Добро утро Како сте ми женички @only44you со леснооо , и те чекаме да ни пишуваш Офф и јас така се замарав со тоа кој како ми се меша во идеите зошто сите сакаа нешто да помогнат , и од старт пресеков - ти мамо ќе купиш количка , на свекрва ми и реков креветче , а другото ние ќе си купиме алишта и ќебиња (тоа главното што е потребно за во болница и за излез) јас ги отидов си купив што ми се допаѓаше и им кажав само купив ова она , па сега ако некој купи ќе си стои или ќе си го заменам од продавницата за нешто друго. Мене ми е нелогично да имаш на пример 2 плик ќебиња за илзез од болница зошто јас тоа го користев само кога излегов од болницата и за почетните прошетки (тогаш ќерка ми во март се роди па не беше баш топло) и потоа така ми стоеше во шакф. Не знам сега како ќе бидам јас , дали ќе се замарам пак ма да не верувам поготово ако испадне дека се навистина две па тука ќе ни треба малку помош навистина
@only44you Веќе може и те оперирале Со лесно нека ми тие и те чекам со убави вести @Elena ena Ти до кај си? Оздраве малото?
Добро утро и од мене мешиња Ние се спремавме и одиме кај чичко доктор да не види многу има гужва се надевам ке стигниме на време. Малата како да знае дека ке се видиме па лупа на сите страни Денес сум подобра од вчера се надевам така и ке остане после преглед држете ми срека @Gili B. Како успеа на крај да ја средиш пред пораѓај и мене со тоа ме исплашија ни рекоа дека ке треба да примам крв со вака лоши резултати (5.3) и затоа многу се изнервирав вчера. @Ygritte ахх низ што се треба да поминеме за да стигнеме до најубавиот момент ...жени мајки
@only44you каде преку ред? Ц ц ц, се да се брзало, види не нас пред тебе што сме колку уживаме во исчекувањето оваа баба Ванѓа @FreeMind јазикот да си го касне што ме спомна за до крај Се шалам, со лесно мајка, за час се да се заврши, да се гушкате веќе
Ај добро утро од мене цела ноќ не сум спиела ич убаво постојано де будам и сонувам за пликово значи психички ср оптпварив неможам да најдам решение. Кој ме тераше да и зборам на свекрва ми за пликот шо го гледала мајками требаше да го купиме и после ќе немаше шо да прави а вака испадна мн поглупо она ми кажа дека сака да купи ми го опиша и после кога испаднав низ град со мајакми иападна слично или исто да е само боја различна и не го земав. И сеа немам решение да незнаев дека сака да купи др ќе беше дојде свекравиме кога се вратив од шетаее вика шо купивте викам нишо зш плилово е слично како ти шо го сакаш па да не испадне двете да земете исто па и мм и рече купи го ти и она рече сакав некна ама нз шо и иападнало и неможела.а мм мене ми рече пази шо праите да не ја налутите зш знае дека од малце се лути и рацете ми се врзани. Мислев утрово кога ќе оди до маркет дека ќе земе ама не земала нишо пак.мајками рече праи муабет ако не зима ја ќе го купам тоа шо го гледавме коа ќе си идам од работа денес.офф цела ноќ си се нервирам неможам знам дека се глупости ама ми треба сакам спремно да ми е се веќе 39 недела ми е почната а уше тоа ми фали не миалам да одам со старо а ако земе сеа мајками ќе се налути зш и кажав зш не го земавме и сеа она не купила и ќе испадне дека ајде набрзина да купиме
Синоќа ми се слоши и ми се заврте. Седнав на земја да не паднам. Бев на лекар примив инфузија. Повраќав. Еве од сабајле пак ми се врти. Само лежам. Што може да е.
Ај да прашам пошто појма немам искрдно но нели бебето се изнесува сега со транспортер од болница ради негова безбедност? Јас така планирам значи тебе ти треба некое подебелко од оние плишанки такви исцели незнам веќе стручно како се викаат и ќе го покриеш со ќебенце.Какви пликови зарем тоа постои уште И плус кажи и несакам старо да носи детето,си сакам ново и те молам не ми стварај одбивност и нервози уште непородена.Или згора на се кажи и ни ти ни мајка ми нема да купувате сама ќе земам па љутете се.Ќе ти се наљути и ќе ја нема ко мојава да досаѓа еве веќе една недела раат сум
Девојки ние само што завршивме со преглед душата на мама е многу послушна се завртела со главчето долу спремна е за излегување органите сега се поголеми и убаво се гледаа детално гледавме се, 130 отчукувања, плодова вода има доволно, постелката почнала полека да се прави точкички доволно созреана е и имаме уште простор во мешето да растиме го земавме и последниот брис, закажавме за цтг дури на 05.03 кај Младен Ристевски дали ви е познат? И така, мојот притисок беше120/80 со 105 пулс мало сам била возбуџена заборавив да прашам колку тежи бебушката ама затоа знам дека не сум отворена Од денес сум со по две тотхеми на ден и за 10 дена пак контрола, малку ме караше да јадам да не држам диета а како да објаснам дека јадам свашта ама ете не се фаќа Едино нешто што ме зачуди е тоа што ми рече дека можно е да ми прават проблем со терминот по последен мензис сум 37гн а јас сум 35 и рече ке морам да им објаснам убаво за да немислат дека бебето касни, ако ме послушаат ке биде добро имам доста читано дека грешат со таквите термини кој знае шо ке биде кај мене Се изнапишав ако некој има некој совет добредојден е
Добар ден и од нас. Како климактерична жена сум цела вечер кога ќе се покриев жешко ми беше,па тргни јорган се тресев и така целаа ноќ. Не ми се погодува ништо. Тоа само навечер,а преку ден сум во ред планирам да излезам малце да испешачам да не сум бескорисна. Јас и мм си скучивме договор се ние сами ќе си купиме,за утре да нема мавање во гради едната ова го купила другата она. И неможам да му кажувам ќе ми купете скапа количка затоа што таа ја сакам,а ниту па лице да му правам дека мене мноу ме бендисува таа што тие ќе можат да си ја дозволат. Тоа што им е желба за облека нека ми купуваат за тоа знам дека ќе ме прашаат дали ми е убаво,а и можат да си ги дозволат,несакам да имаат дополнителни трошоци. Ниту ќе дозволам да ми кажат во ова изнеси го од болница. Си го поминале они тој пат кога не изнесувале мене и мм од болница. Сега наш ред си е.
Оздраве , добар е сега , уште малку остана од сирупчето . Јас уште сум си исто во недела краен термин иако матичниот ме спремаше за порано да се породам бидејќи бебко беше понапред за 2 недели , сега си е точно за 39+ 6 . Така да очекувам веќе конечно да се олеснам.
Абе женски што будалчиња сте Оставете ги да купуваат јас да сум искрено свекрвата се што сака нека купи, а мама помалце ќе сакам да ја потрошам ќе има кога да купува ехее не е само за излегување од болница ами бебињата растат како луди тек ќе требаат алишта и разни ствари. И вие имате кога да купувате, парите чувајте си ги во џеб и чекајте мајки и свекрви нека ви изнакупуват се, а вие само ситници што ќе останат Меракот е голем и кај вас и кај бабите посебно ако прво внуче или многу чекано така да попуштете нема потреба за нервози во најубавиот период
Да меракот е голем после 2 неуспешни бременоати и подолго очекувана е момава и сеа разбирам и двете сакаат да купат и еве да ги оставам да купат и после ќе биде проблем кое да го носам у болница со мене дали на мајка или на свекрва на која и да го земам ќе се навреди и после и еднага и др ќе вика моето не го користиш џабе го купив. А инаку да со кошница ќе ја изнесуваме ама мора и кебе само во кожницата ладно ама тоа кебе го имам го купи свеки ама тоа е само за исшаѓање е мене ми треба за у болница кебе да имам плус додека лежиме таму
Што убаво и кажа. И јас би да играм вака. Или пак ќе и кажам на мајка ми да ми го купи и ќе речам на свеки дека сама сум си го купила оти никој не го купил до сега. Јас сакам да ми се налути за нешто и мирна глава, ама не се лути оваа мојава. Прво и ќутев, сеа си кажувам што си мислам ама не ја погодува ништо. А многу е досадна ми доаѓа на гости (дека во иста куќа на различен спрат сме) и по два саати си седи кога мм не е дома. И ме замара со некои старински муабети и оговарања. А јас на работа одам сакам да се одморам она ќе ми се квакне и ми ја полни главата. Порано идеше кога сме и двајцата на работа со мм и ми ги миеше садовите што појадуваме наутро. Отпрвин се нервирав станував порано да ги мијам и и викав не ги миј она пак исто. И ми скурчи (извинете на израз) и и викам еден ден намерно кога не ги беше измила ,,аа ти не си ги измила садовите денес ја од работа уморна садови сега треба да мијам" и да видите како прекина. Ама и мм е од моја страна знае дека е досадна, ама мајка му е што да прави. Он кога е дома и кажува да прекине кога гњави нешто ама ја не можам така да и речам некако глупо ми е дека повозрасна Си викам кога ќе се роди беба по 5 саати ќе дреме морам да смислам начин да ја бркам
Јас цела вечер имам болки едно време се разбудив со солзи на очите не можам да се вртам ме боли те на една страна 5 минути те на друга страна 5 минути и не можев да станам и на крај ставив перница меѓу нозе и едвај сабајлево сум заспала