Добар ден и од мене Само што се вратив од преглед, бебушка пораснала за цели 2мм. Него ме збуни нешто, пред точно 2 недели кога бев на првиот преглед на извештајот ми пишуваше 5 недели и 6 дена. Тоа според последна менструација. Сега јас си рачунам дека денес сум 7 недели и 6 дена, кога на извештајот гледам 6 недели и 4 дена и поместен датумот за породување за 9 дена. Има потреба од грижи? Иииии го слушнавмедолгоочеуваното срценце. Бидејќи цела недела бев со повраќање и гадење, ме прати на инфузија а исто така ми дозволи рупурут и електролитен раствор. Плус ми даде и утрогестан вагинално. Дали може без апликатор да се ставаат,бидејќи до сега не сум ни користела? Со гадењево ме утеши дека можда до 12та недела ќе трае, а мене сирота уста не ми се отвара за јадење,сега ставив супа да се вари уште на варење гадно ми мириса не знам како ќе јадам
Јас утре ќе сум 20та недела и еве веќе некое време исто осеќам како шо опиша 'пукање на пуканки', како бранови големи да ми поминват. Милата убавица ми мрда. Нормално е, без гајле. Уживај си во најубавите моменти
Јас сум слаба висока и моето стомаче не се заприметува многу. 5ти месец но не е многу големо, а на преглед се си е во ред со килажа. Баш крајот на оваа недела сум на 2 скрининг па ќе видам шо ќе речи гинекологот овој пат. А не да јадам ... Лелеле срам ми е да пишам ... Кај да одам мора да 'каснам' нешто, ама дома ми е најслатко оти можам да јадам колку сакам хаххаха цело чоколадо 100гр го јадам за 10ти минути гледајќи филм, или уз муабет и на соговорникот нема да ми текни да му дам .. Резил Ама не сум здебелена за тоа шо ги јадам Фала Богу.. Кркајте шо сакате, и да се здебелиме бремени сме.. Не може гладни да седиме .. Ц ц ц
Мислам дека ми падна чепот. 38+5 сум. Се надевам дека е тоа. Лигаво, не нешто екстремно големо, ама немаше крв. Како жолтеникаво проѕирно. И сега се тресам, а се утепав од мрчење дека вечно ќе сум трудна (@FreeMind поздрав). Не за пораѓајот, туку за после тоа. Стандард мојот муабет. Да одам ли на лекар? Да си почекам дома? О боженце врска си немам од ништо очигледно.
гадењето мене до 10тата недела ме мачеше. После во 11тата и 12тата еднаш повратив и толку. За тие г.н и мене во првата бременост ми поместија термин за породување. Според циклус беше прва недела од март а според зачнување и големина на плод една недела покасно.
Чекај си природни болки, чепот можи да паѓа и неколку дена. Мене одко ми падна имав крв по малку секој ден и се породи по 5_6 дена. Со лесно
Чекај си болки или обилно крварење, или плодова вода... Мене така ми рече докторката.... А ако си тече полека, без обилен исцедок, да си чекам болки.... Не плаши се ајде влечи ме и мене 38+1 сум јас ама доста е со велам, уште оваа недела да ја турнеме....
И јас викам доста е. Дома сум три недели, психава ме уби. Цело време викав спремна сум, ама почнав да се тресам.
Јас ко што ги читав феминките наши драги веќе мајки,запамтив вака.Не паничи прво и основно,ако падне чепот не е страшно може да тераш уште.Болки,сдчење во стомак како за голема нужда добиваш на 30 минути ,тогаш идеш се бањаш,фенираш,шминкаш средуваш торбица.Кога ќе се зачестат болки на некои 10 до 15 минути онда фаќаш путот у болница.Освен ако не крвариш нели или ти истече водењакот таа лекција не сум ја простудирала. Тамо кога ќе отидеш треба да не се дереш и викаш него да си го чекаш нагонот за голема нужда и да буткаш да не го враќаш бебето назад. Ама објаснив
Да де. Теоретски да. И се ми е спремно. И торбица, и алишта за до болница за да не губам време, алишта за од болница за да не се изгуби маж ми. Вода во бојлер гледам секогаш да има . Ама ете се притресов. Фрик сум.
Така е само што болките се салам болки ништо др не ме болело толку и на крај царски завршив, само да не се плашите, тоа е природен процес што ние жените го поминуваме и само ние жените можиме да го издржиме. Со лесно на сите, потешкиот и најубавиот период допрва доаѓа.
Со паѓање на чепот фаќа една возбуда “ете го почна!”. Ич да не паничиш ќе потрае некој ден може и над десет додека почнат породилни болки Од пораѓај не се плаши ич. Верувај не е така страшно како што изгледа и секако - диши правилно. Од ден потоа и тоа лесно ќе го совладаш и ќе го сакаш тоа мало човече
Кај сите е различно, мене на пример ми падна чепот во 9 сабајле, а се породив во 18:50 истиот ден. Со тоа што веднаш после чепот кај мене протече и плодовата вода, ми пукна водењакот дома, бев 37+6. Не се плаши само, знам колку ти изгледа страшно се. Ама ќе ги издржиш сите болки и напони, нема да знаеш од каде ќе имаш толкава сила. Се ќе помине во ред, мисли позитивно И да, во право е @lackygirl, потешкото допрва доаѓа, ама и најубавото Со лесно на сите
П Па како мислиш ти.Тој на Џенифер фустанот ми се бендиса ама некако некомотен ми изгледа Ќе се нафенирам само
Косата ќе ти се разбушави дур лежиш, може лајтерица само , а маскарче би требало ..чоек тебе и со нокти те замислувам
Седам, читам и урлам од смеење....што фино и најубаво го објасни цел процес, да ти е ќеиф да дојде тој убав ден али најинтересен дел ми е немој да се дереш чим отидеш таму
@srekice ко мајка ми да ја слушам /читам, срамота е да се дериш, вака голема жена, висока, стројна убава, немој да викаш таму да ти се смеат ќе си излезе бебето само, ти само слушај што ти велат не паничи талент е женава, а нас со царски нѐ породила и вика ако немаш индикации за царски да не одбираш, цел живот ќе ти е тешко после. ..