Девојки се породив се беше неочекувано и на брзина 3 дена пред термин. Утрово во 9 станав добив болки одма на 5 мин јадев се истуширав и во 10 30 дојдов во 11 и 59 се роди мажето мое
Хахаха не беее каков дејт, такво немам видено од ноември месец Туку црна за да видам дали е водичкаа дали од таблетите што си тече
јас сум 15+6 г.н болки досега имав на почетокот малку ама последниве 10тина дена ме боли долниот дел од стомаков. Коските на карлицата. И општо цела карлица наболува. И јас сакам да почнам да вежбам но добив совет дека пожелно е да се вежба со тренер. Јас си мислев нешто дома да се размрдам.
Труднички, ја почнав да имам подобри денови, покрај лошите. Енергијата ми се врати, се чувствувам подобро, ама уште повраќам. Еднаш на ден. Некогаш ќе прескокне, ама почесто ми е рутина. Свекрва ми прати ручек, одамна не сум уживала толку во јадење, експерт е таа за говедско и компир. Со каква сласт јадев, абе се што изедов повратив. Ајде се помирив и со фактот дека повраќањево може да ме држи цела бременост ама се загрижив што имаше како малку крв. Да паничам? Докторот денеска не можам да го добијам, не работи.. не знам што да праам...
мене ми е втора бременост и толку сум преплашена чудо. Со првата бременост ко на шала ја поминав ни чеп ни водењак ни конртакцио ни болки ни мачнини... Сега... Параноја ме фаќа
Крвта може да ти е од премногу и чести повраќања и како резултат на тоа се јавува разранување на слузокожата на хранопроводот,ама сепак консултација со др
Јас го разбрав дека има крв кога повраќала ако е тоа што јас го разбрав не е ништо и кај мене се случуваше тоа е од сила на повраќањето. Поздрав
Крв повратив, мислам уз повраќање беше Имаше колку една плунка... измив уста, заби, плакнев, плукав, немаше пак. Само малку уз повраќање...