Без тоа не е интересен денот посебно ако го зачиниш денот со кивање е тогаш мисли му ја @flower55555 за џабе се силев дека ке дежурам оците веќе ми се на пола копје можно е да ме снема секој момент Убава вечер за сите дежурни мешиња и сладок сон за сите кои спијат веќе
Не ми се десило до сега само еднаш во 5ти месец и еве сега во 6ти. На интернет читам дека кај некои е баш често...
И ова никој не ни го кажа За жал така е. Шеснаести ден денес после породување јас уште плачам. Не е како првите две недели идам на подобро. Има таков хормонски шлог што го добиваш она чувство “ не можам повеќе”. Се е нормално драга моја и ќе помине. Велат први три недели и ќе настане празнење од овие хормони на бременост. Сепак се со бременост пак поврзани може затоа плачам Исплачи се слободно. Само плачи зошто така поминува. Во втората фаза мажот ти треба да го изеде за сите пари и после полесно ќе ти биде.
Јас знаев да се подмочам при смеење. Прво се усрамив, а до 9ти се навикнав дека не сум како што треба и си се прифатив. Вентилот е полабав. Ако ти е за утеха велат побрзо ќе се отвориш, кај мене беше така. Ах да. И носи си гаѓи во ташна.
Два ипол месеца по породување ретко кого можам да поднесам, мм најмалку! Плачам на секоја ситница, не ми е до ништо многу често. Нечупана, недепилирана, нефарбана, среќа туширана редовно. Или не знам да се организирам или хормониве ми направија лудило.
Ти мила ако не ме утешиш нема кој. А јас тебе верно те следам Мене ми рече дека требало да спие оти работел, а јас може и без спиење оти сум на породилно нели. И наеднаш небо и земја се споија! Јас во најлоша верзија од себе. Мислам дека ме сфати, а и го проверив уште диши. Среќа мајка ми е мајкиште од прва категорија па околу бебето ми е прва помош, плус ручек зготвен, исчистено. Иначе готова бев. Страшен хормонски дисбаланс. А изгледот? Го симнав огледалото од ѕид
Копирам, цитирам, све ти правам. И за мајкиштата, па кога си замина мојата се истурив од плачење и коси кубење. А на 4 километра сме оддалечени. Битно ми беше да ја видам кога ќе се разбудам насабајле. Најлошата верзија од себе исто ја видов а и мм ја виде една недела откако се породив. И тоа пред мајка ми. И сега ми е за неа жал. Огледалото ќе го вратиме, само многу посакувам да помине менталниов лом. Што поскоро... Вака не се трпам и никој не ме трпи.
Ма не да плачам, рикам дури, да ме види некој од страна не знам што ќе помисли. Маж ми го јаде веќе за сите пари, дури мислам дека мисли сум забегала. А фала богу ни малово не ме остава покусо, не се спие ич, вриштам за сон!
Јас пак станав со грчеви-болки, бев во вц и поминаа, здравје во понеделник сум на контрола ќе видам контракциите.
Ќе помине и ние ќе бидеме посилни после ова. Ме советуваа секој ден да испаѓаме од дома на воздух ( ние со бебето), ама мене ми е толку стресно секое испаѓање со неа чудо едно. Потоа да си најдеме време за нас за долга бања и огледало. Јас сеуште не смеам во бања али и сила немам за огледало сеуште. И трето да го оставиш после доење со некој дома и да излезеш 20 мин сама на воздух ( средување мисли ). Собети од типот не се секирај ќе помине - не палат. Ми треба конкретно делание. Третава точка ја практикувам си се шетам со кутрето сама и убаво ми иде. Се полнам со позитива.
Рикај гласно оти само така треба. А он што мисли е тотално небитно засега Ти плачи за се. Оти е ова емотивен шок и ни треба време да се собереме. А ќе се собереме ќе видиш и се ќе биде добро. Ти си сама овде гледај да се поделите во смени иначе ќе папсате двајцата. Кога едниот занимава бебе другиот во друга соба нека спие. Кај мене спие али спие гласно. Не знам како да опишам со звуци, со тегнење, кемкање, плачење, смеење и иди спиј Јас како улава се штрекам. Али сменски дома сме, во три смени и тоа и не можам да се пожалам идам спијам и ми ја носат за доење.
мешиња ај и мене конечно сонце ме огреа . Станувам сега од кревет и осетив нешто ми испадна . Отидов во вц гледам гаќичките со воденест проѕирен исцедок и низ него како розевка крв. Викам сигурно е чепот но имам ептен слаби болки и решив да чекам дома да ме фатат појаки болки па тогаш да идам. Си направив кафе , сега на синко доручек да му спремам , малово се јави во мешето дека е будно и дека наскоро ке се запознаеме искрено воопшто не ми е страв , чувствувам само возбуда Ве гушкам сите
Цела ноќ бев во исчекување да почне да се случува нешто, едно време почнав да осеќам болки до сега најсилни,ама луѓе пак се смирија и сум заспала..еве сега во 10 имам за цтг па да видам што ќе ме израдуваат @Elena ena со лесно, ајде за брзо па во породилни да се прочитаме
Ве замолувам да не се оптоварува темава и со постови кои треба да се веќе во категорија бебе. Оставете ја темата да си продолжи со труднички постови, да не се губат во дискусија која треба да биде во друга категорија. Слободно пишувајте доколку сакате да споделите некој совет и мислење во врска со бременоста, но следните оф-топици ќе бидат преместени во соодветната категорија. Благодарам.
Добро утро мешиња ние станавме и на слободен ден не успеав да поспијам повеќе пуста навика а и бебушка сум ја навикнала изгледа па почна да ме буди @Elena ena ајде мила ти ја пуштаме цела среќа нека биде твој овој ден @bella.s како си ти? Како помина на цтг? Читам пишувате за хормоните и искрено од нив ми е најмногу страв кај мене онака се пореметени тогаш кој знае што ке биде уште сега на сите им кажувам од моите да знаат да не ми се лутат ако бидам во форма шкљ да сме живи и здрави тогаш ке видиме што како сега да го поминиме овој период прво Вчера си го гледам мешето и на мм му велам се ова треба да излезе од мене ама како незнам чудо на природата сме
Добро утро мешиња и од мене Јас работно , на работа оваа сабота порано Овие денови мн често мокрам особено ноќе (денес три пати станав ) дали сум нешто преладена или па нормално е И друго , се закашлав и осетив доле лево кај јајникот како остро бодење оддеднаш ( болка не можам да наречам) се извадив од памет да ви кажам.. 5 недели и 2 дена сум инаку Може сето ова е нормално ама сум заборавила..
Јас сум спиела убаво ноќеска дали дека се напив магнезиум немав болки ептен слаби и сега имам малку луѓенца дај некој нека ми израчуна која недела сум се ми се измеша последна менструација имав на 05 06 Спојлер: Ќе пукнам знам дека ова не е соодветна тема ама морам да се олеснам тука сите знаат и за бременоста моја и за свекрва ми нека не ми се лутат модераторите уште овој пат само ми вика вчера свекрва ми оди закажи си царски и нека ти го извадат бебето дека не сум можела да трпам болки викам така се оди на царски после тоа и вика на јатрва ми ти ќе и помагаш сакала на 15 да оди во Србија на два дена, а мене терминот ми е на 12 март вика бебето ќе има 5 дена и не можам јас да ви ги чувам и јатрва ми и вика како можеш така јас ќе и помогнам ама друго е човек што има 2 деца да ти помогне викам ако беше за така кај татко ми ќе седев после 40 дена таму ќе одиме и вчера ми вика јас ќе го мачкам бебето со сало викам не може не сакам си има бекутан масло и нешто и реков не и ми вика и тебе и бебето ќе ве исфрлам како партал надвор викам не се сили многу и после тоа и викам јас ќе имам многу убав живот вика како? што ќе правиш? мене син ми ќе ми помогне викам јас си гледам за мојот живот, а за вас но ме интереса ако сака нека ти помага тој не се меша кај моите ни ја кај неговите и се заќуте