Добро утро девојки Јас сум станата уште пред 2 саата и уште не можам да се расонам. Ќерка ми ја испратив во школо и седнав кафе да пијам. Ноќта едно време се разбудив 4 саат беше , и око не можев да склопам , цревата ми кркореа за јадење и одвај сум заспала дури во 5ипол него да ве прашам вие што сте околу 6 недели , градите дали ви се потечени. Мене девојки вака не ми беа првата бременост. Имам еден прслук што ми беше голем и го закопчував на второ ниво , абе сега ме стегаа што да ви кажам , а градите ме болат кога го вадам офкам дури од болки. Ќерка ми ме зафркава, ми вика како пластична операција да имаш правено сега се мислам дали прслуци да купувам или ќе `спласнат` подоцна па џабе ќе ми стојат
Јас бев како тебе, првите недели ме болеа градите и потоа до 40та си останаа исти и си ги користев истите елечиња како и пред. Иако имам големи гради во бременоста поминав без зголемување и болки, само оние почетни. Почекај не купувај, може ќе ти се смират.
@Ladyyyy567* @***Bony*** еве ме иста, историја ми се гледаат деновите на работа туку, дали ви трнеат и отекуваат дланките и стапалата? Навечер па мислам најмногу..
Немам јас таков проблем досега..Грчеви поретко знаат да ме фатат и тоа на левата нога сум приметила,но најдов финта како да ја оптегнам ногата да не ме боли Моментално грбот и кичмата ми се најболна точка и се повеќе ме мачат и за движење,спиење,а и плус некои мисли ме тепаат овие денови...и сабајле сум ко зомби хронично ненаспана
Јас единствена промена во изглед имам само во градите и онака си имав мн сега уште од старт пораснаа тие прво, а слаба сум па можеш да замислиш, вчера приметив и стрии ми се појавиле, а каде е 9 месец еее, и мене ми се тврдички зошто и уште од претходно цисти имав и сега плус уште хормоните си влијаат ....абе радојка до папок
Иста ситуација и овде.Се жалев растат многу и толку ,пораснаа до 4ти таман у една убава 4ка и сега неможам да им се изнагледам и си останав со исти прслучиња. Ме радува што не сменија боја како што им се дешава на некои.
Не досега бар не сум осетила никакво трнење ниту пак отекување, имам само отечено меше хаха Поправена сум само во бутовите и мешето се друго е сучка уште сум испиена во лицето мислиш диета држам а јас од маса не станувам
Исто и мене прв симптом ми беа болни гради и ме болеа баш до 4 месец. Тогаш престанаа и еве 33 недела уште сум во исти градници. Зголемени и потемнети ми се брадавиците само, се спремаат да бидат цуцла
Мене од 5та до 14та некаде ми беа ко темпирана бомба. Напнати, болни. Немав некои големи гради, таман. Сега ми се соооовршени, мм вика ко силикони да имаш ставено ама мајка вика после доење ќе спаднат немало да бидат вака убави на изглед Него јас да си кажам. Мака мачам со кандидава од 12 недела еве 24 ќе ја почнам абе не поминува. Лактогин лејди пијам, кај матична сум за 10 дена па ќе видиме. Вчера на работа ме прашуваа до кога би одела ако се е океј и викам до 15 мај и после сакам да користам одморот, да не пропадне. Шефот ме загледа и рече ќе видиме. Тогаш влагам во 9ти па може нема цел да го користам, може бебе ќе испадне порано. Сега се нервирам да не не ми го дадат одморот... Имајте ибав ден женички, уживајте во
И да не ти го дадат одморот, ти ке си побараш боледување од матичен гинеколог до 15 дена даваат и свиркај си Батали шефови и газди.. Оти сама ако не си мислиш арно, никој др нема да мисли за тебе
Би требало дека може.. Пред породилното си вадиш боледување.. Пак распрашај се.. Јас сега ке барам 15дена да одморам малку неможам веќе а и не вервам дека би се вратила пак после тие 2 недели, ке гледам да поврзам некако со боледување од општ лекар.
Секако дека ке ти го дадат те следува и јас ке го користам сега на влез во 9 ти па ако не бидне до тогаш право на боледување ке одам а од него на трудничко. Биди упорна нека не се занесува шеф ти
Мене почна нешто доле одпозади па напред како една линија да ме сече и стегната можам да седам, а малку се опуштам одма ме боли зошто така? ви се има ли вас случено?
Како нема да ти дадат одмор?? Да си бараш.Јас со сметководство се договорив 15 дена одмор и 15 дена од матична ќе земам боловање па ќе отварам породилно.
Здраво Можда и некаде сте коментирале да не листам ќе може ли искуства да споделите кои ви беа првите симптоми кога останавте бремени, пред да направите тест? Фалааа од
@srekice @***Bony*** @flower55555 јас и сега би отворила боледување ама дека 70% од плата е, а со кредити сме па не се нафатувам никако. Инаку фала ќе гледам да земам одмор пошто ми следува, ако ептен не дадат ќе си отворам боледување. А работам во фирма со 400 вработени.. Срамота.
Исти како за добивање, едино болка во гради се разликува, ме болеа и кога се туширав од вода што ми паѓа Ај добро утро женички 38+5 уште нема ништо кај мене Утре сум на цтг, на контрола.. би ме чудило ако има нешто, сите очекуваат дека утре ке почне процесот ама бебе сака изгледа март да го фати Активни сме рано сабајле и јас и она богами, да се освестам па ке ја шетам малку на сонцево, овие 2,3 дена ни се погодија се утепавме од пешачење..
Осекав само тежина лошење гадење од храна како да не бев јас болки и крварање обележување имав после месец дена, многу рано дознав