Уште 14 дена до краен термин. Не менувам више во термини само ке соопштам кога ке се породам Бебе 2 дена лом прави доле, дали се спрема кој знае што прави, ме тера на лежење битно, по малку болни се ударите..
Ајде миличка не така што се овие негативни мисли.се ќе се среди немој да ми се грижиш.ќе си пиеш од терапијата што ќе ти ја препише докторот и готово.немој вака одма депресии да ми те маваат.утре ќе си го видиш бебуш на ехо се најубо.те имај убава вечер и утре јас сум на скриниг 2 па ќе си пишиме како сме поминале
Бони како се договоривме? Нема негатива до крај! Нема нешто што не може или не оди. Ќе може и ќе оди нагоре, макар и трева пасела. Плус бактерии кај нас не идат не сме од тој тип на домаќинки. И да дојдат ќе заминат веднаш, ќе им ја пуштиме на Нате свекрвата да ги гушне за спиење. Јас бев денес да си ја гушкам бабицата која ме породи. Се договоривме кога малата ќе биде здрава целосно да ја однесам да ја види. Така да спремив една торта, една слика од малото со данке и правец во болницата во која се породив. Си се расплакавме уште по една тура си се потсетивме на ноќта пред 14 дена и си се поздравивме како фамилија. Да можам би го вратила времето пред породување и би раѓала уште еднаш без епидурална. Мислам на времето од кога пукна водењак, не претходно
Абе каков малер, што се нема по светов ти за една крвна слика се нервираш. И мене на ехо кога ми кажаа лакуна се испонервирав и мм ми вика будалче, што да кажат паровите што не можат да имаат деца и што се мачат со години ти тука се нервираш за нешто небитно, и стварно е така. Треба да гледаме позитивно на работите. Инаку јас железото го качив на 19 и нагло падна на 9 во 6ти месец. Си црпи бебе не остава за нас ништо. Сега пијам флорадикс сируп наутро и фоливит феро капсули навечер. Ќе споделам резултати за еден месец. А кај мене бебка веќе е свртена со глава надолу спремна е, ама нека си седи таму рано и е. Мене ме клоцаше многу во бешика и си мислев со главата горе е а нозете долу и ме клоца, па почнав да правам едни вежби како у кучешка поза и одзади со газот мрдаш (абе будала жена сум). И после кога кажав на докторката ми се смееше ми вика мора така да рита тоа не е право како фишек во матка и главата му е доле и нозете, а со газето е во горниот дел. Главата му е директ на бешика некогаш мислам дека ќе се помочам кога мрда.
Кои се тие вежби мила да ги пробам и јас Кај мене е уште карлично 31 сум,демек имало уште времекојзнае
Незнам зошто депресии ме фаќаат денес...може дека мм е по цел ден на работа па ми фали.. Буквално немам желба за ништо, само синко ме расположува, умен, позитивен тој Неможам да седам веќе ако не сум потпрена, бебе во десно ребро ме гмечи, се ми се чини таму му се ноџињата, и кога лежам на десно се буни, прета. Си плачам без потреба, се смеам без потреба, ми се лежи, не ми се лежи, ми се спие, не ми се спие. Неможам да се наканам да излезам надвор овие 2 дена како мечка од планина сум.
Ааааа ќе се караме сега со тебе.ајде пушти некое музиче фино убаво некое филмче комедија и доста ти е за денес со овие негативниве мисли.јас кога сум во депресија прво убаво си се изнаплакувам и после музиче некое абе ако треба виолинче на увце хахах.ајде миличка моја крени глава гушни го синко и не му ја мисли за ништо друго.утре е нов ден сабајле кога ќе ми станиш со најголема позитива да ми посакаш добро утро зш те оправ шо би рекле ние охриѓани
@Ive13 @FreeMind @lady.N Ви благодарам девојки на утехата и подршката која ми ја пруживте овој ден, ми беше потребна Подобра сум од утрово револтот постои сеуште ама се фокусирам на утрешниот ден, одвај чекам да ја видам малата да ми се насмее да ме стопи како и секогаш Имајте убава вечер ве најсилно
Еве оваа што ја објаснуваат во видеото и една друга на истата страна е, седиш на кревет со нозете под тебе и рацете ги допираш на земја и се спушташ со телото во висечка положба Малку се смешни мм се изнасмеа слатко кога ги правев а после го убедив и тој да ми помага да ми ги ниша колковите. И ми вика кога излеговме од преглед - од овие вежбите имало фајде Spoiler https://spinningbabies.com/learn-more/techniques/other-techniques/dip-the-hip//
Ајде и ти,не е толку страшно..И мене ми е слабо железо, пиев тотхеми ама ќе видам баш колку ми е се покачи,како што се осеќам не верувам дека ми е којзнае колку подобрено..Иначе и јас ќе одам утре на преглед,може да направам брис и да видам до кај сме..Возбудена сум да видам колку е напредната душичката и се надевам се ќе биде ок,па се читаме утре со позитивни коментари
На темата со свекрвите значи мене ме пукна оваа напнатост измеѓу мајка ми и свекрвата за купување на облека на бебе. Адет било свекрвата да го облече т.е да ја купи облеката за бебо кога излегува од болница и добро купувме се заедно со мене одбравме и место плико кебе ја одбтав кебе.Сеа за у болница требало кебе да носам ама свекрвами што го купи вика тоа за коа ќе излегува и мајками вика за таму додека бидеме у болница да купи она плико кебе а за излегување со др на свекрвсми. Сеа испадна дека и свекрвами сакала да купи плико кебе и сеа на која да погоодам да не повредам ниедна. Свекрвами викаше за таму дека има од син и кебе ама мене не ми се свиѓа старо е и затоа сакав да земам кебе плико ама она не се брза а ја веќе 39 недела сум сакам спремно да биде се. Од др страна па и мајками нешо мн ми се инаети у последно време. Вчера на сестрата кога бев на цтг и кажува за бебо ако било како таткому ќе било немирно демек он бил немирен а нема врска како мал бил мн мирен и толку мн ме изнервира шо има да збори на сестрата такви глупости и се нешо за инат. Инаку за помагање она највеќе ми помага и кажувам за кебево дека и сверквава сакала такво да земе и да не испадне две исти шо ќе правам а и башка свекрвами мн од малце знае да се навреди и налути и нз шо да правам. Ако ја чекам свекрвами да земе може ќе се порпдам зш според неа да го носам старото од син и за таму а мајками вика е како со старо и шо да направим? Мн ме напнуваат. Едната вика бебе не се облекува мн жешко ќе му биде др вика ладно ќе му биде така. Шо да правам за да не повредам ниедна. Извинете на постов долг ама нз како до сеа не се породив од нервози нз на кого да угидам како о да е двете ги повредувам
И мене ми беше страв додека не пробав, после се опуштив и баш позитивно ми делуваа, ако не на друго барем на психа се изнасмеавме со мажето
Miiaa да одиш да си купиш сама ќебе? Па која ќе се понуди да ти даде после пари од таа земи. Образложение ќе ти биде дека сакаш на време да се спремиш. А старото ќебе "ќе го користиш" за по дома
Ја и реков на свеквами да го носам тоа шо го купивме ама некако не ј се дава тоа да било чисто и она да го донела на денот на испаѓање. И ја се мислев сама да купам ама мм вика ете мама сака да купи нека купи ама она не се брза а од др страна ако купи мојата мајка свекрвами ќе се налути и нз шо да направам мн ме напнува ситуацијава. Или ќе фанам ќе одберам различни плик кебиња па нека има од двете по едно ама различно да биде. Ова шо го бендиса мајками а и јас го видов е исто како свекрвами шо го бендисала според објаснувањето нејзино. А мајками вика одбери какво сакаш такво. Сваќам дека и на двете им е мерак ама мене мн ме напнуваат. Секоја има право да купи шо сака ама свекрвава е малце лутка к мн грешно сваќа некои работи