Девојки,со што да се намачкам доле едвај видов што ми е направрно,како ситно брунче и во бришење трага од крв знае да ми се појави и пецка. Прво мислев хемороид да не е ,но не е позади изгледа имам разрането со тоалетна или да се имам изгребено при ставање утрогестан,а да не се сејќавам. Крема ли,пудра бебешка незнам што би го повлекло
Хепи пробај се крема некоја било каква.. После 1 час стави бебешка пудра и веќе ќе ти биде подобро. Ако е намалено само со бебешка пудра продолжи.
Мене за роденден ми посакаа до година машко, и им викам :сите женски да се родат, ама здрави и живи да се... сакам да си имам мешани дечиња, но ако ми се родат само женски или само машки, нема да ги сакам помалку, живи глупости ова со машките деца ... И кој е загреан за машко сите женски да му се родат Инаку добар ден ладно грч, времево надвор е само за внатре терам 38+1 од бебка редовно си добивам клоци, сега не сака да излезе ама нека си седи на топло уште оваа недела... Имаме напредок во тежината тоа е добро срцка ми е ... Ме тепаат негативни мисли, ама се трудам да ги растерам... Ајде убав ден мајкички
Со ова машкиве деца претераа стварно. Една пријателка на сите кажа дека е машко оти нели на гинеколог од две места и потврдија така. И по некое време и сменија дека е женско, знаете ли колку се нервираше оти дома кога кажала на мажот и неговите смениле фаца ич не се израдувале. Како можат така не ми е јасно уште крива ќе се осеќаш на крај краева да е живо и здраво што е битен полот. Инаку јас бев на преглед сабајле не ме држеше да не отидам и плодова вода има си мрдка бебето ама кога прашав да има ама има ли шанси полека да истекува и да снема? И ми викаат ами тоа и да се случи не може ништо да се направи Мислам вааат? Дајте луѓе негде да отидам кај испитуваат дали е можно водичката од плодовата вода да е, да сум сигурна вака викаат може тоа да е , а може и пд таблетите да предизвикуваат некое лачење. Има некоја користено Про Баланс Лејди и ги ставам насабајле лежам 1-2часа и почнува да ми тече белко и од околу е водено кај 4-5-6навечер. Пред легнување ставам утрогестан и насабајле не приметувам водено туку само бело од вагиналитетите. Освен што може да одам на 2-3дена да се следи дали има плодова вода може ли да се направи/испита нешто плус не би чекала така, а ништо да не направам?
Не почеток ми велеа дека ќе биди машко и гинекологот и околината мислење... И се навикнував на помислата дека бебка ќе е синче, кога кажа гинекологот на 16та недела дека ќе имаме ќерка и дека тие како 'тестиси ' што му личеле се повлекле ЈАС бев пресреќна!!! Да е здраво и живо.. и ќерка и син се дар од Господ. Не му замерувајте на народот дотаму му е гледиштето, подобро 'жалете' ги на кусиот поглед кон животот. Убав ден срцкии.
Фала за ова што знам е баш така треба да ме карат, ама пусто псиката ме уби. Имај лесена бременост и лесн пораѓај. Поздрав
И мене ми се појавиа 2,3 ама како поголеми брунчиња и чешкаат само,ми дадоа судокрем она за бебиња, јас се миев со камилица само малку се повлечија ама пак чешкаат ,а незнам од што се и што друго да му ставам
и јас го имав таков проблем. Последните две недели на секое повраќање така малу крв. Не појдов на лекар,што ли ќе одам за се и сешто,може нормално е па ќе ми се смеат. Сепак да беше колочински повеќе крв ќе одев. После попрашав ми рекоа од дразнење на желудникот е ако се има често повраќање. Не консумирај кисело и луто. Чај нане камилица ѓумбир пиј.
Јас само се пораѓам, абортус имам еве веќе 38 недели.... Ме уби потсвеста... @Makedonka007 @ocicka2014 јас бев убедена дека е машко, кога во 18 недела ми кажаа дека е женско, и после во 20 ми потврдија со 4Д ехо оформено дунде, им кажав дека најверојатно е женска, мм беше пресреќен, а јас се убив од плачење, не дека не сакав туку знам дека е тешко да си женска.... Амаа подсвеста ми испрати сигнали дека е женска, зашто размислував само за женски имиња и траки за коса хахахахахаха... Сега кога ме задржаа в болница, 3 лекари ми потврдија дека е женско, така да женско е.... Свекор ми мислам дека беше пресреќен кога му кажавме.... Јас сакам само да се роди здраво и право, понатаму да биде се во ред, не ми е важно што ќе биде, битно мајка да сум
и пред мене се 11.... Ама месеци хахахаха. тука негде сме со @Leo-nora јас денес старт на 16та недела. Блазеси ми во најубавото сум. ама многу ми се гледа до крајот. навистина е така. Ај со прво што ќе ти речат тоа е. Не разбираш многу. Срце работи,дише бебе мрда значи супер е а сега... Да не речам се думам зашто не мрда,дали мрда да не му престане срцето со работа оф леле ова оф леле она... За на психијатар сум лекови за смирување да ми дадат. Знам дека воопшто не се нормални вакви мисли па веднаш се трудам да си го свртам умот на друга страна. значи дека плодот е спуштен долу во карлицата. Обично се спушта ниско или се спушта долу кон крајот на бременоста за да се спреми за излагање.
Изглеавме да, еве сега се будам, издржав до крај! Абе и мене ми кажа една пред некој ден Ауууу па ти ич не си поправена, као стомачево не толку големо.. Абе ајде глупости, чим на прегледи си се во ред со тежината, ич не се секирам!
Епа имајте си и предходно мев толкав како мене и нема ни да знаат дали имаш меше, дали е салцето што секогаш си го имала Јас ги зезнувам го топам салцето слабеам, а ствам од мешето од бременост по малку и иста сум како и предходно Збуни го непријателот
Абе умот само во јадење ми е ова е немогуче. Не јадам лебови, ама затоа пикам во уста се и сешто, понекогаш неможам да се поднесам како невидена сум Ми викаат не си мн поправена а мене ми се чини се ми тежи и се тркалам. Олкави газови и бутови имам мм само ме зирка и чепка
Почнав во стомак да осеќам како пуканки да ми пукаат жими се 16 недела од денес. Ова е бебчо или јас скроз отидов со мозокот?
И јас исто нонстоп ставам нешто во клун иако глеам количински по малку да е... уживкај, замисли па каци да бевме