Јас тоа сакав да прашам еве пример сега земам боледување и си го продолжувам од двете докторки наизменично до породилното, пак ке е 70% или се рачуна 90% тогаш?
Исти симптоми ко за добивање ,направив од ради реда не очекував после толку негативни да видам позитивен. @cinderella5 е да многу одбиваат.Јас од старт сум на патолошка и кратат стварно многу.Е сега јас разбрав вака ,ако сум разбрала ко што треба 28 дена пред термин се отвара трудничко,е пред тоа викам да си прекинам патолошка,па да користам одмор па 15 дена од матичен гинеколог.Е сега желби мои пусти се големи па ќе видиме
Нека кажи @***Bony*** ако знае, да си искористиме што повеќе можиме Таман ако е 90% и тебе ке ти одговара
Само да ви кажам дека кога ќе дојдете до тој датум на 28 дена пред термин, боледување од матичен гинеколог нема да можете да користите, туку автоматски ви го отвараат породилното. Одмори може да се користат. А за патолошка бременост 45 дена пред термин отвараат породилно. Јас сакав да земам така боледување, ама ништо. Одев до 36та недела на работа, па земав одмор една недела, и фактички од 37 го отворив породилното. Се си мислев ќе се породам ама јок. Еве 38 полни недели утре и не верувам дека ќе биде во скоро време.
@Happyinlove ти благодарам мила убаво е да си дома @cinderella5 јас бев една недела на боледување, па ме задржаа в болница ама постоеше шанса за породување и мм го отвори породилното отсуство, ми кажаа дека 28 дена пред термин се отвара ... Ми беше ризик за да чекам со не отворено породилно .. @koritsaki кај мене прв симптом на бременоста беше чисто лице и зголемување на градите исто и болни и жешки на допир.....секаде ослабнав, само гради имав ехееее до кај 4-5 месец ми се зголемија, а после само ми се болни на допир мнооогу се разочарав кога ми рекоа дека ќе ми се намалат  @Natasa87 бебка си зазема некоја позиција ништо не е страшно, кај мене те на лево те на десно се стврднува Убав ден денес турнав 37+3 бејби си е супер ... Вечерва на ЦТГ и ехо да ја видиме битно горе-долу се спремавме ... Убав ден убави мешиња
Првата бременост никакви дознав дури откако ми закасни мензис.Втората истенчен мирис и до тогаш мирисот што го користеше сопругот ми мирисаше убаво,а сега не,често мокрење навечер и преку ден.Третата чувстителни гради,менструалки моментални,често морење.Така беше кај мене.Секој индивидуално.Ти посакувам успех
@flower55555 Извини што почека додека да се доклачкам до дома од работа ми треба време Вака за боледување од она што јас знам е дека за 7 дена ти се платени 70%, над 7 до 15дена ти се платени 80%, 70% е за нега на стар човек или дете, 90% е патолошката а 100% е трудничкото. Со тоа што во тие 7 и 15 дена се бројат само работните денови значи ако си 7 дена дома ти се платени 70% за 5 дена исто и со 15 дена зависно од кога ти се почнати. Исто многу значи кога ти е отворено да немаш преклоп на месец за да не ти се одбива од двата тогаш и се преполовуваат деновите. За трудничко порано можело 45 ил 28 ден пред термин а денес може и од самиот ден на пораѓај, со тоа што до тогаш можеш да искористиш боледување од матичниот лекар за од гинеколог незнам дека неможело сега прочитав тука дека е така. За обично боледување матичен може 7 дена а гинеколог може 7 или 15 зависи од ситуација. Можеш напоредно да земиш од едниот па од другиот само да немаш ден пауза и тогаш ке ти се рачуна како едно ама ако земеш по 7 мораш да се вратиш ден два на работа па пак да земеш повторно, но секогаш ке ти бидат платени само 80% од деновите кои си на боледување Се надевам успеав некако да ти објаснам ако има нешто прашај Сега може и да ми го преместат мислењето не е тука се извинувам
@monka_bonbonka кај мене прв знак беше кафен исцедок само еден ден што е невообичаено за мене, си направив тест clear blue 5 дена пред да добијам и си добив 2-3 weeks pregnant одговор од него нез дали ги има во Мк ама се доста точни и ти кажуваат дури колку недели си. @koritsaki болни и зголемени гради уште од старт па се до 3,4 месец таму, си купив поголем број на прслук и терам уште со тие ,е сега не ми се воопшто болни на допир ама читам нормално е
Јас осеќав многу внатрешна нервоза, престанав да го јадам омиленото јадење, имав мн малку кафен исцедок и тоа ми беа првите знаци..
Значи фондот се зеза со нас .Јас сум на патолошка и ми плаќаат 70% само.Прошлиот ми сратија 6.200.Пљачка значи али тоа е .
После патолошко не може трудиничко да ти се отвори. Ќе мора да почнеш на работа или боледување 1 недела од општа матична .. барем мене така ми рекоа и матичната и специјалистот кој ме остави на патолошко... можеби тебе поразлично ќе ти кажат мене вака ме информираа... јас уште 2 месеци ќе продолжам на патолошко па ќе појдам неколку дена на раб па ќе земам боледување од општа матична па одмор од фирма пак ќе појадам на раб неколку дена и после тоа ќе си отворам трудничко
@beba@meba ќе се комбинира нешто здравје.Да гледаме само да можеме после да не ни се крати од породилното само да не го оставам уште на 7-8 месеци само
Е тој е најтешкиот дел, нема да можам да го оставам ни на 9 месеци а не па порано.. Незнам што ке се прави..
Кај мене две колешки уште на 7.5 месеци се вратија а тоа ќе ни се фати ако е 45 дена пред термин нели ? Тоа е рано , море ќе одам на работа за нешто ќе им се најдам ваљда.Ај ке видимеу консултација со докториве и сметководство паќе пишам.
Па така ке му дојди.. Ама не бе без потреба не земам порано породилно, туку со боледување да можеме да закрпиме некако Ќе се распрашам баш и јас убаво.
Вчера и денес бебо е пак мирен, незнам што е работава ме малтретира психички да ми се мотаат филмови. Среќа за 1 недела сум на преглед ќе видиме до каде сме. Си мрда така по малце и ретко. Инаку не ми се верува дека сум во 7ми месец, колку брзо помина Малку сум
Остај го нека си одмора Ти кажав кај мене 2 дена ке си е мирно, 3тиот по цел ден си трчка На работа одам и немам време да мислам многу инаку ко тебе ке бев 100%... Најди си занимација, шетајте со малиот и не му ја мисли многу, ајде барем ти си искусна Јас прворотка стасав до 29та полна недела фала му на господ се си е во ред и како се доближува времето до термин се повеќе сум таква Ајде ти опушти се и опуштај не нас шо незнаеме кај тераме и незнаеме шо не чека Те