Добро утро девојки,денес 35+2 ние веќе почнуваме да го чекаме и замислуваме денот на пристигнувањето на нашата трета среќичка сите сме нестрпливи Подготовките се во тек и со полна пареа,ни останаа уште ситници,но и тие брзо ќе ги средиме. Бебо е многу активен,клоца удира на сите можни страни,дори и болни боксови добивам што ме тераат буквално да потскокнам од болка си велам како е можно толку малечко човече да има толку многу сила
Со лесно душо! И нас ни е трето детенце. после долга разлика со големите. Само ти си многу пред мене јас не сум ни до пола. Сега сум 16+5 а каде се 40 недели . Цело лето бремена
Добро утро мамички, добро утро мешковци само да Ве поздравам и посакам убав ден иако е тмурен.. но и да Ве прашам дали е нормално да се будиме со трнење на рацете.. јас веќе една недела се будам така.. рацете ми се камен ладни ги осеќам како отечени и не можам да ги мрдам прстите.. како здрвени ми се... откако ќе станам полека ми се враќа се во нормала и цел ден немам проблем... ма сето тоа е ваљда од трнењето. Прочитав некаде дека во бременост постои такво нешто но сепак сакам Ваше мислење или искуство за ова ?!
А беше на лекар за ова? Мислам дека треба да идеш на лекар као да сум читала овде од феминките дека ова може да се знаци на преклампсија и се јавуваат после 20та недела.Иди си на лекар да ти биде мирна главата.
Консултирај се и со доктор мила, али мене тоа ми се случувало пред бременост, од лошо спиење нема циркулација раката, а и плус ако имаш проблем со вратни и кичмени пршлени се е можно...во бременоста со ова нели се си имаме мака па може да е поврзано се ...али сепак прашај си што е сигурно, сигурно
Отоците се нормални, но во трето тромесечје, иако незначи дека не можат да се појават порано. Јас со првото имав така како што опиша но пред крај. Мој совет пиј мноооогу вода. Помага
Додека беше сонце бев за никаде со плачки,се наоблачи подобра сум,значи нопак дефинитовно сум Бебе два дена е скроз активно,два дена рилекс си одмара,мислам дека кога сум многу напната и нервоза не е толку активно. 28+4 сум и има денови мрда малце над папок,а има денови како вчера и денес доле го чуствувам ниско. Па баш се замислив когс ќе прочитам дека шибаат во ребра си викам моево си остана доле. Убав викенд да имате сите до една,а на тие што со нетрпение го очекуваат моментот,да си поминат со лесно и убаво
Здраво, дали некој имал искуство со полип на грло матка во бременост. Случајно ми открија при земање брис за микробиологија. Др.вика сега ништо со него, да се одстрани при пораѓај. Ама ај остни смирен де...
Девојки возбуда ме фаќа, одма летаат месеци, денови, кратко време остана со запознавање на бебушко. Не сум ни свесна кога поминаа месециве.
Минимум 2 камчиња по 1 см забележани на ехо. Ама демек не ми било од тоа болката. Или ако била, била асимптоматска болка од формирање на камења - особено во бременост. Pregnancy increases the risk of gallstone formation due to estrogen, which increases cholesterol synthesis, and progesterone, which decreases gallbladder motility. Ама да не се секирам, ќе се пратело. И не би требало да ми прави проблем. Аман веќе од цело лошење и глупости. Вторава бременост ми е многу потешка од првата. Се надевам имам таква слика заради лошењево. Уште имам надеж дека ќе сум трудница полна енергија, а не врзана за кревет и нервозна и омалаксана.
Не сум била со надеж дека е само од умор но веќе една недела е вака така да ќе морам да фатам патот и правец кај докторот До сега сум немала никаков проблем, ни кога не бев бремена ни кога останав.. сега се појави тоа... овој период .. дали веќе сум по осетлива на сé бидејќи за некој ден влегувам во 6 месец.. сепак консултација со лекар не ми бега .. фала ти мила Јас за некој ден ќе влезам во 6 месец... преку ден немам никакви проблеми.. си функционирам најнормално но проблемот се јавува наутро кога се будам.. скоро цела недела се будам со трнење на рацете и онака ги осеќам ко отечени.. станувам и тоа престанува.. ќе појдам на лекар да видам што е раб .. фала на советот и тоа ќе пробам
Еве јас скрос различно, бебка ја осеќам кај ребра, таму се испапчува најмногу, а ми рекоа дека е спуштена во мала карлица . Стварно ми е многу чудно и тоа што плус не одам често во тоалет и не чувствувам притисок долу. Така да не се секирај, многу е битно и како е наместено дали со главчето надолу или карлично, па каде мава со ножињата и рачињата.
Јас уше 2 дена влегувам 9 ти месец..Бебушка овие 2 дена кога ќе заритка,не ребра не бешика не знам веќе кај маваАма убаво ми е да си ја осеќам,знам дека е се во ред..Туку нешто се двоумам за царски,иако ми сугерираат нормално ми фуфка на моменти,не знам кој Др ќе ми се погоди..до вчера бев залетена за природно сега почнувам да се мислам
Ајде вие две ситно броите. Чекаме вести секој момент. Леле пак мене ми е цела вечност. Блазе тебе што брзо ти минуваат месеците.
Јас мислам сега си се крева над папок секоја недела се повејќе,но јас доле во бешика чуствувам притисок последно газето тука му беше. За во wc со оглед да тоа дека пијам вода по 2л денски често одам,а навечер сега не станувам. Ама многу се радувам кога ќе го почуствувам
Помина цтг и контрола денес. Мило ми е што бебе е одлично, ама бе нема абер за излегување. Цтг од мирно, помирно. Ни една е*ена контракција, а јас сум при крај со нерви. Многу се надевав дека ќе ми речат дека останувам да се пораѓам, дури и торбицата си ја ставив во кола. Контрола за една недела. Па уште ме теши докторов дека може да ме фатат болки, обично навечер бивало. Ок, фала многу.
Да не знае некоја број или ординација во Валандово каде се правело 5д или 4д незнам точно,и како сте задоволни од Органџиски во Штип за 5д или Ремедика е подобро?