Супер штом се е во ред ке се здебелиш немај гајле јас до 5- ти месец немав ни 1 кг качено , сега во 40 недела сум +13 од кои 5 кг за 2 недели ги качив
Не си ја барај бељата,не барај килажа ти си била манАкенкааа. Јас сигурно на втор скрининг со 10+ сум отишла
Кај Исто и ние си поделија кој што ќе купи има премногу работи што можат и ќе треба да се купат ќе има доволно за сите хаха. Кај мене свекрвами заедно со мене по мој избор купи се што мене ми се свиѓаше креветчето јас го одбрав исто и облеката што ќе биде за зимање на бебето она ја купи исто ама јас си ја одбрав и кебе место плико јас одбтав кебенце бидејќи ми беше поубаво и после дознав дека кај нас во велес немаат ништо од постелнона па морало кебе од дома да носам за тие денови па сега сакаме и плико да купиме. Мајка ми пак ја купија количката релаксаторот исто јас си ги одбрав. За облека купуваат што мислат дека треба сега за сега основни работи. Ама секој има право да купи што сака. Исто мајками сакаше да земе плико кебе ама бидејќи веќе едно имам и сеа уште едно ќе купиме па рече ќе земе она нешто друго ќе купи секако ќе требаат и др работи вика да не ти се повторуваат зш ја и реков ако не она само плико да земе што е едно на нет го бендисав ама па ако земам кебе плико уште едно нема да ми треба.ќСе со договор да нсе се трупаат само работи или да се повторуваат па да неможам да искористам. Затоа се што купуваат ме прашуваат мене дали ми се свиѓа или не и така. Нема причина никој да се лути секој има исто право да купи што сака само убаво е да си прашаат за да не се даваат пари без потреба за исти и слични работи да се земат работи што ќе се користат. Како и да е и двете се баби о на двете прво внуче разбирливо ми е и двете да сакаат да купат иато и мене мј се случува што и да видам се сакам да му купам хаха
дали е штетно прснав еднаш капки за нос за деца и потоа прпчитав дека не се препорачани ? си велам од еднаш нема гајле ? мислења?
Да лепотица кај Алексиески правев како што рече тој се е супер.следно треба да проверам крв заради железото па скриен шеќек до 28 недела да проверам и така.абе цела бременост 100 со 70 110 со 70 незнам денес што се збудали притисоков а мене супер ми е ништо не чуствувам
Не е штетно не се секирај ја користам кои стигнам секој ден обавезно по минимум 10 пати и ништо не ми е
Се реши се фала богу конечно без лутки. Му кажав на мм што како и рече ајде со мене и отидовме прошетавме низ град си одбравме ја и мм и си купивме плико и им кажав на двете дека си најдовме и купивме тоа што нас ни се свиѓаше и решено се и двете задоволни фала богу и мене ми олесна и нема лутки.и еве го се испра у машина и исуши во сушара и сеа уште да го спакувам и него и се е спремно. Ми олесна ќе спијам на раат ноќва
Што се оптеретувате со свекрви ... тие се само тука да не реметат и да ни кажуваат правила кои се од времето на дедо Ное. Мојава со прст не мрднува ни за бебево што го носам ни за мене... ништо немала да купи за бебушов вадејќи се на приказната другата снаа да не се лути бидејќи на нејзините не купила ништо .. ма што сака нека прави и така она си има некоја глупава идеја зацртана во тоа нејзината луда глава ... не мора ништо да купува и така подобро за мене , ќе си купам јас што треба и какво треба.. бај да веј тука е и мајка ми, која секогаш ме прашува дали ми треба нешто, како напредувам со бременоста... додека свекрва ми "протестира" зошто идам на прегледи, тоа според неа било глупост и дополнително трошење на пари... се знаело еднаш се иде на преглед и после на пораѓај.. а до тогаш Господ ќе го чувал бебушов.. докторите според неа ништо не знаеле само лажеле за да си земат пари.. и бла бла бла да не набројувам уште бисери од мојата мила ми драга свекрвица
Мешиња од кога да очекувам лажни контракции? 38+2 сум се е уште мирно немам мака со бременоста хаха па незнам од кога да очекувам контракции.
Да,по циклус сметам термин,исти смеМи се смирија болките фала богу,повеќе одмор треба,пазење и тоа е. Кај мене бабите се искулирани овој пат,за среќа,на тема купување,ни дадоа пари шо треба да купиме и раат сум..Немам никакви притисоци досега..Ја научија лекцијата од првото,сега се мирни
Си одмара малку може, ама ако ти е шубе касни нешто благо, легни на лева страна или на стомак и чекај. Јас како што не јадам благо, кога ќе каснам мислам салта прави во стомак
Женички нормално ли е да чим осетам мирис на месо, риба, јајца јас да црева ми се вртат, само да помислам ете ги нагоните за јадење да не правам муабет во уста не можам да ги ставам...пред да останам трудна се си јадев сега од ова ништо, а знам дека е потребно и се плашам до кога вака веке три недели јас имам одбивност и нагони, а влегувам во 13 недела...како ќе терам само со палента, јогурт, к.млеко и плазми незнам....килажата надоле иде и така да си пукнеш, апетитот нула...до кога ќе е вака?
Нормално е . Јас до 4- ти месец живеев на зелено јаболко и зелка салата ( евентуално некоја полесна храна ) . Од 5- ти се стабилизирав и сега веќе јадам се , дури и тоа што ми се гадеше . Месо риби јајца и секакви мириси не можев да поднесувам , дури и мојот омилен парфем . Ме спасуваа само влажни марамчиња
Леле мила зар дури во 5 ти ти се среди исхраната, ужас човек ќе нема време да качи килажа, попрво ќе се породи отколку тоа...јас ептен сум загрижена да не не напредуваат бебушите чим јас неможам да јадам, си викам како они ќе се развиваат и качат на тежина
Еее како нема да качат.Бебето ти е у матка а не во желудник.Преку крвта од папочна врвка се храни,си црпи железо,протеини,јаглерохидрати и витамини .Така да ти ич не се секирај си има оно храна за да порасне