Јас со претходната бременост бев прворотка, бев со ризична, чепот ми падна крај на 6 месец, а со строго лежење се породив во 38 недела, значи не секогаш после чепот иде одма породување.
Аман веќе од што се потресуваме за се и сешто и кошмари само сонувам.од сите што пишуваат каква им била бременоста целукупен заклучок ми е дека од денот кога си бремена до денот на пороѓај сите денови се критични.можеби грешам ама кога ве читам вака таков заклучок имам
Бебка кај мене е активна 24 /7, од 13-14 недела..... Како што ќе добива на тежина поголеми ќе се ударите.... Рака нога разликувам според тоа како е поставена, а газето се испакнува како топче на лево Јас да можам само торти ќе јадам а предходно не сакав да видам благо Се сложувам со @Ive13 со золва ми дискутираме дека воопшто не е за уживање бременоста, секој ден нов симптом да не знаеш што е нормално и што да очекуваме... Сонови колку да сакаш, се некои глупи кошмари да те преплашат.... Ја сонував старата кума дека ми дала некое без веза име, и со плачење се јавив кај новата да ѝ потврди дека името ќе биде она јас што го одбрав луда трудна глава ... Инаку на западу ништа ново моја бејби си се спуштила во мала карлица и си ужива нема абер за излез од денес 38+0 ми е тешко, @Ladyyyy567 и јас како тебе си дежурам од кај 03:00-04:00 до сабајле @Emma2 кај мене не е паднат чепот, а веќе се отварам ... Нема правила во бременоста за жал
Јас малку се покајав што поткажав нешто околу мојата претходна бременост. Ама сепак ние го добивме најважниот резултат живо и здраво дете, и покрај сите патешествија. Сега сум 13гн. За второ, и верувајте дека многу повеќе се плашам од сите вас ради претходното искуство. Но пак на крај си викам дека фала му на Господ родив едно здраво право дете, ке биде и сега. Секоја бременост сама за себе. Ве гушкам сите, мора да бидеме релакс и да не мислиме на лошо.
Токму така, бременоста е долг период и не е воопшто лесно. Кога станува збор за некој друг си мислиш како од песна им оди и додека да трепнеш оп ќе се породи. Јас мислам цела вечност сум бремена, со милион стравови и мисли. Еве веќе сум при крај па мислам дека полека полека попуштам. Сега сум фокусирана на породувањето а пред тоа само си поставував цел во недели што треба да ги постигнам.
^ Јас се чудам како некои поминуваат лесно на пораѓај, значи алал да му е ако е така но незнам како е можно тоа, иако е можно. Јас од што слушав и читав такви лесни пораѓаи дека за 2-3 саати се отвориле и породиле без шиење не бев спремна за тоа што ме чека, си мислев така треба Е сега психата ми е друга.
Не знам мамички мене многу ми е страв и неколку пати имам пишано на форумов за тоа втора бременост ми е а стравов не поминува никако и вака кога си споделуваме искуства една на друга уште повеќе коски ми се тресат.само Господ да не чува сите до една да си се породиме и здрави прави бебуши да си донесиме на свет
И јас бременоста не си ја прифатив како најдобар период за една жена,можеби причина за тоа е што имам една неуспешна зад мене,и на секоја промена сум полна прашалници. Факт е дека сите имаме различна бременост,тоа една иста жена не го доживува исто два пати а камо ли различни. Си се помирив дека не сака споредување со никого,ни во симптоми ни позитивни ни негативни искуства. И што помалце знаеш посреќен си. Ова размислување ме олабави. Не уживам сеуште,едвај чекам уште 7 недели да влезам во 36та
Јас немам лоши искуства од предходно - абортус или проблем со забременување, токму затоа сега се плашам, в глава ми се увртеле најлошите можни сценарија . Дали ќе биде се во ред со бебка, со мене, како ќе се одвива породувањето... Па што кога ќе се вратиме дома .. хаос сум..
Ее за тоа што кога ќе си дојдеме дома не се учи,си доаѓа само по себе дефинитивно. Затоа ќе се нарекуваме мајки Не се плаши ни од породувањеима некој што не чува.
Па се влегува во 9ти. Од тогаш секој момент ако сака и чеп нека паѓа и водењак нека експлодира до пред 36та не
Мирно е нема водичка. Вчера облеков црни гаќи и сабајле имаше само бело од утрогестанот што го ставам. Се надевам дека ќе биде мирно денес
Абе пааааа, ај шо не ми текна тоа него ми се виде малку 36, тука знаеш дека над 40 е правило Ај бе не ме ругајте, малку у параноја филм влегов, ме немаше фатено одамна