Јас сум хипо уште пред да останам и кога останав ми кажаа дека не е ништо страшно само морам редовно да ја земам терапијата не се секирај нема ништо да му биде на бебенцето опушти се
Ништо Тоа значи грлото се омекнало и започнал процесот на отварање. Кај некои почнале породилни болки за неколку часа, кај некои на два дена, кај некои до пет, а кај некои како мене и после десет дена.
Ауу немој десет дена јас еве ме се спремам за вечер да ме фатат зашто веќе сум 40+1и мислам дека е време
Последната недела околу 10/15 пати ми се дешава дневно да ги имам истите , па и појаки контракции. Фала богу што не се уште болни.
Зависи , доколку добиеш болки или ти прсне водењак веднаш оди , јас со првото откако ми падна чепот после 10 часа се породив, а може и неколку дена да нема ништо.
А од кога почна така да ти се стврднува стомакот? Мене почна многу често да ми се стврднува, болки немам, ама стомак се стврднува како камен се прави. Не знам дали е нормално по 5 -6 пати во денот го осеќам сигурно, а 27 недела сум. Нормално ли е?
Знам дека на крај е нормално да е така, кога ке одиш на контрола напомени му на гинекологот, мене ми се јавија јаки болки во 31ва нед. Како лажни болки за пораѓај и од тогаш често ми е таков, и имав стврднување и лежев сега кога лежам знае да се опушти ама ако седам цел ден цел ден ке е тврд..
Да сме живи и здрави после пораѓај ке пробам со креми ако успеам добро ако не ке пробам со вежби ако и така небива тоа е што е ке си ги носиме со нас
Хаха @Ringishpil_ ме насмеа за стомакот и јас добив таков коментар како демек во март ли ти е терминот а јас само што го почнувам седми. Си викам којзнае како изгледам, а инаку само стомак имам не сум многу поправена целосно. Ама приметив дека во пошироки алишта подебело изгледам, а се така поширочко си носам за на работа. По дома кога сум во тесно позгодна сум... или барем така се осеќам Стрии на стомак се уште немам ама затоа градите ми се ужас, џабе толку павловичева потрошив
Колкав баксуз треба да бидеш за во 38+3 да добиеш напад на бубрег Ми ставија спазмекс венски и додека лежев Докторот ми вика абе да не се породилни болки, јас му викам не, бубрегот е, ја познавам болката не ми е прв пат, породилните не ги знам какви се Сега се смеам ама пред два саата плачев од болка