Какви сте пааа вие,се породивте о трк тек у мајчински,бомбони да не ви даваат тамо види што убаво е тука од кога се ќе си помине како што треба. Сигурно си викате лелеее што забегуваат овие уште не знаат што ги чека. Да си пишувате и да ни одговарате,мотивирате А во мајчински прашувајте за бебушките па ќе пренесувате тука. Еве дебата имаше за широк повој дали ставаат,да знаеме да купиме ако се става. Јас имам видено во аптека како со лепенки,тврдо како пелена можеби тоа е замена срга незнамм
Кажи кажи кој остана верен до крај? Широк повој не се става. Само по препорака од педијатар. Памперс е доволно.
Истото и јас го помислив кога го видов...ќе видам како ќе се снаоѓам ...морав нешто да направам, ептен почна да ми е незгодно одењево
Во кратки црти да ви раскажам како помина првиот час(вкупно3)за трудници/нетрудници пошто во ист број беа и мажи и жени . Искрено бев добра ученичка си знаев речиси се,а тоа благодарејќи на форумов,на некои од веќе новопечените мамички што ни објаснуваа се до детали фала ви Првиот час ни ја опишаа првата фаза од породувањето,паѓањето на чепот,пукање на водењакот(не во секој случај) контракциите па се до отварање на цервиксот до 10см.Многумина од вас веќе го знаат ова.Колку интересно звучи а знам кога ќе дојде денот пак ќе прашувам овде Втората фаза е веќе кога грлото е дилатирано и бебето треба да излезе т.е кога треба push и фамозното дишење.Е тоа наредна Среда(втор час)поинтересно ми звучи. Најмногу што ме изненади колку мажите тука се запознаени со самиот чин на породување,не престанаа со прашања Една работа во врска како да се избегне епизотомијата е :масажа на перинеумот со масло но после 36та недела и правење вежби (pelvic floor muscles exercise) Уште да беше се вака лесно како што опишав
А-у сутлијаш со салеп, утре се пробува... одлична идеја И мене ми зборуваат некои работи, ананас немој, јас па како секој ден ананас да јадам, буржоазија Ама ушите промаја Нема да дозволам утре да ми ги земат радостите и ставовите... бањање држење, мазење, широк повој, коментари... сега граници имам, не дека е страшно, ама ситници се, утре со хормони, нервираат. Ако сакаат тие што коментираат нека си родат и нека прават што сакаат. Јас не за џабе сите цицки ги изгледав на јутуб за доење, сите каки за пресоблекување и бањање... сите емисии од ортопеди, педијатри, сите теми на форумот, сите статии, две книги купив една прочитав, сега друга Не дека се' ќе знам, ама ќе знам за моето и доктори ќе си слушам. Доктор и интуиција. Одвај чекам.
само ти си пример како не се заборава тема каде што помина 11 месеци рака на срце мислев нема да сакаш да влезеш да читнеш овдека. Значи широкиот повој се пензионира
Баш и за ананасот и урмите зборуваа, ништо не е ако се јаде умерено ,за да има толку ефект треба да изедеш повеќе од два ананаси ,што нема шанси
Јас сум ти пример на “вечно бремена” синдром. Уште се штрекам ноќе да проверам да не сум случајно бремена и симптоми за породување проверувам низ глава Темава ми е многу топла, убава со најубави луѓе и не ми се мрднува никаде
Почнувам да чувствувам дека бременоста ми трае 3 години. Бебево притиска на некој нерв очигледно, па левата нога заедно со препонот и тој дел од задникот не ги чувствувам како свои. Цело време си поткривнувам и мислам ќе се распаднам од болка на секое поголемо мрдање. Зборев со дури тројца доктори и се тоа било нормално. Аман. Полни 37 недели веќе, а на почетокот мислев дека ќе бидам породена ова време. Наредната недела сум пак на контрола и стварно си замислувам и се надевам дека ќе излезе бебево тогаш. А киселините се посебна приказна. Јас никогаш во живот не сум имала вакво нешто. Ми изгоре душава и тоа сега на крај.
И официјално се покажа денес, момичка кај мене.... Ма на тие маки друго и не смееше никако да биде хаха
Не можам веќе ми се плаче свекрва ми легна да спие со мене да не спиела во ладна соба главата ќе и смрзнела и јас спијам на крај не можам да се вртам и станав сега седам во кујна на стол цела вечер ќе седам маж ми утре се враќа од пат, а убаво се навикнав сама да спијам не можам со друг во кревет порано спиев со нејзе кога он не беше тука ама сега дека сум поголема не можам многу ми се плаче осеќам нешто водено на улошката не знам секрет да не е некој и умрев од мочање сега па ми се оди крај нема