Добро утро мешковци Мал совет околу стврднувањето на стомакот, досега не сум осетила, се до синоќа,31+..Како што лежев ми се стврдна над папок во големина на тупаница не низ цел стомак,како нешто да ме тегнеше ,тапа болка.Е сега кога се разбудив уште е присутна се мислам од што е како камен осеќам да ми тежи на тоа место. Мислев беба заземала некоја положба ама баш на тоа место е вдлабнато.Второ мислење ? Инаку денес одам на прв час од часевите подготовка за породување, и мм ќе доаѓа тука така е у комплет па се чудам кој прв ќе избега
Со тој термин и јас мака си видов. Термин според менструација ми е сега во недела , значи денес сум 39+3, според матичниот сум 39+5 , вчера во болница ми пишале 39+2 . Изгледа ке си биде на првичниот термин според менструација што ми го одреди . Т.е во недела
Тоа ти е бебето , се испапчило на една страна , контракции јас ги осеќам под папокот надоле , тој дел ми се стврднува неколку секунди па и минутка, и осеќам како да губам воздух , како да ми тежи нешто на градите.
Парацетамол само.. ама мене не ми помага. Среќа до сеа само еднаш имав страшна главоболка цел ден и цела ноќ, се смири тек следното утро само од себе..
Ооо добро утро спанковци Каде ќе одиш на часови за трудници? Ако си на ГАК да ни пишеш впечатоци,имам слушано пријателки што оделе дека ептен им се нашло на денот на породувањрто.И јас одвај чекам
Претпоставив дека се тие лажните контракции и наназад читајќи ве вас што сте пред нас очекував такво нешто,е чудно кај мене не поминаа одма, само ако легнев на грб не осеќав,а на лево и десно многу повеќе осеќав кога лежев,така да сум заспала на грб. Ама еве денеска пак си е присутна таа тапа болка таму а и беба е некако на десно испапчена може за тоа уште ми е така
Па веќе е добар ден Мк, со оглед на времето во Англија еден час сме назад уште ми е утро а и тоа што заспав во 3 оправдано ми е Инаку како што споменав мила живеам во Лондон тука ќе одам на часеви, па секако ќе споделам детали
Првин ќе се срами на претставување као што тит јас барам овде не ми е јасно и после ќе сфати дека Балканот не е соодветна појдовна станица за 2019 година па со интерес ќе почне да следи и прашува
Труднички, лакирате нокти? Фарбате коса? Ноктиве ми растат како луди и башка ми се криват некако, не знам да објаснам ми немаат убава заоблена форма како претходно.. Денеска демек подобро се осеќам, не дека ќе одам некаде, туку маж ми купи лакчиња колекција уште пред месеци па мерак ми е да ги пробам..
Јас гелни нокти имав до почеток,ги извадив и нон стоп се лакирам,а се исфарбав после прво тромесечие со фарба без амонијак на лореал.
[QUOTE="Софија 88, post: 4322419, member: 114695" Коса еднаш, деновиве ќе фарбам пак. Нокти да, зошто да не, лак што брзо се суши и немам гајле. Туку луѓево се забегани со карта во еден правец мајке ми. Кога ќе дознаат дека сум трудна нормално е да речат со среќа, логично. Абе за блиски зборам маме нивно. И покрај тоа што знаат низ што поминав со првото, прво прашање му е, какво е бебето, пол ви кажаа? Мислам what a fu** На сите му одговорив со гордост дрка е повторно машко. Никој не ме има прашано што кажа доктор, дали е се во ред, абе никој. Вчера една ме прашува кој месец стигна и кажав нормално, после вика а што е ви кажаа? Да, машко. Ајде вика наредно женско викам така строго и гордо, кој рече дека треба да е женско!? Мене ама ич не ми е битно! И зачути. Јас се тресев таму до 1 скрининг а тие за пол ме прашуваат. Ајт одјебите гледајте газовите ако можете да си ги видите.
Да , јас лакирам нокти , баш пред недела дена ги лакирав на нозете , инаку се фарбам со к'на , отсекогаш со неа сум се фарбала, но веќе 3 месеци не сум фарбана
Се фарбам без амонијак, и пред бременоста таква користев, исто и лак користам..едино за на пораѓај не треба да имаме лак, и да имаш ќе го избришат.. Јас уште чекам, денес ми е последен ден од термин а јас абер немам од болки и тие ствари, ништо не се дешава, која нервоза ме фаќа, и ова ќе се надносува..
Јас лично да, се фарбам и се лакирам од самиот почеток на бременоста.. три месеци не знаев дека сум бремена и си правев наливни и се фарбав секоја трета недела бидејќи сум плава , после ги извадив наливните и почнав да се лакирам ..
Читам зборите за тоа испакнувањата на стомак, мене деновиве нонстоп околу папок ми се случува тоа, баш онака зашилено.. ама вие понапредна бременост сте,јас 21ва недела веќе во 22 влезена... да не нечини ова вака? Ја па си се тешам дека малите се движат дека па затоа така
Хаха,па со оглед на тоа што сака да присуствува на пораѓај мора да иде на часеви и тој, а искрено и на часот за доење е букиран и тој е таму може да ми речи титтт шо барам мајка ја тука