Воопшто да не се замараш за стомакот јас со првата бременост имав огромен стомак бебе се роди 3400 а колешка моја до деветти што се вика како да не беше бремена се породи во декември бебе 4000 кг.нема врска стомакот дали е мал или голем не ги слушај уживај си и јади тебе што ти е најубаво
@Eni.r ааа да и мене затоа не ми се лошело, така разбрав На неа уште на почетокот горе и биле поставени, можи и велам ако матката ти е под желудник
@NNA не ги слушај,ако продолжиш да се нервираш ќе се смениме,ти ќе ја направиш среќна мојата свекрва со мало стомаче,јас твојата со големо
@Natasa87 јас сум слушала бабини деветини со тоа откроена си по очите сигурно си трудна. Во поодмината бременост како нема да си откроен у очи кога ни спиеш ни функционираш ко што треба ,се те боли . @NNA да не се замараш околу тоа колкав мешлак имаш ,се додека ти и бебето сте добро. На другарка ми свекрва и нон стоп и труби ништо не јадеш,нејќдш да се попраиш,а золва и кога беше трудна се попраи 60 кила значи одвај и нејзе и бебето го спасија.Што не трубела на ќерка него на снаа удри.Не сваќам како не им е срам.Абре остај ме да уживам. Еве мојата свекрва некни си заработи директен црвен картон,и не нов лист него нова книга доби од мене.Така напраила да се осетам глупо што никад нема да и заборавам.Нашла она црква да се крсти. Доаѓа на роденден и со мене се поздрави со рака еј ми честиташе роденден,доаѓа новата девојка на девер ми прв пат ја гледам абе ја изгушка ја избаци срце ,срце. Аааа така ли госпоѓо,е сега тек ќе видиш каков третман ќе добиеш.
Одма да и ја предадеш Нека се радува новата,ти ќе си имаш поголеми обврски за некој месец не ја мисли и неа што ќе ти е
Ааа готово јас само ова го чекав .Сега кога ќе и текне да се јави,под услов ако и текне да праша нешто ќе си добие одговор ко што и следува и мм доби инструкции ако не поштува тешко него.
@srekice и мојава ептен се пази пред девојка му на девер ми Еднаш купуваме од обие како дуксерка е ама подолга како туника,ме собира во тие и ептен ми се засвиѓаа и земав ама не пробав тесни ми беа и ги дадов на свеки оти исто носиме а она да ми земе мене поголем бр. И иде за некој сат ги носи пробувам јас таман супер и она зима една од нејзините на неа да и дала Викам зошто бе ако не ти се свиѓа јас ке си ги носам по дома нене греота не гледа ние си купувамр на нас а на неа ништо и ја ни две ни три и кажав па ич, не ти е таа на тебе ништо па ти да се секираш дали имала ило немала бог да чува, и еве ти ја за 10 мин ја облекла и ја носи види што и е убаво види ептен А она е многу ниска и пропаднала у тоа блузичето и стоеше како на албанкиве фустаниве ни една должина би под колена ни до глужд јас и се изнасмејав викан дај не ја заебавај погледни на што личи големо и е и она,ако ке си го скрати и ке си го носи цела пресреќна Девојчево ни еднаш го нема облечено и впрочем јас кога му бев девојка на сегашниов маж ништо ми нема купено, 3 години ни роденден честитсно ни кафе испиено
@Yowannty Клиникава се наоѓа таму кај што живеете така? Мене ми фалеа др клиника во соседниот град ама викам ако нешто бидне да се пораѓам и ако се отворам , ќе стасам на време или ќе се породам на автопат Потоа разбрав од други жени што се породиле во клиникава кај што планирам и јас да се породам дека е се супер дека докторот е добар и реков тука нека биде. А за болниците , no comment значи сегде е исто. Да замислиш моја пријателка докторка е на итна овде во болницата, се породи во клиника зошто докторот бил поднапиен и направил некоја грешка па мораа царски да и прават. остај..
Ма твојата балансира барем,оваа мојава не бре чоек.На секое брцање у п***а со извинење сака се да знае што ми кажал доктор значи,кога што какао,зашто ,и тоа пред свекор ми прашува.Јас тоа не сакам ама мм се диктира и се правда.А она човек ништо не кажува,некни и викам девојка да не има малиов да не се жени ќе ме фатите со стомак до заби?? Незнам ми вика а некни се гушкаат ко мајка и ќерка.Епа кого бре праиш будала жено. Им реков крв да ви се стори јадењево догодина нема само за свое дете ќе се грижам.Секоја мајка за свое торта ќе прави
Ах тие коментари како ниско го носиш, по стомакот личи на машко а не женско, ааа готова си одвај се движиш ах да бев готова супер ќе беше ама најглупаво ми е кога некој од работа сака да ми го гали мешето алоо и викам не ја чепкај ке ја разбудиш се има игнор само колку можиме, само тоа ни е спас. Инаку мојата лепотица решила за се да ми наплати на крај два дена храна не ми дава да ставам во стомак а јас стрвна се да си пробам, ако и вечер ме остави без сон ке види убаво И уште нешто за џабе ми беше мачкањето околу папок цела ме распука и сега?? Некое решение ?? Некој да се решил од стрии има ли некој предлог?
Не кажувај бе ќути си.. Јас од такви прости совети и муабети надополнети од неа после секој мој преглед, почнав да не кажувам кога одам.. Само онака супер си е, добро си е и толку крај на муабетот.. Туку допрва иди нашата голгота здравје ко ке дојди малиот тешко мене
Не толку беше.Колку даваш толку добиваш барем од мене ќе биде така. А бебушот здравје кога ќе се роди ма тогаш мислам ќе бидам спремна да убијам
Зошто бре мора да се такви шо мирна си беше пред свадба сега многу збори што им е филмот јас никогаш нема така да се мешам совет да дадиш како повозрасен е ок ама да наредуваш да даваш закони стварно не ги свакам со тоа само се одалечуваме, еве мм и кажал дека не ми е добро и ми врти да ме праша и не и кренав кој ке ја слуша арна сум нека не не мисли и бога молам да не доаѓа толку често кога ке дојде малата незнам како ке се воздржувам тогаш @srekice мојата пак од кога доби уште една неофицијална снашка почна да ме вика со цело име и нормално со различен тон а мене баш ме заболе ако сака така така нека биде уште подобро за мене нека си се гушкаат мене раат ке ми е душата
Дефинитивно не се погодува значи. Ако се дебелееш многу јадеш не треба, ако не, ништо не јадиш не ти е гајле за бебето . И мене како @NNA ме отепуваа на почеток, јади ова, јади она, а мене ми се лоши не ми се гледа пред очи. Па ослабнав тој период па леле бебето како ќе расте, мораш повеќе да јадеш сега за двајца . Пет пати кажав дека гинекологот прво тоа ми го кажа на прв преглед, дека не треба да јадам за двајца, и сопругот беше со мене слушна и тој и кажа и како да не сме рекле ништо. Тоа си е, нема идеално, не бива ни вака ни така
@srekice колку убава реакција имала. Сега земи стави и црвена панделка и предади ја на другата. Сречо крени на другога