Види ги ти нив бременост до 36та си броеле. Абе има да си броите 40+ ич не ми е гајле! 40 полни до даска па потоа породувањето ќе ви изгледа како најлесен чин за пет минути
Немој така ке си пукнам до крај гледам уште 11 има пред мене се намалил списокот ајјјј ке биде интересно
Зошто бе така зар не велат дека лошите мисли лошо привлекуваат се тече се поминува, факт е дека ке дојде и тој момент и дека сигурно ке имаме болки ама ние зар не сме јаки и силни жени мајки и за нашите мали за најубавиот момент зар не би издржале се? Како и секоја работа и оваа ке помине замисли се само како бебушот го гушкаш и води се со таа мисла се друго ке помине како и се во животот. Ако ги детализираме работите само ние лошо си правиме страв во коски сами си внесуваме. Може делувам премногу храбро или будалесто ама со позитивна мисла знам дека ке поминат тие неколку саати и како и сите што станале мајки ке станеме и ние од денес замислувај си само како го бањаш облекуваш шеташ бебушот и чекај го тој момент
Тешете се со мене, јадна јас уш што не претрпев..па уш колку имам до крај .....ауууу смејем се а плаче ми се
Ма ние тоа во знак на солидарност што побрзо да ти се приклучиме во мајчински муабети немој нешто друго да си мислиш
И јас сега со вторава некако понапната сум,повеќе ја тупам што како ќе биде,некој страв и неизвесност..читам и кај други членки така..Изгледа пошо сме минале и знаеме што не чека Со првата гајле си немав и супер пројдов,ќе прочитав по некој ред чисто онака на страната babycenter се сеќавам 1-2 пати во месец чисто да видам карактеристики на плод,ама баш онака искулирано,лежерно од љубопитство и толку
Е на ова мислев Пази ми се изнасмеаа шо сум прашала зошто 36та, ја си знам како е процедурата 41 па на даље...
Здр мешковци само да Ве позз ... Ве читам цел ден, некои се породиле некои чекаат да се олеснат... па ај нека е со среќа и на тие и на тие... на тие што се олесниле нека им се живи и здрави малите а на тие што чекаат да се олеснат им посакувам повеќе трпение и со убаво само ... мој бебуш цел ден активен, де клоца де удира боксови .. ма како да е у некој ринг и мава на сите страни.. сакав само да Ве прашам дали на некоја и се десило при секнење на нос да има малку крв на паломата.. и после тоа да нема ништо.. ниту да тече крв ниту да боли носот. ??
Преземи прва палка, многу се опуштиле деновиве. Ако некој не слуша додај им уште девет месеци после 40та недела
Да си се пожалам малку, кај нагоните и одбивноста од храна сеуште не ме напуштаат...овие денови сум со плус главоболка, во слепочници, тилот и вратот ко нагони плус да ми создаваат...раат нема значи...апчиња за глава не сакам да пијам, убаво ми е само дур си спијам...нормално е да ја имам ? 14 недела сум ...
незнам точно мила што би значело тоа , но другарка моја и рекле ниско го носи, малку повеќе одмор, и никако кревање тешко и си истера до крај без проблем
Не постои такво нешто ниско или високо. Останато е само на комшии да проценат како ти паѓа стомакот или на свекрва. Само тие знаат дека ниско го носиш Бебето ако притиска доле ќе се види на преглед. За да притиска треба да се симне во мала карлица и да мава со главчето на отворот. На тој начин се крати цервиксот и се отвара грлото на матката за породување.
Кај мене 2 - 3 пати ми се случи ама не едно по друго.. еден ден само еднаш па неколку дена нема па пак се појавува и така.. си помислив да не е нешто алармантно па да звонам кај матичниот и така секој ден го замарам со сé што ми се случува а ми е странно.. мм ми вика досадна сум била и да не звонам нон стоп.. а јас пустата од страв не знам што да правам и да не паничам па прва солуција ми е докторот