Ах бре Иве зар нема крај и јас многу пати сум рекла ова дете ме изнамачи, земи јади двопек нешто посуво или незнам што ти одговара најмногу. А за лицето не збори до вчера ми беше лом како во пубертет да бев тек сега гледам се чисте полека не се толку изразени се надевам дека ке се средат до крај Ајде нека поминува и едно о другото кај тебе поскоро те Доброутроооо мешиња Ајде кој е за млекце
Аман веќе не да ме докрајчни што ќе беше ова од денес 23 недела сум.убаво ми е сега и на работа си дојдов ама лицево ми е ужасно од повраќањето од напот изгледа капилари ми испукаа па катастрофа сум и очиве ми се крвави.то е мора да издржиме кога ќе се роди прво ќе го искарам колку ме изнамачи па после ќе го гушкам
Ооо колку пати сум рекла дека ке ја карам ама неверувам дека ке имам срце за тоа се и опростувам само да дојде и да ја мирискам и да ја гушкам, еве ја одма реагира и она се согласува душа мамина
Леле ужас, раат да не си секој ден нешто да се дешава...се пазев божем од вирусите секој ден по лекари ми тргна да одам ко за беља ...фала ви многу на искуствата, јас за бебињата се исплашив да не се случи нешто
Добро утро труднички Да кажам да не кажам, срам не срам ќе кажам и ќе прашам па карајте ме ако претерувам Од денот кога дознав дека сум трудна, некако инстиктивно многу заштитнички се поставив према стомаков. Значи не оставам мува да ми помине во близина, а камоли да ми слета на стомак, или маж кога спиеме, па се врти одма рацете дефензивно ги поставувам пред стомак да не ме удри недај боже Знаете дека имав тешки први месеци и никаде од дома не излегов, и еве вчера имав работа до министерство, не тргнав рака од стомак. Некако... така ми доаѓа.. ко некој да не ми го земе случајно.. Претерувам? Сигурно звучам ко опседната.. ни сама не можам да се разберам...
Еее не е за срам тоа си е тој инстинкт што го имаме заштитнички. Сите сме реагирале така особено на почеток. Јас до 15та недела некаде се додека не јадев бокс од внук ми. Тогаш сфатив колку и да се пазиш има некој што не пази. Заштитени си се немај гајле. Јас и со врата се имам удрено и за малце со пегла за алишта ќе си го изгорев .
бев кај матичната општа притисок 126 -65 она сметаше дека е од хепаринската терапија , а сега кај гинеколог 120-70 и она смета дека ми е од него зошто јас стандардно си имам 60-90 или сл.. ништо чудно од тоа да ми е и така осекам притисок позади кај вратот.. па ми рече да го пратам ако се качи може да треба терапија ..
Не претеруваш нормално е така да реагираш јас пак на почеток не бев така приврзана како сега, сега рацете ми се постојано на меше а дома кога одмарам знам да го откријам мешето и да го гледам како се движи како крева раце нозе па си погодувам што е мм мн често ме кара да го покријам а јас уживам да го гледам да го галам постојано
Се враќам од цтг, бебе успиено вечер пак да одам и јадена и пиена и расонета и пак успиено.. Постелка 2 степен зрелост, водењак цел, цтг мирно, отворена врв од прст или така наречено ИЧ. Термин за 8 дена
Нормален заштитнички мајчински инстинкт ,исто и кај мене.Посебно кога морам за нешто да се качам во автобус абе бутаат туркаат бог да чува значи се луѓето.Лактите секогаш ми се дигнати за мавање А да не зборам за по маркети и продавници со извинете ама стварно невоспитани мали деца кои трчаат и демолираат се околу нив.Абе тоа мајките мува не ги лази значи те гледа дека ќе те срушат а ти со стомак абе ни да им викнат ни ништо некни едни три во ДМ на каса абе ме срушија децана и на крај касиерката им свика а таа мајката ко муле некое гледа И мои другарки имаат деца ама кај го оставаш тука го наоѓаш бре
Рано ти е за терапија, јас добив зашто имав 145/85 притисок неколку дена.... Макар што сега се нормализира, ќе пијам терапија до крај за да не се покачи пак... Ако земаш и аспирин, консултирај се со лекар нека ти го исклучи... Тој често прави крварење...
Мамички кои се во 26та недела. Да ве прашам колку често ги чувствувате бебушите кога се движат и дали тоа е во некој воспоставен ритам или не? Јас носам две бебуши и од некни кога бев многу настината ми влезе ,,бубачка“ во мислите дека не се движат доволно и сега кревам панки и нон стоп го притресвам мешето да осетам одговор. Мажот ми само ми вика, остај ги децата на мира здрави прави се. Јас додуша немам осетено несто дека не се добри ниту некој ми рекол такво несто ама еве таму ме удри мислата. Искуства??
@***Bony*** исто и јас кога си лежам постојано си го галам мешето, и си го откривам, обожавам да го гледам како се испапчува. Нешто овие денови ме има фатено некоја нестрпливост, сакам времево да прелета и да си ја гушкам бебуша . Само читам во списокот што уште треба да завршам, што треба да се докупи. Од симптоми, да не се пожалам добра сум овие денови, немам некои болки. Акде мамички кои сте во исчекување, ве чекаме да се олеснете
Добар ден. 8+4 денес, веќе 2 недели гадење, киселини, ждригање, вртење, омалаксаност, проблеми со црева, а од вчера и болно грло и глупа температура 37,3. Ми доаѓа од кожа да си излезам. Утре сум на консултација на гинеколог, денес морам да направам листа што сѐ сакам од испитувања и плус да преведам важни работи од првата бременост затоа што имав некоја состојба со хемостазата и морав да ја контролирам во целата бременост. Овде (во Германија) не се тие стандардни тестови па сега морам да однесам извештаи и да објаснам што и како ми било. Немам енергија за ништо. Ми доаѓа да легнам во некое ќоше и да отспијам едно 2-3 месеци. Многу ми е лошо.
Со лесно да ти мине прво тромесечие, имаш уште малце. Само да те поправам: Овде во Германија се стандардни тестови кои во Македонија не се. А во цел свет се стандардизирани за бременост. Тргнувајќи од сипаници до сида. И колку е глупо што во Македонија нема мајчина книшка задолжително, вака во странство мора да ти се комплицира животот или да стасаш со цела кутија документација да се докажуваш кои тестови си ги минела, а кои не, кои проблеми си ги имала ( важни за втора бременост, итн). Ај ти од почеток ја водиш втората бременост во Германија има случаеви кои на некои 4/5 месеци ја продолжуваат бременоста овде без мајчина книшка. Гинеколозите се шокирани претпоставувам како е можно да нема официјален документ за водење на бременост
Оља мамички Ми падна телефон во манџа додека готвев, затоа ме немаше неколку дена Јас арна, бев некни на контрола бебчо е добро ама не е баш наместено со главата надолу, сте имале ваков случај? Ми земаа брис за стрептокока, ќе чекам резултати. Точно е дека овде во Германија се шокирени докторите како ние немаме мајчина книшка, во мојот случај се смејаа и како можело да ми наплаќаат за ехо, тоа било комично
Па не е баш така. Јас од мк немам мајчина книшка оти не беше облигаторна, ама цела бременост ми е хронолошки документирана со секое испитување, со извештај со наоди и терапии и мислења. Добро, бев на приватно, и плус сум самата контрол фрик. Но, не дека во Германија има повеќе стандардни тестови отколку во МК. Пример, приска е дополнително испитување, додека во МК е стандардно. Во мк ти следуваат повеќе ехо прегледи во споредба со тука (3). Ако има индикации прават и крвна слика со хемостаза и димери. Кај мене имаше, па затоа објаснив сега на гинекологот, па ми праќаа папката од мк за утре да ѝ објаснам што сум правела и каков потенцијален проблем имам. Хив тестот е на твое барање, сипаници (рубеола) сите прават и во мк - јас баш правев цел TORCH тест и за токсоплазмоза, рубеола, херпес симплекс и цитомегаловирус. А тука е тоа екстра ако сакаш. Сите доплери се екстра, а мислам во мк ти следува барем еден во последно тромесечие. Збунета сум уште, ама ќе видиме. Важно ми се да се објаснам за хемостазата дека треба да ми прават испитувања.