@an4ii Јас не одам, не сакам. Свекрва и мајка ми исто не одат, шубе им било, си палат свеќа во црква само
Слободно нека оди. За време на овие 9 месеци за жал имавме повеќе од 5 смртни случаи во поблиска и подалечна фамилија, моите одеа, свекор ми и свекрва ми одеа, јас секако се потресував и си плачев дома, ама одбегнував да одам од причина што таму ќе бев под поголем емотивен стрес а и многу стоење на нозе е реално. Инаку кога одам во црква освен за живите за здравје, палам свеќа и за мртвите.
Мајками ќе оди на гробишта да запали свеќа не прават спомен ништо туку само онака ќе отиде да запали свеќа. Јас не одам секако местото е далеку неможам да патувам
@an4ii тоа се глупости. Кога дознав дека сум трудна прво ја пратив мајка ми на гроб кај татко ми “да му каже”, и да запали свеќа и од мене. Кога ќе дојдам за Македонија и сама ќе одам. Пред месец дена и вујко ми почина, и таму ќе одам. Мои биле, најдраги. Секој треба да си прави како што чувствува, во 21ви век ептен се претерува со суеверија. Туку сакам да прашам, во понеделник летам, имам неодложен состанок. Арно ама таму има епидемија на грип, а од аеродром до хотел ќе одам со автобус најверојатно. Освен маска што ќе носиме заедно со мм, како дополнително можам да се заштитам? Многу ме прпа од вируси
Па нема врска тоа.. јас имам разбрано дека ако има принова или свадба демек не било добро да се оди. Но ти ниту си породена ниту тазе свадба имаш правено така да остај жената нека си оди на гробишта и нека не ти е шубе... сепак секој си прави како што си сака...
тоа што мајка ти ќе оди нема врска со тебе. Нека си оди. Но имам слушнато дека бремена не чини да одиш на погреб. Јас кога почина дедо на маж ми сум била бремена 3ипол недели но нели рано е за да дознаам и така да појдов на погребот без да знам за бременоста но не присуствував баш на погребот туку само во куќата и си излегов надвор. Не бев тука ни кога го изнесуваа ги чував помалите деца,не бев ни при закопот исто сп децата бев. Појдов само во трпезаријата. За 6те недели не бев,веќе знаев дека сум бремена и шубе ми беше. Не оди ако мислиш дека не чини но мајка ти не е спорно,може да си оди.
леле да си жива ме изнасмеа ама сериозно понекогаш ми се дешава да сум ептен подуена во стомаков посебнп горниот дел. Од што ли може да биде? За дебела константно сум 58кг. Последно се мерев 60кг ми пиша сестрата. 14+5 сум. а изгледам ко 8ми месец да сум. Некогаш па станувам наутро рамна штица. Си викам нели бремена бев 3ти месец кај е сега бебето... Следна ден пак труп.
Женички во која недела почнавте со перење на облеката на малите? Од денес сум 35гн и денес повеќе од половина облека исправ да не е многу рано
нема "зијан" да си спремна со време. Штом влагаш во 9ти месец веќе не се знае кога може да родиш. Може првата ден од 9тиот месец,може недела после термин. Да не те фати да се породиш неспремна така мислејќи рано е. јас во првата бременост некаде од 6ти месец спремав облека а ја исправ месец дена пред термин. За секој случај. Сега да е до мене уште утре ќе се спремам ама за мене рано е ни полот не го знам за тебе не е воопшто рано
Кога ме побара мм бев на помен, кај близок, а таму сите роднини пријатели, па нив незгодно, мене незгодно, доаѓаат луѓе, ми честитаат, "знам дека не е прилика, ама честито". Кога останав трудна, не отидов на помен кај дедо ми од тие работи. Не можеш да ги контролираш луѓето што ќе кажат. А дека е глупо, глупо е. А си изразив желба и си отидов кај мајка ми сама со мм. (обично одам еднаш годишно, ич не можам да одам таму.) Несреќи се случуваат, душата жали кај и да си. Нема правила, како си се чувствувате така. Едит:Нешто од повеселите теми, сонувам за денот кога ќе легнам на стомак. Со глава во перница.
@drugarka околу спиењево да си прашам, 6+5 сум, од кога важат правила за спиење со оглед на тоа дека сега уште нема мешко? Јас не спијам баш на стомак,ама странично со една нога исправена,другата свиткана со колено (ама објаснив) и некогаш допирам со стомакот на душек
Јас ги средив алиштата на бебчо во почеток на 8 месец, исто кревет и лулка ги зедовме само не се монтирани, јас сакав да прашам од кога почнавте да се спремате Вие т.е вашите работи?
Јас спиев на стомак до 14-15 недела, немав стомак, имав перница и со свиткано колено и јас. Колку и да се трудев на страна, се будев на стомак. После ми порасна стомакот веќе го допирав и престанав. Има многу луѓе што спиеле на стомак додека можеле. Не советувам дека е правилно, тоа е само мое искуство. Почни да учиш на страна, ама не се јадосувај ако се разбудиш на стомак, рано е уште.
Јас сум 12 г.н. и уште спијам на стомак. Скроз на стомак, не на страна. Меше немам уште. Ме искараа па си го прашав гинекологот. Ми кажа дека се додека мене ми е удобно нема никаков проблем. Телото само ке покажело кога да престанам. Па, чекам да покаже Поздрав
Се некои страшни кошмари ме будат па неможам од страв да заспијам За спиењето на стомак спиев додека сама не почувствував дека веќе мешко ми смета.А штом се породам мислам дека уште во болница би легнала на стомак,најубаво ми е таквото спиење. А за перењето на алиштата од бебето официјално почнувам од денес 34+4 ( недела на ефтина струја,домаќица да будем де)
Јас имам и куче и мачка, од мачката се плашев, ја избегавам, ама таа кутра, само ќе седне покрај мене и преде, не се гали.... А кучето ми е љубов слаба сум на него.... Редовно е вакциниран и капен срцка ми е.... Не се плаши нема ништо не смее да те касне, изгреба и сл...