Можеби и беше така нешто Ама беше само малце и откако се избришав не потече пак така да не верувам дека е водењакот. И болки, освен како притисок доле кај матката, немам. А и рано ми е посекако, така да... Јас цврсто решена ќе чекам до последниот момент, ќе го одложувам колку што е можно одење во болница, додека контракциите не дојдат до на 5-10мин Е сега ако има потреба да се оди порано сигурно нема да се правам будала. butterfly.mk И јас пијам само по едно. Мислам дека тоа е доволно. Само кога имав јаки грчеви во нозете докторката ми рече да пијам по две. А за трпнењето во рацете и јас го имам ама не мислам дека е од што не земам доволно магнезиум.
И јас сум ист случај, не е водењакот, мене докторот ми рече дека се непотребни материи, нешто бело прање, нешто мокрача. Тоа постоело низ цела бременост, само што во последните месеци било по впечатливо. Доколку не те боли додека ти истекува не било опасно.
Батерфлај, јас цело време пијам магнезиум од Зегин кој се продава и како рефус апчиња. 250 мг. е едно и чини 4 денари. Ако ти е од некаква помош, а и со лесно да ти помине грипот, идат убави денови.
да бев од Ск ке ми се најдеше и тоа како ама тука во Тетово нема аптека од зегин,ама како и да е при крај сум со бременоста ке издржиме машки. Инаку фала на информација
Butterfly фала ти многу, ти сигурно добро можеш да ме разбереш бидејќи и мене,како тебе, досега нитуеден ден не ми минува без плачки и нервози, и тоа невидени нервози, многу почнав да се загрижувам дане му се случи нешто на бебчо. Цел ден си викам,што и да се случи нема да се нервирам, нема да се замарам, поради бебчо.. ама откога ќе ми преречат или ќе се случи нешто пак одново се нервирам, многу сум чувствителна,поготово овој период мислам на работ на нервите сум Agrona ми го разубаве денот, ми фалат позитивни зборови, позитивни луѓе, позитивни моменти.. кога ќе излезам од дома дали со пријателка или со мм,или дури и сама да прошетам,кога ќе видам сонце и убав ден, луѓе,река, жолти испопаѓани ливчиња одма се препородувам и си мислам дека има толку многу убави работи и не смеам толку да се загрижувам за ситници, ама откако ќе си дојдам дома,пак одново... Ајде во мај ќе ми испадне бебушко па ќе ми биде најголемата радост и веќе нема да се грижам толку,само него ќе си го гушкам..а и ќе немам време за грижење и за ништо Поздрав мамички
И мене ми се случи истото во 36 недела ,си реков штом не се повтори ништо не е , по една недела повторно... И кога конечно во завршена 38 ма пак,и пак и пак на секое движење на половина час и после 4 саати почнав да си се спремам за во болница,го викнав мм и отидовме Ме задржаа за високо пукнат водењак,сепак си имаше вода за бебко но останав поради тахикардично цтг и се породив наредниот ден царски ,зошто не се отварав Не занемарувајте било што сумливо Тоа не значи да трчате во болница Еве појди до кај матитчната нека види на ехо дали е тоа или не Ако е тоа ќе треба мнооогу да лежиш и одмараш да не ти се случи моето Јас да знаев место да чистам и кревам како луда,ќе се прчев,сигурно ќе истерав и 39 недела
Јас ноќеска имав ужасни болки во грбот, цела ноќ не спиев, сабајле едвај околу 7 саат сум заспала-ни на факултет не отидов. Фала му на бога еве сега сум малку подобра.
Нова, јас пред некој ден бев да прашам во Зегин за магнезиум. Бидејќи шумливите ми се одвратни, сакав да земам таблети. Аптекарката ми кажа дека има едни кои се продаваат на парче, ама дека истите не се за трудници (провери и распрашај се убаво за апчињава кои ги пиеш да не се истите) Јас земав магнезиум во гранули од 300 (Магнезиум директ) воопшто не се гадни, се истураат зрнцата во уста, за неколку секунди се топат и тоа е тоа. 170 денари се 20 кесички (како шеќерчиња за кафе) Не мораш да го земаш секој ден, јас два дена земам, еден правам пауза.
добар ден мешковци јас само што се вратив од цтг и докторот рече вечер пак да отидеме за цтг дали тоа значи дека е веке време да се породам инаку терминот ни беше на 19ти. Позз имајте убав ден
а имаш некакви болки ? прашувам зашо и ја ептен ситно бројам а иначе штом те вика на ЦТГ повторно толку набрзина значи нешто мириса на бебљак
Мешковци како сте?? Јас само што се вратив од цтг, се е во ред со бебето во сабота пак треба да одам. Се надевам дека до крајов на неделава ќе се јадат мекици
Фала ти. Иако од памет се извадив, јас ги пијам истите уште од 6-та недела ... а ниедна досега не ми споменала ништо. Веќе сум и голема и ме гледаат кога купувам. Ќе ги сменам уште веднаш, ако досега не направиле штета.
Нова, какви се таблетите што ги пиеш? Јас секогаш прашувам. Прво пиев Natural Wealth а сега едни други во бело пластично шише, и тие и тие се добри за трудници. А магнезиум директ пиев на почеток, како степ лајт Ми се свигаше што не се апчиња и има вкус на портокал. Ама скапо ми дојде кога требаше по две на ден. Така за 2 недели трошев колку што сега трошам за 2-3 месеци.
Јас Магнезиум од Natural Wealth купив пред некој ден има 100 таблети по 2 на ден за скоро 2 месеца има и не се многу скапи 400 ден мислам.
Да, да и јас ги пијам овие. Ок се. Се чудам уствари кои се тие што не се препорачуваат за трудници Можеби освен магнезиум имаат и нешто друго во нив па затоа
Можеби и тоа е причината, јас побарав магнезиум за трудници и уште од првиот пат овие ми ги дадоа. Од вас овде разбрав дека постои и како прашок. Барем се полниме со информации вака.
Девојки само да ве поздравам и да ви кажам дека редовно ве читам....амааа некако не ми се пишува Инаку ние сме си добри,балерината наша само си клоца,се врти и превртува...едноставно ужива Мешко си расте...и искрено пу пу да не се заречам не сум многу голема,за разлика од првата бременост...со син ми бев оооогромна Во поскоро време немаме контрола,но здравје ќе дојде и таа кога пак ќе си ја видам душата моја.Ќе си работиме уште нареден месец па од нова година ќе си бидеме дома и ќе почнеме полека полека да се спремаме иако сум нестрплива и знам дека уште од сега ќе почнам со купување за бебушка... Така....не знам што друго да ви кажам...само да ве поздравам