Хаха, јас до сега не сум користела вагинални први ми беа овие Гино дактарин...а имав слушано од други некои предизвикувале печење затоа прашав. Оно сепак секој различно.
Јас ги користев овие полигинакс, искрено не ми помогнаа, јас цела бременост сум со бело прање/исцедок и цело време сум со секојдневни улошки, еден гинеколог беше кажал дека џабе колку и да се миеш, хигиена да водиш тој исцедок го заштитувал и плодот и вагината.
@Leo-nora @Nenna97 Секоја жена има бело прање, се додека не прави иритација црвенило чешање пецкање е нормално и треба да го има, така се чисти вагината од бактерии, инаку би била вагината сува и не ми изгледа баш пријатно са би било нормално да е сува. Во случај како кај лео-нора бело прање не е чисто има инфекција т.е кандида.. не би да те плашам ама многу тешко се лечи кандида.. и доколку користип вагиналети треба да се лечи и партнерот за да не би се пренесувала бидејќи автоматски преку односи ја има и он. Јас ја излечив после бременост со 10 влошки од тианде а мм користеше паралелно маст.( никакви вагиналети не ми помогнаа)
Да,да мене ми помогнаа полигинаксот за кандида.Сега немам никаков исцедок ,освен чат пат оној проѕирниот што го имав во период на овулација Кандида на последниот брис ја немав а ќе видам наредна недела на контрола сум пак. Иначе и јас ги користев тие на тианде влошки и мене ништо не ми помогнаа само фрлив пари а ми мирисаше вагината на чај
@Leo-nora @Nenna97 јас имав кандида на почеток на бременоста, ми даде матичната Микорил 3 вагиналети и после тоа ме премачка со Генцијан виолет воден раствор и ми се среди.... Сега во 34-35 недела правев брисеви беа негативни, за 2-3 дена ми се јави исцедок жолт без мирис. Кога ми правеа пак брис излезе некоја инфекција, ме депримира ептен.. . И јас пазам на храна, хигиена, немаме односи 2-3 месеци а пак инфекција. Докторката ми рече дека е нормално да има исцедок така се заштитува плодот, а сега за инфекцијата, не сум виновна јас туку самиот организам е склон кон тоа... Земав вагиналети Полигинакс и Антибиотик, сега во понеделник треба да правам нови брисеви...
Како бе и јас употребив 12 дена полигинакс и 3 дена немав ништо бело ама после 3 дена ми се појави некој жолт исцедок без мирис, ни чешење имам ниту нешто ми пречи ама овој исцедок го имам повеќе од месец дена на никој и немам кажено мислев нормално е ниту на матичната, што да правам мислење, и така сега матичната ке ми биде отсутна месец дена а брисевите ги имам правено на 19 недела и веќе не, а сега сум 30+4, има некој опасност за бебето од овој исцедок, имам контрола на 7 марс кај Ливринова да чекам до тогаш или да одам приватно некаде. Поздрав
Кај мене се јави Enterococcus sp. Од дебело црево се населила вагинално... Ми кажаа дека за бебка нема гајле, ама пак предизвикува контракции и предвремено породување....
Не знаев и јас дека ја има.... Ама сега немам исцедок два дена сум без терапија океј е.... Ќе видиме во понеделник... Нема на што, што знам ќе пренесам
претходно не ама во оваа бременост и мене ми трнат рацете додека спијам. Не двете истовремено. Ако лошо сум ја свиткала раката додека сум спиела или ако сум лежела на неа почнува да трни и ме буди. Ја исправам се масирам барам некоја положба и повторно заспивам. Исто трнењето се јавува поради лоша циркулација но во нашиов случај мислам дека е првото.