Здраво девојки, не знаев каде да пишам па се одлучив за тука... Ве молам помагајте ако сте имале сличен случај... Во петтиот месец од бременоста сум, пред секој ден го чистев умивалникот од купатилото со средство мислам cif беше, по некое време горната страна од двете раце ми се исуши, цела кожа ми се собра и премногу ми е груба да не речам како шмиргла..од секоја крема ми се сцрвуваат бетер дури и ми модреат.. ме фаќа паника, дали направив некоја беља..а сега викенд ме фати, не ми се чека до утре...
Апаурин е за смирување, ти кажаа нешто друго зошто ти ја даваат? Ти кажав дека си отворена, ајде за брзо ќе биде
Мешиња, колку е ризично чувањето на куче во бременоста? Порано си го чувавме внатре, ама веќе не, уште пред да дознаам за бременоста.. сега ни е надвор во куќарка, ама пуштено..бушавко е, мала раса..
Мала раса надвор во двор - ризично е. Ризично е може да рипне и со мајгери да ве затепа по тоа главите кои ги носите на рамена. Вие сте ризични за кучето кое треба да се чува дома оти мала раса многу тешко преживува надвор на поларни и топли температури. Сте го земале, пораснало и ви поминал меракот па сте го шутнале во двор. Не можеш да се заразиш од него, овде само оно може да се разболи од вас.
Ааа ти жено сабајле никави симптоми сега веќе почна да се отвараш...ме остави мене да си чекам со лесно ајде
Ајде за убаво само храбро Исто како и претходно. Сакам зачинета храна. Немаш беља направено не се секирај, ти се исушиле рацете од средството. Одбегавај го колку можеш, посебно без нараквици.
Hello мене ме пуштија дома цел ден лежам, со исклучок на тоа што се туширав,... Туку пред да се вратам дома имав рачен преглед, и сега пред спиење гледам како розев секрет, сте имале ли и вие ваков секрет по прегледи? Од денес 37ма издржавме една недела.....сега уште оваа да ја турнеме се надевам ... Сабајле беше цтг мирно.... Не знам што да очекувам вечерва со оглед на секретот.... барем уште една недела да турнеме до 38.....
Јас после секој вагинален преглед имав како розево. Само дента на прегледите ми беше така, следниот ден беше нормално
Жени аман дајте некој совет.Веќе со недели наназад штом легнам навечер да спијам стапалата ми горат и само претам во потрага по ладни места низ креветот кој впрочем нели веднаш се затоплуваат.Имам пробано да ги разладам под вода но пак ми горат.На допир не се топли а внатрешно како да ми се ставени врз жар.Без разлика дали цел ден сум лежела и одмарала или пак сум била активна и во движење навечер обавезно мо се јавува овој проблем.Дали некој од вас се има соочено со вакво чувство и што ви помогнало?
Јас сум секоја вечер иста па и преку ден на ова ладно јас постојано сум боса тоа го препишувам на хормоните сигурно е до нив склет ми е жешко па ладно почесто жешко и јас си барам ладни места кога легнувам и со ништо не се покривам а понекогаш знам и се да соблечам од мене само по мајчка и гајчички да си седам преку ден хормониии до плафон не се секирај не ништо страшно
Колку што имам читано тука секоја после таков преглед е исто како тебе ако не е обилно не би требало да е нешто лошо сигурно е од прегледот. А зошто сакаш уште една недела јас бап би сакала да е во 37 нормално ако се е во ред
Мешиња, сте биле на предавањата за трудници од Лулка и Систина? Дали вреди да се оди, и дали одат и татковците?