Секако дека е. Се надеваме сите на темава дека е од вагиналните и не е плодова вода во прашање во случајов. Иначе нема правила бременоста секој е посебна приказна.
Одлучив да почекам до утре. Сепак тоа беше како наеднаш за 2мин поголема количина и од тогаш гледам ептен минимално на бришење имам исто како водичка, може да се повлече, а ако продолжи и утре до кај 12 кога ќе се размрдам со исто темпо по малку или не дај Боже пообилно ќе одам на преглед кај нас во болница. И да престане во понеделник би тркнала до матичната чисто онака да ме зирне.
Блазе тебе ако можеш јас дремнав од 11 до 16 и мислам дека око нема да склопам вечер касни си што ти душа сака па легни си имај лесно сонче
Алал да ви е бе жени,јас дента ич не можам да спијам,многу ретко..и сега еве будна пред 12 нема шанси да заспијам,преку ноќ исто се будам,и стално ко ненаспана..А тек ме чека неспиење
Јаа додека не влегов у 9ти не бев толку умотна, сега умор чуствувам страшен, ама у право е мм кога ми писка дека треба прво јас да се гледам а после другите да ги управам, а јас обратно, баш за роденденот се зезаше со мене сега шо да ти купам средства и нов џогер да га изориш поубаво куќата
И јас несакам преку ден да спијам ама ладното ме успа додека да стигнам од работа премрзнав а дома топличко и одма кома транс а за неспиењето што не чека цело време си велам спиииј ама потешко ми оде ме фака некоја возбуда а и само нешто бебиња сонувам
Ма сите можни верзии од лулање од доење од шетање и држење половина правилно за да не го смачкам хаха свашта мозок 360 на саат работи
Ако,си треба одмор како не,посебно денеска студено,мрачно..добро што си бев дома,не бев на раб.низ дома нешто зачистив,стани седни,се нешто да потсредиш,попладне гости и помина денот..Искрено на работа понекогаш повеќе се одмарам..
Девојки ај да Ве питам нешто тие шо не се прворотки, мора прво чепот да падне па после плодова вода да тече или?
Баш затоа не ми се напушташе работата денес пред да излезам ке се расплачев знам дека ке ми фали многу таму барем бев раат а дома се нешто има еве уште утре прв ден дома а јас ке бидам цел ден со гости
Ај да си подежурам малце..од 03:30 будна Ме разбуди топол бран,жешко..па станав жедна,се напив вода и од нога 2 мандарини,си легнав пак и од преска се вртам сон не ми иде..Последно време ја терам оваа шема на (не)спиење,само не знам до кога..
И јас доста сонувам, особено дека почнало породувањето . Најверојатно тоа најмногу го мислам . @ocicka2014 како си денес?
Неколку часа пред да се породам бев во вц и видов на гаќите нешто ко лигаво зелено и ми стана чудно , цела бременост ништо немав. По 10 минути почна да тече плодовата вода и тоа беше тоа