@***Bony*** ништо, дома сум, во понеделник пак цтг..имав некоја контракција до 83 идеше, ама ништо не е тоа, претходниот пат до 93 идеше и пак ништо А како иде тоа со контракциите, до колку може да иде до стотка ли или и повеќе? И сигурно треба се тие бројки да се, кај мене дојде до 80, 90 и пак ба 5 на 10 се враќа..
Ај да прашам и во оваа тема бидејќи е поактивна. Дали тие што ќе се пораѓате со закажан царски или сте се породиле го направивте брисот за стрептокока. Докторот што ќе ме пораѓа ништо не ми спомна, а јас заборавив да прашам.
Исто и кај мене во вторник кога бев . Достигна до 50/60 па пак се врати на 5,10 . Мислам дека тука и лажните ги регистрираат, со првото пред да се породам и тие од 50/60 болеа многу а сега не ги чувствував освен како стегање на матката
Мене докторката ми рече дека контракции се само оние кои ги чувствуваш. Ако не чувствуваш немаш. Тоа беше после цтг на мое прашање: имам контракции? Плус и на среде породување апаратот кај мене покажуваше контракции од 0 до 70, а јас раѓам Во принцип 80 се за отварање контракции, над 120 се породилни.
Стрептокока е за излез од породилен канал. Бидејќи си царски нема потреба бидејќи бебето не мине низ каналот.
Јас ќе се пораѓам во плодност Битола поради претходен царски и овој пат ќе бидам царски во договор со докторот
Е јас многу убаво се рашетав Само што се вратив дома и гледам минимална точка крв баш како со пенкало исцртана. Се избришав и немаше ништо. Се испаничив сега пак,зошто вака? Не знам дали да се акам по доктори сега
Да одиш,знам дека ништо нема да е ама сепак. Ти го прекинаа тебе утогестанот нели? Може пак да ти ги дадат. Но за раат да бидеш оди. И пиши
Женички пред десетина дена правев Торч тест и сега го очекувам резултатот да е готов, но нешто ме копка пред три дена бев на гости каде имаат куче и сега ме фати некое шубе, да не фатив нешто зошто беше до мене го галев, јадевме таму и сл, а тестот го направив пред контактот со кучево ..има место за грижа или да земам, од ново да го направам истиот тест или некое друго испитување?
Какво шубе,не е за куче него за мачка и тоа се препотачува да немаш контакт со измет на мачки прво тромесечие,мада луѓе и со маче и со куче има што живеат па после и бебенцата со нив заедно. Тоа не се мисли
Еве и јас да пријавам дека ми дадоа упат за торч, било препорака од поново време. За кучиња и мачки не се секирај штом немаш допир со измет од животните. Како што веке пишаа има трудници што живеат со милениче, и немаат проблем.
дада девојчето цела бременост беше со кучето еве и сега рипкаше околу бебето, но мене мислите уште кај не ми отидоа, страв у коски.... значи да не се плашам од куче дали може да фатам нешто, мн сме блиски со лугето сигурно цела бременост ќе се гледаме со нив, па да знам мирно да спијам
Јас имам мачор дома па на торч бев негативна. Многу ретко може да се добие бактеријата дури и од мачка, многу поверојатно е да се добие од не добро зготвено месо и сувомеснато или не добро измиено овошје. Мене така гинекологот ми објасни. Не се грижи.