Мене ме нема прашано како си(ниту син и) а не па да праша шо да купам за бебето Незнам шо жена ќе беше еј, ама не ми ни треба, не сме замерени ама несакам ни да ја видам. Кога ќе се видиме(еднаш во 3-4)месеци само онака почит како гостин и тоа е тоа. Никогаш за син ми не помогнала, а знае да каже '' убавиот на баба'' море мрш!
Mojava e epten potresena po mene, celo vreme mi oomaga za se sto ke I recam....grev ke me fati ako recam nesto loso, zasto navistina e taka...nie sme vo zaednica, ama koga ke se rodi bebka zdravje ke sedam gore pokomotno e ....
Мене мојте ми се во близина и секогаш биле тука за нас за што и да ни треба. Мајками само мисли кога да купи што да купи, малиов ја обожава буквално. Другата '' баба'' не ја ни познава.
Мила и мене деновиве ме дрма некоја вртоглавица,ама денеска појака баш беше непријатна.Сумњам на синуси дека ме наболува челово,хормоните,времево.Притосок ок,крва скила ок,.13недела сум и тераме.Малку се смири ама тука е.....
Не би да те плашам али повеќе проблем видов со кучлево наместо со бебето. Прво што бев отсутна од дома 7 дена. Од кога заминав ноќта на породување прекинал да јаде. Се вратив трет ден од болница дома само да му покажам дека сум “тука”. Почна да јаде. Се вратив од болница со бебе и тотално се шокираше. Иако добива повеќе љубов и внимание од претходно плашејќи се да не се почуствува отфрлен. Ако бебето е во раце и он кај некого во раце и така натаму како второ дете. Е сега по враќањето ме гледаше пет дена со поглед “цркни” па го лаеше бебето, па ме касна два пати, на прошетка го изнесувам сама за да се навикне на мене - не ме слуша ич се инати ( ми покажува дека е лут ). Од претходно имам психиолог за куче кој иде дома па чекам да дојде на 25 ти да не подучи како полесно да го помине периодов па ќе ти кажам кои насоки се. Мора почесто да иде на почеток. Од пред ден два е сменет во погледот на позитивно и не го лае бебето. Се навикнува на мирисот и плачењето али му треба време. Синдром на второ дете е навистина тежок ( кучето е на развој на две годишно дете ). Али ќе биде со многу љубов и трпение.
И јас чекам да кажеш за тоа со психологот во случај и нам да ни треба да знаеме како да се справиме. Оти чувам куче како бебе родено, ептен е поврзано очекувам секаква реакција ама сум решена да ги здружам.
Жени,бев преска на преглед,34+6 на ехо ме виде матичната,наместена надолу бебка,сите параметри во ред,брис мислев да ми земе,рече рано е 36 недела пред почеток на 9 месец..Туку веќе пола саат како осеќам ниско во стомак и јајници ме сече јакичко,како менструални болки константни..дури и кон половина почнувам да ги осеќамАко станам,ми теже и тегне страшно надолу..Дали преска дека од болница до работа пешачев прилично брзо,демек да се раздвижам малце на воздух..сега седам на работа,ама не можам да издржам.. да си одам па да видам што ќе биде..
@only44you со лесно, доаѓа третата среќа . Те чекаме да пишеш. Во врска со актуелната тема за купување и јас се нервирав на почетокот кога ме прашуваа ова да купиме она само заради тоа што сакав лично да си ги одберам количката и креветчето. Па на крај се договоривме и со свекрва ми и мајка ми тие да дадат пари колку мислат а јас и сопругот се ќе си одбереме и на крај ќе им кажеме кое од кој е. Така ми е полесно, двајцата си бираме и одлучуваме.
Да се надевам малово мое нема да биде љубоморно ама ти пиши како ке поминете со психолог.Јас 10 години го чувам ептен е приврзан срцуш ми е ќе си делат играчки
Природен? Цвекло јади, семе од коприва со мед, чај од коприва, какао ваари си, леќа манџа, спанаќ, блитва... Со последниве најдобро е да си правиш смути со банана или јаболко.
Женчиња мои добар ви ден денес бев на скриниг 2 си го видов момичето мое по охриски кажано се е супер сите параметри супер си расте и си се развива. 520 грама било тешко,постелка на заден ѕид плодова вода доволно и така само малку притисокот ми беше висок 140 со 80 не знам зошто нормална бев можеби се возбудив дека го потврти полот дека е девојче јас сум здебелена само 4 килограми сега за сега а сигурно ќе се тркалам до крај бидејки сум 22 недела
@Ladyyyy567* па ние сме биле ептен исто и ние сме 34+6 ова ти е по последна менс или? Мене денес ми ги земаа брисевите зар има врска тоа нели се земаат од 34 до 36гн? Веројатно нема да смени многу Како ти е? Ти поминаа ли болките ? И мене знае да ме заболи ако се раздвижам многу затоа правам паузи почесто инаку имам константна тапа болка долу во коската одвај се вртам кога лежам мислам ке ми пукне секој момент Во врска со актуелната тема возбудата кај свекрвите направила чуда од нив и мојата запнала да биде облечена од неа на излегување од болница ма дај само тоа и го има купено се друго ке купела после пораѓај што сака нека прави нејзин избор не и забранувам ама меракот е мој и со мм поради тоа што од сестра ми и мајка ми имаме милион ствари за кои не добивме правило кога да се облечат едниставно си купија од мерак, со мм рековме барем едно комплетче ке купиме за изнесување се друго нека купуваат они и така ке остане сакала се лутела сакала не се лутела треба да сватат дека нашиот мерак е најголем од било кој друг. А за плико хах и мојата го чувала од мм ама и реков не ни треба на нас и виде невиде сега кажува кога ке одиме на гости кај нив тогаш ке го пробуваме хаха факт како сакате вртете пак ке си тераат по свое ама и ние по наше и толку имам милион работи што морам да средам непланирам за нив да се замарам
Што убаво Иве И мене ми се качува притисок пред преглед, а обично во бременост го носам низок. Мило ми е што е се во ред, па и да се тркалаш ти е гајле, ќе си слабееме после по 2 што ќе трчаме Кај Алексиески правеше скрининг?