ќе спласнат здравје ко ќе завршите со доењето. мене исто ми беа и во првата бременост и сега.Среќа па имам мали гради. инаку ќе ги барав доли кај папокот
мене пред терминот ми идат 2 недели колективен одмот пред тие сакам да си искористам одмор од 2 недели а пред нив вањда ќе можам една недела боледување ама од општ лекар ќе барам. Ќе ми дојде 4 недели пред термин да барам боледување а породилното да си го земам после колективниот одмор. Така ќе ми дојде 10 слободни месеци
Дај Боже, уште се надевам и јас, ама еве до утре една недела над термин сум, чепот испадна пред некој ден и пак ништо..од време навреме осеќав некои болки сега овие неколку дена ништо..искрено психички окапав..
Ај здраво и од мене. Прво на муабетот цицки,тие ми беа единствениот симптом дека сум бремена,и нормално тестот за бременост. Првите 3 месеци ме болеа и отекуваа до немај каде,како што пиша една членка на туширање од водата ме болеа,и после престанаа. Сега ми се само отечени,ама не ме болат, и приметив чим носам градник,жешки ми се ми чурат,па избегавам да носам. Друго,што се однесува на боледувањата и исплатата: боледување до 7 дена е 70%, до 15 дена е 80%, над 15 дена до месец е 90%, и овие боледувања до месец се на товар на работодавачот. Над месец си на товар на фонд и е 70% исплата. Ако си на патолошка, висината на износот за тие 70% се зима просек од претходните исплатени 12 нето плати. 100% се исплаќа само породилното,исто просек од претходни 12 нето плати. Законски тие што се на патолошка,мораат 45 дена пред краен термин да отворат породилно, а другите 28 дена пред краен термин. И за крај едно прашање: Дали сум луда,или можно е волку рано да почнам да ги осеќам бебките? Инаку од утре сум 16та недела? Извинете на долгиот пост.
Јас денес бев да го отворам породилното и ме гледа сестрата таму и ме прашува кога ти е термин, и викам на 22 за 3-4 дена, ме погледна и ми рече ама ние малку сме ти го утнале терминот изгледа, не ми изгледаш како да ќе раѓаш за брзо. Само ја погледнав и и реков здравје ќе видиме, а во себе си помислив не знам за крајниот ама дефинитивно утнавте кога рековте да издржам барем до 36
А со лошењево што да правиме? од денес сум 7ма недела, од вчера утрото почна да ми се лоши, ќе помине па пак ќе се појави, денес уште поинтензивно. Денес цел ден сум на Бејкролс, сега дури каснав малку пржени лепчиња,немам ни апетит
Нервозно е чекањето. Чепот и кај мене немаше врска. Она што можеш да правиш е хомеопатија да користиш јас добив за пиење на еден саат таблетки за побрзо да ме фатат болки и едно уље да проверам од што беше на 6 саати со тампон внатре. Дали помогна тоа не знам, важно пукна водењак барем. И сестрата ти вика што вака рано си дошла за породување? Па ти имаш време. А на 33та истата таа паѓа во несвест легни ќе се породиш утре! Само ова со тебе:
Станав по мочање, пак ме станаа болки како за во вц..седам во вц и нема ништо..сега ке се вратам пак да легнам ако не поминат до 5 ке ја будам свеки да одиме на цтг да не се фамозните болки
Добро утро мешиња мои јас пак со жалење да го почнам денов сношти пак повраќав ова мое бебе ме изнамачи.сега сум добра немам гадење ништо се спремам за на работа ама лицето ми е цело со црвени ситни точки како ќе одам сите ќе ме прашуваат што тие како ти е аман веќе можно е до деветти јас вака да си повраќам?еве ова беше четврта недела воопшто не повраќав а сношти еднаш само.и одма денес страв ми е да каснам како што си јадев се
Јас на почеток на бременост до кај 5ти месец лицево ми беше лом, што би кажале бабиве епа керка ти ја краде убавината нит третмани помагаа нит ништо.После ми се исчисти само од себе. Сега ми е чисто. А за повраќање може и цела бременост а може и ич да не повраќаш. Мене ми се само гадеше повраќав само 2 пати од нервоза. А и ден дененеска знае да ми дојде чувство на гадење..
Крв од носот т.е од двете ноздри ви се случило? Се боцнав фраксапарин по пола саат ми протече не нешто мн али течеше и сега ми е затнат и со крв чим го исчистам...притисок 126-65... за загрижување е или?
Ивке маа... Ајјј ова твое бебе се научи кога е Јовчевски во Охрид, и тогаш белја ти прајт напиј се чајче од нане, мене ми помагаше и бејкролс солени... Знам колку е исцрпувачки за никаде.... Грицкај и бадеми не печени, не солени ... Тоа помага... Ајде може нема да ти се вратат, можи само моментално било те Јас не се боцкам, ама цела бременост имам крварење од нос.... Едно време ми беше висок притисокот па мислеа од тоа ми е .. Сега сум под терапија, притисокот е океј а јас пак имам крвави чепови во носот, особено на сабајле.... Валјда е нормално... Види следи во текот на денот како ќе биде
Нормално е ова во бременоста и мене ми се дешава после боцкање а и без тоа е нормално бидејќи има зголемен проток на крв во организмот.Нормално е и секрет поголем да се има и да се затнува носот.