Болки имам ама не какви што треба за пораѓај.. не се оние фати пушти.. ке ме заболи де кичма де стомак од време на време ама не во одреден интервал, цтг не регистрира болки а и јас не осеќам.. ме боли кога клоца само ..и јас лежев цела бременост, сега во 9ти турбо терам ептен сум активна.. за постелка не знам..
Хомогена постелката значи без калцификати, сеуште е добра не созреана.... Кај мене е спремна, созреана, јас сум 37+4 од утре.. Чеп не ми падна, добив болки во 35 недела, со контракции регуларни од 40 се покачија на 80 и почнав да се отварам, па завршив во болница.... 36 недела ја прележав, сега 37 ја терам дома во движење.... Не знам што да правам самата со себе... Ми е тешко не можам да спијам да лежам, да се движам .. Се ме болит
Ја па немам никакви маки ни со движење ни со спиење хаха само што кога движам знам да се задишам за брзо време ама ми годи движењето. Дома почнав да чистам ама од утре активно фаќам се не се штедам веќе. А инаку за болки некна само ноќта ми беше здрвена половината ама кога стамав кога се раздвижив и тоа помина. Некогаш знае како притисок во вагината болка да се јави ама трае некој секунда и толку си мислев бебчето да не се спуштило ама ни тоа не било хаха. Значи затоа за постелката ми рече дека треба да биде со дупчиња на ехото да се гледаат а кај мене само две имаше а она рече дека цела треба да биде таква за да биде созреана значи тоа било хомогена хаха фала ти. Ќе си почекаме кога ќе сакаат бебињата тогаш ќе дојдат една ден ќе мораат хаха само со лесно да минеме
Јас да ти кажам ги тетовирав и веѓите, праев порцелански заби, бев на ласер за белење на забите па еве здраво и право ми е бебево
Не верувам да смета,јас со првото дете во 4-5 месец кога е чак поризично сум примала и антибиотик и анестезија,па се беше во ред.
Па што не кажуваш девојче.Јас се туткам не одам на корекција на веѓи викам не чини а и матичната не знаеше што да ми одговори,значи нема гајле .Тнх
Добро утро Најава за мекици ќе имаме денеска? одамна немаме испрженоама битно е тоа што се врајќаме во нормала за почитување редови. Јас неможам да кажа дека сум одлично многу се тревожам за ситници,само се карам не се трпам више во право е мм негативец сум невиден направена,ни он неможе да ме трпи,но посилно е од мене само се мрсулавам се мразам што сум ваква. Затоа денес ќе си излезам сама и ќе си купувам алишта за бебе,ќе се расположам знам
Добро женски..што јадете кога ви се лоши? Цел ден ми се гади,повраќам и мм земи јади нешто те молам мисли на бебето...а мене уста не ми се отвара дали да пијам еден чај од нане?
Мора сама да најдеш што ти одговара, обично се препорачува нешто суво како на пр.двопек, тостирано лебче, маслинки, крекери и некои такви ствари..може и краставица, кисело млеко..а избегавај благи работи.
Нешто со јогурт обично ме освежува. Ама после џабе е, пак ми се гади. Убаво е тост, двопек, ама мене од тоа после одма киселини ми се прават.
Ист проблем имам веке месец дена, ми прифаќа организмот само леб, павлака, к.млеко, абц, плазма, соленки, тестенини, палента, јогурт, компир, ориз отприлика тоа...месо, јајца, риба црева истурам од сама помисла до кога вака којзнае
Јас вчера едвај една кришка со павлака и краставица, и тоа без корка лепчето. Сега за ручек правам полнети пиперки ,само од мирисот ми се лоши како ли ќе отворам уста да јадам
Од самата помисла на благо ми се лоши. Прееска се исповратив,омалаксав и се напив една чаша кока кола, знам не смее газирано,ама...
јас исто ко тебе пред десетина дена ставив да правам сарма прво со извинение од старт на правење истурив црева па без проблем продолжив да го готвам и јадам која недела беше ти?
Абе кај сте ограничени па уште се и пазите за јадење и пиење Јас што пијам кока кола од почеток до крај и тоа форсирано од страна на доктор што ради притисок,шеќер, што ради размрдување на бебе моето дете што ке бидне помалку од вашите што не сте ги труеле со газирано во бременост
Кока колата заради нивото на шеќер секако не е препорачлива да се конзумира без разлика дали си бремена или не. Јас во темава претходно читав мислења дека општо газирани пијалоци не се препорачливи во бременост. Софија 88 7ма недела сум. Не знам дали е поврзано со генетика,мајка ми кога била бремена само првите 2 месеца имала гадење. Јас се плашам ,има случаеви до 9ти месец си повраќале...