Два пати се пријавував и се нешто ми излегуваше и неможев да одам кажуваат дека се добри а и има доста татковци што одат, ако имате време одете ништо не се губе може само корисна инфо да се добие
Нема night shift вечерва на темава Ако тоа ме радува ,значи одмарате.Јас сум будна цела ноќ мислам,ме искина од болка желудникот си сварив чај од нане да видам дали ќе помогне нешто.Очи ми се лепат за спиење
Сум била и одам, тие од Лулка се многу подобри и покорисни, подолго траат, посодржајни се, додека тие во Систина се многу кратки. Инаку нема никаква потреба да одат татковците.
Ти благодарам мила за одговорот немам ништо сега...Моментално било ... Сакам баш уште една недела за да потпорасне бебка, така ми кажаа лекарите, а и сум со терапија за бактерија, да се излечи таа, да сум раат ќе биде кај и да е, тука е
@Elena ena се олесни ли? Се надевам веќе се гушкате со бебушот Јас инаку по добро преспиена ноќ, си пијам кафе и се мислам денес што да се прави и кај да се шетне за да се искористи сонцево Убав ден, сончев ден
Јас одам на предавањата за трудници во државна и искрено ок ми се, ми се гледаат корисни мада сигурно во тој момент на болки ќе го заборавам и ова што го научив До сега имавме два часа, вкупно се 4, на првиот ни раскажуваа за родилни времиња и процесот на природно породување, вториот час бевме по оддели, да се запознаеме со клиниката, каде што се наоѓа. Доаѓаат и мажи, ако сакаат да се повклучени во се што се случува зошто да не, нема штета мислам да слушнат информации плус
@YoursTruly а треба со ред да се фатат од почеток ? Се пријавува некаде или одиш само и толку П.с Најдов за пријавување мм мисли го д***м
Се пријавуваш телефонски да, и се договараш за ден и термин.. Сега мојата група почна пред две недели, одиме во вторник ама има и други групи што си одат други денови. Е само не знам дали може да се уфрлиш дополнително од кога ќе почнат предавањата или мора од почеток, не знам како се организирани.. а наредно предавање мислам дека ќе бидат некои вежби за дишење при отварање, демек како полесно да ги поднесеш болките и да си помогнеш во процесот.. Маж ми се смее дека ќе треба да дишат и они со нас
Добро утро мешиња Синока не спиев затоа сега киснам на работа многу е досадно па и песните од скај радио ме успиваат Вчера завршив доста работи за малата демек слободен ден недела ама изгледа толку од слободните денови денес имам уште толку, се надевам се ке завршам па потоа да одмарам и да ја чекам. Сеуште се мислам од кога да го земам одморот и ми се доаѓа и не ми се доаѓа на работа а дома сама пак повеќе ми е страв Како сте ми вие? Ена ни замина кој е следен @S.J.Parker ајде сега за тебе да броиме
Добро утро, добар ден труднички убави Откако сум трудна, многу често кивам. И веќе ме заболува стомак од напињање. 14+5 денеска. Веќе 2 дена не сум повратила Стапалава ужасно ме чешаат ми иде со заби да си ги откорнам Колку можам да се потпрам на полот на кој се сомневаат докторите до сеа? Јас на сите веќе кажав дека е момак оти по моја логика не може да заврти Па ме искараа дека можело... и сеа ми е малце глупо... Ко којзнае што да сум кажала.. заврти заврти, пак мое ќе си биде бе!!!!!
Добро утро и од мене, убаво си поспав освен во 3 кога скокнав со сечење десно долу паника ме фати ама одма помина. Не би требало, нив им ''штрчи'' Која недела си? Луѓе ме боли дали дали препони дали срамна коска, абе се долу ме боли кога се движам. Како раштрафена се осеќам.
Јас и ти сме тука со термин. Јас 15та од денес Иначе и мене прв пат на скрининг во 12 недела ми кажаа машко,па после уште еден доктор потврди,рекоа нема шанси нешто да се смени. Па и јас си кажав дека е момак Нема криење кај нив
Супер блиску женска, хај фаЈ Мене на контролата пред скрининг гинекологот ми рече дека се сомнева во машко и специјалистот на скринингот исто, ама ми рече не можам со сигурност да ти потврдам. Јас пак мислам ако веќе се сомневаат во маже тоа е тоа, значи виделе нешто, што не може да му падне во меѓувреме
Добро утро женски конечно се наспав во свој кревет покрај мм ми фалеше . ... Среќа се е во ред, со оглед на тоа како се исплашив синоќа @Yowannty мене 4ца лекари ми потврдија дека е женско, а минатата недела сите кои ќе ме видат ми велат : аааа ти машко носиш..... ми прават да се осеќам не убо.... А ние си се спремавме за женска што сака нека е само живо и здраво да се роди, се да е во ред ..
Ај да не броиме, термин по последна менструација ми е на 22, а не на 26, тогаш кога го пишав докторот ми кажа касно зачнато, па во 33-34 ме легна во кревет да сме догурале до 36, а јас 40 ја терам. Како и да е јас викам до Велигден ќе излезе Повеќе симптоми за раѓање имав во 36-37 него ли сега. Што инат ќе беше бебушкава