Бабини деветини.... Јас бев на гробот на татко ми, за именденот негов 7-8 ми месец..... Само што е стресно, те тревожи.... Ја нема таа сила која ќе ме запре да не одам.... Бев и пред свадбата, и тогаш бев бремена..... Баба ми почина пред една година, и годишнина и беше после нашата свадба, па бевме сите, инаку почина после нашата веридба.... Неизбежно беше па појдовме сите од дома.... Ништо нема.... Попот кога ќе те венчава не знаеш дали предходно бил на погреб.... И еден дедо владика ги искара бабите еднаш на една свадба, дека Бог е тој што ги дава и свадбата и крштевањето и погребот.... Сите се по неговата волја.... Црвен конец е паганизам
Јас ве чекам за нови симптоми да се пофалите или барем да ви најават дополнителна контрола над термин. Има наплив на нови трудници ( што ме радува ) и може да се почувствувате дека на крајов баш и никој нема да ве поддржува, зошто муабетот е прво и второ тромесечие. Јас така се почувствував затоа сум тука Паркерче не те оставам ич да не се секираш! Елена, Бела, Ивке и Ени ни се при крај со одбројување.
Кај мене чепот се топи од вчера , имам слаби минимални болки. Денес треба да идам до болница на преглед па ке видиме
Ја терам 40, термин за 5 дена. Синојќа цела ноќ стомакот ми се стврднуваше ама без болки, си заспав и сабајлево ко ништо да не било. Се спремам за ден во природа со скаричка со се, па ќе видиме Како си ти, како е Емили?
Ете така те учев. Скроз да се опуштиш кога сака тогаш нека испадне ич не го моли. Инат го фаќа. Добри, овде сончево преку 10от степен па ќе идеме на прошетка на воздух. Како ми се фаќа и мене скаричка со ракија мх мх ќе си пукнам. Ајде уште некој месец млекара и после кам бек
39 од денес,ми се пораѓа! Во вторник имам дури контора,стомак се стврдува нон стоп ама никакви други симптоми..ќе си се молиме до 40+ сигурно
Значи ние 3,4 што останавме скоро сите со исти симптоми и никако да се породиме ке биде оваа сите во ист ден
Добро утро и од мене, секој ден се порано станувам Денеска вика уште 11 дена до термин Баш мислев а и сакав цела бременост да не терам до термин Незнам више што да правам се утепав од досада. Не ми се нафаќа да фатам за ск на некое филмче само за кратки релации сум.. ке го чекам мм па да оди со мене кучево барем да го прошетам, страв ми е сама да појдам некаде Од симптоми имам само болки во кичма во лева страна, значи никакви добро и стврднат стомак ама тоа многу одамна Многу мали болки и поретки ниско во меше па не ги ни регистрирам. Вие како сте? Ајде чекам да пуштите нога па ја по вас
Добро утро мешиња. Денес мртва глдна. Од 8:30 од кога сум станата, 3 пати сум јадена. Ам каде е цел ден. Ние ја истуркавме 21 недела, од утре 22 и официално 6 месец
Вчера бев низ град со маж ми па до барот во кој често идеме и му викам веќе ми е срам да идам натака навака луѓето ќе се чудат како уште сум непороденаа стомакот ми се чини секој ден е се поголем.. Кај мене ноќеска ептен мирно, без никакви болки, утрово исто, без ни најмали знаци за породување, утре пак цтг и крај му нема...денес 4ти ден над термин
Чекај уште ќе се дуеш и шириш И јас така бев од 8ма недела подуена како балон, сега не сум подуена ама си се ширам, осеќам и знам дека ќе си бидам пак нормална за неколку месеци. Не се плашите од мртвите, плашете се и пазете се од живите. Така викаат и така е. Шубе е нормално да ти биде но не одиш ти така да шо има везе. Нека си почива човекот во мир ништо неможе да се деси не се секирај.
Добро утро мешиња Ма да веќе е добар ден ама така убаво се наспав што не ми се станува од кревет а ке морам, цел стомак ми крчи гладен е мора да ставам нешто детето ке ми го исплаши Како сте ми вие? Гледам сеуште само одбројуваме изгледа решиле бебињата да не зафркаваат може ладно им не им се излегува надвор ајде нека дојде веќе тој фамозен ден што поскоро кај сите што го чекате па потоа ние ке одбројуваме. И јас се надевев дека нема да терам со термин до крај ама како што читам малку потешко оди тоа ама здравје како треба така, само да сме сите добри Денот е убав може да се искористи јас се ставам во акција веднаш Убав ден на сите се читкаме покасно
Добро утро и убав ден на сите Вчера цел ден бевме турбо,удривме шопинг за бебе,на ручек,кафе мафе денот сончев прекрасен само за шетање...Нека грее веќе секој ден и да се стопли мислам позитива се полнам веднаш..мразам ладно,таа зима нешто посебно мачна ми дојде,едвај чекав да помине.. Денес од сабајле спремив пита,помина појадокот,напишавме домашно,па да земам низ дома да средам и зачистам,имам еден куп работа. Сите што сте при крај веќе ајде да се олесните конечно и да си уживкате со бебчињата веќе
Добра ден мешиња, Ова сончево време изгледа на сите позитивно ни влијае, се ближи пролет и запознавање со бебушка . @***Bony*** баш ми е мило што бебка се завртила, ете не треба да се секираш, ќе се среди и крвната слика. И кај мене е веќе завртена и спуштена доле со малку омекнато грло а рано ми е 33 недела само што ја почнав. Се надевам ќе издржиме до 36, овие недели ќе ги поминеме во лежење. Примив два дена флостерон за секој случај. На сите што сте блиску до термините, со лесно, за брзо да се олеснете и гушкате
Женски мене ме задржаа во болница , отворена бев само 2 прста а контракции покажува до 100 но јас не ги осеќав Ми удрија инекција апаурин знаете ли за што е ? Сега за сега имам болки при контракции кои се на 5 мин.
Фала срц. Сега за сега издржливи болки на 5 мин. И траат околу 30 секунди. Мислам дека се породилните болки , не се лажни