Мене само кока кола ми е спас после повраќање, ме дига пак и ме освежува. Морам инаку ќе дехудрирам...
мислам дека не е, баш со мајка ми зборев вика ни јас ни никој од наша фамилија немал такви тегоби ни па било какви вика болки, чудно дури им е кога ќе им речам...Инаку и јас се плашам да не сум од тие што до 9 месец ќе одбивам храна, наводно набрзо ке поминело али јас никако не гледам дека ми е поарно со храната
И јас пијам кока кола по малце кога ми е многу лошо. Демек зеро - без шеќер. Нема шеќер ама што знам што друго има ко замени. Болките ми се ко напад на жолчка. Чекам паузи да им поминат па да закажувам итно термин.
Девојки рано ви е уште. @Софија 88 , @Sofi.ja, нормално е да ви се лоши и да повраќате. Преку ноќ ќе ви се смени се, ќе помине и ќе ви се појави желба за храна и зголемен апетит. Знам дека не е лесно но мора да се издржи, ќе помине. Мене кога ми престана гадењето и повраќањето некаде 14-15 недела ми беше страв уште една-две недели да јадам убаво за да не ме снајде повторно. Фала богу престана тогаш и не се врати повторно. Благо почнав тек пред некој месец да јадам, не сакав да го смислам. Гледајте внесувајте го тоа што не ви ствара толку гадење и брзо ќе помине времето .
Добро постои ли негде некое научно истражување каде што трудници во текот на 9 месеци биле подложени на тестирање на конкретно некој пијалок ,храна и после породување детето имало некој проблем и заклучокот бил дека е од тоа што го конзумирала во текот на бременоста? Што ви е луѓе,дај релакс.Што ви трпи душа тоа јадете и пијте но со усул нели.Думајте му ја кога ќе ги родиме да гледаме да јадат домашно спремено јадења и кашички а не купечки.А сега уживајте во бременоста,не си ги мачете мозочињата
Џоткај ич не му ја мисли ама не претерувај Јас се убив од вода пиење, само тоа ме заситува од жед. И сакам негазирани сокови, од кока кола ми се лоши уште од почеток незнам зошто. А швепс би џотнала и јас сеа
Се надевам мила јас веке месец дена се мачам, а 13 недела сум...се си мислев дека ќе помине до сега али исто како и претходно ми е
Имаше се моташе по фб пред некоја година за една цура што девет месеци јадела само банани и ништо друго.Па здраво право дете родила. А оние што незнаеле до 5ти месец дека се трудни,па јаделе ,пиеле ,пушеле па пак здрави прави деца.