Нормално е мила јас до 19 недела повраќав и дехидрирана бев нон стоп само инфузии ми беа спас и последно лежев на болница зошто желудникот не ми се смируваше 72 часа без престан повраќав.јади лесна ладна храна што можеш да ја поднесиш и течности голтка по голтка.гледај да одмараш повеќе.еве сега сум 22 недела и уште ми е страв да каснам некои јадења.то е мила мора да поминеме низ се за да ја доживееме најубавата улога МАЈКА
Лелел едни болки во половините и стомакот мислев дека крај детето ќе ми излета, сигурно од што носев неколку кг пазар(
Без гајле, така е кај 90% од трудниците.. првите месеци се такви.. некаде до 16 недела после тоа постепено ќе почнеш да јадеш од тоа што го наброја.. можеби месо нема да ставиш до крај но не знам за тоа јас еве за некој ден влегувам во 23 недела почнав да јадам некои раб кои ми сметаа на почетокот но месо не... од месо мн повраќам.. од мирисот на месо истурам црева а не пак да јадам... така да без гајле .. јади си што ти душа сака.. кисело благо луто било што.. јас барем така терам и немам проблем .. за овие 5,5 месеци јас само 6 кг имам накачено .. до крај може ќе бидам мече
Здраво мешиња, ме снема мене некое време, се трудам после пораѓајов да си дојдам на себе ама малку тешко ми оди На сите породени ли ви е вака или само мене? Хормониве беснеат, плачам на секоја ситница, некако не можам ни ма дете убаво да му се израдувам, вака ни во бременоста не ми беше.. Почнав да се загрижувам што е со мене Ранава од царскиот си боли и дополнително отежнува да се грижам за бебе, среќа маж ми ми помага мн па гураме некако... Не сум ве читнала наназад, се надевам сите сте добри и честитки до новите мамички
Бев во вц и на хартијата имаше голем густ исцедок со крв..после тоа се туширав и пак се избришав пак имаше траги од крв..претпоставувам чепот е но тоа крвта после туширањето исто од чепот е или нешто друго? Инаку сум два дена над термин..
Ајдеее со лесноо почнал процесот имаш ли болки ? Како сум се зафркнала значи за сите пари баш сега ми текна да прошетам смрзнааав ушите ми смрзнаа не излегувајте надвор ни под разно таков ветар има мислам ке ме однесеше иако не сум малечкасега ке се топлам со чајче кој е ЗА повелете
Моево еден цел ден ке се изнатрча убаво па 2 дена ке одмара и е мирен.. и се така во круг Јас се навикнав веќе.. Не се плаши, се е во ред
Bony болки ептен слаби, ако вечер нема ништо сабајле имам за цтг..ама не ми се верува дека ќе биде за брзо...
Мојата многу често знаеше така да прави на почеток да ја снемува по цел ден, еднаш имав пишано дека и најдов цака со лежење на страна која најверојатно не и одговара па почнува да се буни и мава за да се завртам или често знам музиче да си пуштм и да денсамда ја размрдам па потоа она денса Не се нервирај @Adeline утре ке ти надокнади и за денес Оф бее ајде белки во текот на ноќта ке почне процесот за да можеш да се олесниш доста беше кај мама време е за се запознае бебушка со светот
@***Bony*** @Adeline само си велам да се подопраи времево,да излезиме од дома оти веке збудалевме Мислев само мене ме фаќа депресија или само јас се мрднувам , ама дефинитивно тмурното време во комбинација со збудалените наши хормони лошо ни влијае па се нешто си умислуваме и црни сценарија ни се вртат во глава Јас пак сама на себе сум си психолог во умот, на црните мисли им контрирам со позитива си мислам на најубавото што следи
Ааа не шетање никако јас сега се излажав и повеќе не додека не се качи температурата +20 не шетааам никако досадно е ова време сакам сонце ако дочекам ако не ке го чекам мајот за шетање
Не ти верувам Од понеделник 15 степени ке е, ке шетниш сто посто цела недела ке е сончево, нема да му одолееш на сонцето А за во мајот најубаво ке ни е сигурно
И јас би сакала ајдеее нека се стопли може и 15 не е проблем само да е подобро од сега ке свртам некое кругче секако ке ни треба за отварање А што не ми се спие шо правиме ??? зар ке дежураме вечер?
Си дежурам јас стално Ако поспијам 1 саат, 3 ке ги седам будна сигурно.. Секоја вечер така А сум спиела и по 10саати порано, ама сега нема
Ајде и јас да прашам нешто. На два пати ми се дешава да се подмочам не многу ама кругче баш на газот. Од кои еднаш на работа. Ви се случувало и на вас? Незнам не е свесно, туку баш не сум осетила. Нормално ли е?
Ми се дешава посебно ко ке ме мавне ниско долу во бешика неможам да додржам Арно секогаш сум со секојдневна па таа ми е спас..
Кај мене не помогна секојдневна. Ауф брука сум, среќа црни фармерки имам. Јас пак се испотресов да не е водењак паметов на сите страни..