе ми дава упат и ќе е поевтино сигурно така а кажи ми железо зимаш? И какво? Ми препиша мене едно во ќесички што се раствара во вода ама не можам никаде да ги најдам и мораа од аптеката од Солун да ги порачаат. Крвна слика не сум правела дури во март ми рече.
Иста ситуација и кај мене. Среќа сами живееме па на гости кога идам РЕТКО истрпувам. Абе кога ќе почнат не треба да јадеш ова смета на бебето, од благо ќе се поправиш, тоа не е убаво во бременост да се јаде. Да те отечат. Мене најмногу ми смета кога ќе ми речат немој благо и онака си крупна ќе станеш буре, абе од такт ме вади. А на свеки навика и стана да рече. Мнооогу ме нервираат такви луѓе. Свесна сум што треба да се јаде а што не. Еднаш кажи на човека... Ајде заминав да каснам едно наполитанче се нервирам со муабетиве, немаат осет кон трудници луѓево.
Добро утро мешињаааи мами Ела на кафенце Се утепав сонувајќи дека пушам цигари, а немам желба да кажеш тешко ми е ,ми се пуши Сонував како се враќам на некои стари навики..на старо работно место, на пакла цигари во џеб, пак му се понижувам на шефот и му барам да ме вработи оти последен воз он ми бил,глупости Него уживате јадете и пијте што си сакате не слушајте баби жаби, имате време после да мислите на линија, а 90% што ги познавам се ослабнати од што трчаат по истото дете. Еј и мене матичниот ми наплаќа ама по фин е од вашиве , 200 ден ми зима и тоа кога како Некоја да раѓа ништо а? @Elena ena Чекам да видам што направи
@koritsaki гинекологов каде што одам има приватна ординација, ама соработува и со една приватна клиника тука и искрено човеков ептен ме бендисува и би сакала да ме пораѓа. Државна болница не доаѓа во предвид, оти маж ми ме испопрефркна колку било лошо таму и од компанијата каде што работи колегите, а и повеќето од овде што ги знам летаат за Атина за пораѓај. Ама така треба да договорам царски, а јас би сакала природно ако е возможно. Клиникава овде ја реновираа пред некој месец, еден колега негов со добро искуство излезе од таму и уште сум на мисла каде да биде, ја би овде ако се биде во ред за природно и ако можам истиов гинеколог да го закажам. Иначе од осигурањето на маж, ќе го покријат трошокот за пораѓај па тоа ми е една грижа помалку. 150 евра за даунов беше да. Железо не земам, на испитувањето ми беше во ред, а на маж ниско. Она што можев да го приметам е дека премногу детална крвна слика ми направија, за разлика од кај нас, што оди дел по дел. Може и подобро вака.. што знам.. Од почеток па и уште пијам Фоливит Б12, и ми рече да продолжам со тоа, и денеска маж ќе оди да види за магнезиум кој ќе ми го препорача.
Господ здравје да ви даде што ми кажавте парацетамол да се напијам ми помина главата инаку јас плаќам по 350 денари за контрола брисеви по 250 денари, а кога ми земаше брисеви и пап тест кога ми правеше ми зема 500 денари мене така ми викаа и докторите и свекрва ми не јади благо солено да не се здебелиш, а веќе имав ставено 10 кг многу било и дека имам стрии многу на стомакот
Таман работа нив да им се лошело први три месеци. Ниту половина ги болело, ниту препони. Не ја ни сетиле бременоста, се изнаспале. Истите овие 100 евра само за тестови потрошиле проверувајќи пет минути после секс дали се бремени.
А не како така ако не ти повторува секој ден може ке заборавиш Јас најмногу се нервирам на коментарот "гледам стомакот долу ти се познава ниско го носиш" и само си мислам газот да му го јадиш ти на малово
А мене ми велат дека не ми се приметува стомакот ич, и да јадам повеќе за да јаде бебето, плус свекрвата ми вели не ти е жал за бебето што не и даваш да јаде 8 години го чекаш ова бебе ај сега седи без да зборнеш и без да се нервираш. И јас баш се секирам зошто стомакот ми е мал па секојден се гледам дали порасна или не. А матичната никогаш за ништо не ми наплаќа ама само мене затоа што мм ми е анестезиолог и затоа што направи некоја грешка пред 6 години останав бремена природно ама не знаев а отидов направив Хсг во систина и после 2 недели излезе дека сум надвор од матката па ме оперира ми го извадиа левиот јајцевод, можеби се чуствува крива и не ми наплаќа. Поздрав
Не слушај ич да не ти гајле, стрии не зависат од јадање, моја братучедка нема ни 1 јас имам како мајка ми само на гз колкови гради, +20 кг сум и меше ми е уште мазно. Хахаха леле ова и мене ниско го носиш а ? Викам не го носам ниско прва бременост ми беше ниско сега ми е убаво поставено, а ти се лоши ли? Не ми се лоши. Епа дека ниско го носиш, да е високо ке ти се лоши. ок ај ти знаеш, ако е ниско појас ке си носев бог да чува. Подочњаци мила, незнам што е тоа откројување, знам дека се подочњаци, кеси се прават од многу спиење или од малку спиење .
Ааа исто скоро си го добив и јас коментарот на бременоста После контрола се јавувам како што е редот за убаво на мајката на мојот сопруг кажувам супер сме,машала напредни 1200 тежиме и добив одговор,па се познава по тебе Сега многу ми е смешно,но се напнав и незнам како да и објаснам на "докторкава" дека голем стомак нема врска со големо бебе,и обратно Не сум дрска и безобразна можев да и одговорам но се направив дека не слушам таков прост муабет
Нема врска ниско - високо стомаци мене мама ми кажуваше вика порано кога немаше ехо за да знаеш пол така бабите мене, ми погодуваа па за ни за брат ми ни за мене не погодиле. @NNA што те напнуваат толку, не се нервирај глеј си живеачката и колку ти се јаде ќе јадеш повеќе не, бебе си зима се што му треба. Ти си еднаа од оние среќните што имаат мало меше јас што викам згодни трудници па што треба буре ли даа се направиш така по ли ќе личи искрено и по не е здрава дебелината.
Почнувам да бидам мочла невидена,ептен често одам во вц,бебо притиска на бешика,почнуваат по малку да наболуваат препони,кичмата исто почнува се почестода боли.А во кревет сум како тенк,вретењето од една на друга страна почнува да ми е тешко.Се осеќам дека почнувам да одам како патка.Утре ќе сум 34 недела па веќе си велам дека доаѓа најтешкиот месец иако не знам зошто мислам дека нема да терам до термин,дали тоа го мислам поради омекнатото грло или потсвесно и потајно јас сакам така да биде еве не знам ми следи период исполнет со доста обврски па мислам дека ќе ми летне времето додека да трепнам.Само се молам се да биде како што треба...