Да на прв скрининг.. го направив во 22 недела.. така ми кажаа, тогаш отидов и др. Васо го правеше... буквално сé во детали ми кажа
Па не знам зошто толку касно. Прво ми рекоа во 20 недела да закажам и кога се јавив ми ми рекоа да поминам кога ќе влезам во 22ра недела.. така и направив.
Оф бре мила ти втор скрининг си правела затоа он се убаво вака ти објаснил и ти кажал.Првиот до 12та недела се прави.Ама немај дума ич штом се е во ред.Уживај си и опушти се ,оговарај со нас во труднички
Па јас до 12 недела немав абер што се вика дека сум бремена... немав воопшто отидено на преглед бидејќи бев преокупирана со подготовките околу свадбата плус тоа и на работа не можев да земам слободни денови... помина свадбата и појдов на гинеколог. Тогаш ми кажаа дека сум влезена во 3 месец. А јас мислев дека ова ми е прв скрининг бидејќи јатрва ми правеше во 22 ра недела но кај др. Самарџиски во државна .. се задржа само 5 мин ништо повеќе
Оо што убаво си го скокнала оној нашиот дел Што? Како? Зашто? Директ на втор скрининг.Уживај си мајче сега и опушти се .
Да не те демотивирам ама јас досега имав 2 прегледа со рака, освен болка после тоа и малку повеќе исцедок ништо друго немаше. Утре сум редовно на контрола па ќе видиме што ќе кажат, може овој пат скроз ќе сум затворена и бебка ќе се крене нагоре и грлото ќе се стврдне
Да мила правев, тоа со глава, стомак, очи, бутна коска, раце, нозе не ми кажа, тоа со проток на крв видов во извештајот пишала уредно, нухален набор 1.0 и 1.3мм, ми кажа нивна должина и развиток за неделата рече се е во ред и после си течеше разговор за мои прашања за болки и сл работи , ајде ко Господ никој не е да имало нешто ќе кажела сигурно... а брисеви ми рече по 4 недели, вика сигурно чисти ти биле пред ова реков да и рече не било касно тогаш да се земат...ти кога ги правеше ?
Епа тогаш ги немав, ми се јавија во 7ми месец и ги снема па сега во 9ти пак ама ептен јаки .. лижам рупурут,газирана вода пијам.. @Elena ena те сонував дека пишуваш тука дека процесот почнува дека си отишла да раѓаш аман хахахаха
Вечерта болките ги издржав од сабајле имав исто не многу чести отворена 4см примена сум во родила сала ама мојте болки ги снема сега си шеткам се надевам брзо ќе се породам поздрав и држете ми среќа
Јас брисеви секој месец правам пошто ми најдоа стрептокока.Сега испив трета тура антибиотик па чекам една недела да помине да идам пак за брисеви по 4ти пат А за се тоа што ти го кажал на скрининг тоа е и ич не му се мисли си знае он што прави.
Уште за на море се Според мене многу малце, ништо не виделе, мене на прв скрининг ми виде се, значи апсолутно се. Од теме до пета. Траеше 40 мин. Значи прв скрининг не е само нухален набор туку е секаква аномалија не дај боже, има многу работи што можат да се видат. Мене прв скриниг ми беше најважен.
Баба Ванѓа вода да ми носи како те погодив дека ти си следна после Верба, Гил и јас Ако Мила полесно ќе ти минат деновите, кукај си слободно. Ти со второ ме чудиш али момче е иде покасно од термин, а и да ти утнале некој ден ете ја математиката. Ќе биде Ели најбрзо.
па незнам искрено мила, пренаталниот тест ми е во ред го виде и она, трите трисомии негативни се, она вчера мереше врат нос проток на крв и само потврди дека е се во ред и тоа е тоа, така да навистина незнам дали нешто плус од ова треба да очекувам на прв скрининг затоа и пишав тука , за да знам дали воопшто е потребно да барам второ мислење кај кој доктор скринингот прв го правеше ?
фала ти мн мила со лесно и кај тебе, жени изгледа тек сега почнуваат стравовите на сите мајки, те гушкам
@Yowannty за главоболка што пиеш? Depon (парацетамол) може? Заборавив да прашам , а главава ќе ми пукне