@Софија 88 @Sofi.ja то е то милички мора да помине колку само да ве утешам од 5 до 19 недела страшно повраќање и гадење по цел ден четири пати бев и на болница со инфузии на крајот веќе ме задржаа бев тотално дехидрирана 72 часа без прекин повраќање ама еве помина.пред два дена пак повратив ама еднаш може само моментално ми беше.за јадење да ми јадете само тоа што ви прифаќа желудникот лесна и ладна храна и обавезно течности да не дехидрирате како мене.да си имате лесна бременост и двете ве
Како се броеја движењата на бебето во 9ти месец? Јас мислам 10 движења во рок од 12 саати, а маж ми вика он ја разбрал докторката дека 10 движења во 1 саат треба да се избројат?
God bless coke !!! Првата недела кога дознав дека сум трудна, јадев се по препорака од доктор. Амаааа... шит хепнс, па почнаа мачнините и гадењата, па јадев само тоа што можев и кока кола уште ми е составен дел од исхрана 2 пати неделно сигурно, по потреба и почесто. Киселини ми се чини и од воздух имам. Само зелено јаболче ме спасува и тоа овде прочитав некоја девојка за истото и да и се позлатат рацете што го напиша и сподели тоа на темава. Чат пат јадам и едни чоколатца, што во нормални услови не би ги ни помирисала. Такви се чудни ко гума да џвакаш, ужас. Ама некогаш после повраќање ете тоа ми смирува ружно чувство во грлово. Докторот инсистира да јадам пилешко.. е тоа уште не можам.
Од хронично повраќачките како мене што биле, и од гадниот мирис,вкус нез како да го наречам во уста како се спасивте. Јас не повракам сега фала богу но мака имам со тоа, после секое јадење ми е неубаво на душата. Насабајле посебно неможам да почекам да се расонам, штом отворам очи и не станам одма да се мијам мислам погадно неможе да ми биде ме тера на повракање. Ако знаете лек супер... не ми кажувај само мастики и бомбони заш сите до едни ми се пробани, значи тоа не валја
Истото и јас сакав да го кажам Јас лично потонав во кока кола. Дека лето ме фати и цело време си паѓав, само тоа ме дигаше, на кока кола живеев. Сега не ја сакам по дома ама ме тераат докториве за цтг да се напијам пред да идам, а да ми смета не ми смета.
Ќе биде @Софија 88 , уште малку и ќе престанат гадењата. Само бебушки нека си растат здрави, прави, се ќе се издржи
Добар ден мешиња Еве ме и мене конечно наспана после вчерашното патешествие Читам пишувате за кока кола Јас искрено имав реакции од моте немој ова немој она ама јас си јадев и си пиев се што ке ми посакаше душата, избегнував газирано може само на почеток а потоа се давев во пепси миринда хаха ако требаше и скришум си пиев ама важно си пиев тоа што си сакав и еве не добри сме гураме уште едино што престанав во бременоста е кисело млеко затоа што на почеток имав страшни тегоби од него и сега ми е страв да пробам ама се може и без него јадете пијте она што ви бара душата и она што ви одговара и ич уво да не ви чуе кој што кажал
Здрасти Каков сон сум имала сабајле тоа чудо, еден плак шо удрив, сонував како мм се вратил на бившата и живеал со неа и ги гледал вонбрачните деца, а мене и бебето не не сакал, му го кажав сонот на него и цел ден ме зеза за тоа ја па будала ќе плачам за неа, ја сум пофина и поубава, кога ја видов прв пат на една свадба сега у Октомври, со тангата настегана на едни бели целосни панталони, како вештица ми беше, и долга црна коса, си викам аман мори глеј ме многу ми е гајле, мене сите ме сакат хахахх Денеска бев на контрола, бебчо е 2400гр, ми мавна на екранот, се стопив Утре сум пак на термин, докторите у Мк ми дале дијагноза, врз основа на ништо, ќе треба тша најбрзо да се среди, да не ме фари некој пораѓај у тренутку, ама нека седи уште една недела кај мене
јас до 10та - 11та недела повраќав лошо ми беше едвај издржував. Таман реков помина (а и стварно немав маки) еве сега 15 та недела одвреме навреме ми се прилошува пак ама малку,по долго време синоќа пак повратив. Ама тоа е. Само да не е често.
да си се исповедам и мене нека ми се смеат не само тебе. во првата бременост исто рака на стомак. Легнувам и го "гушнувам" стомакот,божем бебето враце ми е до сабајле сум стоела така со раката. а и сега така одвреме навреме ко ќе ми текне дека сум бремена а навечер исто.
нормално е од хормони е но не е лошо да си посетиш дерматолог и да ти даде нешто за употреба. Чисто за превентива.
мене баш газираните пијалоци ме спасија до 10та недела да "си ги спасам цревата и желудникот" многу ми се лошеше и повраќав. На работа газирано бомбони соленки и мастики носев. Од тоа живеев цели 10 недели. требало или не требало јас друго чаре немав