Која недела си? Смееш парацетамол, подобро да пиеш отколку да имаш температура. Јас во 4та недела само што дознав дека сум бремена фатив бронхит и 3 дена бев со температура, дури и антибиотик оспен испив. Ама тоа е некогаш мора. Подборо да се лечи отколку компликации да се направат.
Utre vleguvam vo 5ta se napiv pa ke vidime mi rekoa na 6h mozam da gi pijam...epa oti sum mn malce zatoa me fati strav
Туширај се почесто, јас и со алкохол се мачкав така ми се намалуваше и многу течност внесувај. Со помин.
Многу течности чаеви и супи, мед со лимон, мачкај се со алкохол и туширај се да го ладиш телото ако качиш температура. Освен чорапи со оцет помага на стапалата и сенф да се намачкаш и тутни ги чорапите. Звучи грозно но делува
Bolje babini devetini.. Stavaj odma ocet na corpai, rakija na krpce na chelo, i ziv rendan kompir na grloto isto so krpce zamotaj se... ne ti preporacuvam antibiotici. Vo kraensucaj toa, ili ako ne ti se simne inekcija neka ti staat.
Бидејќи ми е прва бременост не сум баш упатена па ме интересира што се испитува во првото тромесечје, јас до сега правев само крвна слика, а сум 9та недела, за две недели треба брисеви да ми земаат...дали така одат испитувањата или треба и нешто друго ?? Исто како одат испитувањата и во наредните тромесечја? Исто ме интересира прв скрининг кога се прави и каде се прави кај матична или може и приватно (колку чини) ?
Прв триместар - На почетокот од бременоста се прави гинеколошки преглед при кој се зема детална анамнеза од трудницата за нејзините претходни болести и операции, примени вакцини и евентуалните болести во семејството. Во текот на овој триместар се земаат микробиолошки брисеви и микробиолошка анализа на урината. Вагиналните инфекции го зголемуваат ризикот од предвремено прскање на воденикот, предвремено раѓање и инфекција на новороденчето и токму затоа е потребно да бидат навреме откриени и излечени. Вообичаено еднаш месечно се прават лабораториски анализи на крвта и урината. Се одредува крвната група и Rh фактор. Од 11. до 14. гестациска недела се прави првиот ултразвучен скрининг со кој се одредува ризикот на плодот од хромозомски аномалии. При тоа ултразвучно се детектираат одредени делови на плодот кои можат да укажат на овие аномалии, а тие најчесто по 14. недела исчезнуваат. Доколку го пропуштите овој преглед , понатаму нема да може да се детектира маркерот кој укажува за можно постоење на хромозомски болести (Даунов синдром), кои, за жал, се неизлечиви. Втор триместар - Од 18. до 22. гестациска недела се прави ултразвучен скрининг со кој покрај тоа што се следи растот на плодот, главна задача е детална анализа на анатомијата на фетусот, поединечно неговите органи и исклучување на вродени аномалии на плодот, почнувајќи од најтешките, кои се ризични по животот на плодот, сè до помалите или козметички дефекти. Се анализира папчаникот, плацентата, нејзината поставеност, но и должината на грлото на матката, кое ни го одредува ризикот за предвремено породување. Во периодот од 24. до 28. недела се прави и тест за откривање гестациски дијабет. Трет триместар - Со ултразвучен преглед во третиот триместар (30-34 недела) се проверува пропорционалниот и правилниот раст на бебето. Се детектира дали има застој во растот на бебето како последица на нарушувања во функционирањето на плацентата. Со помош на доплер се анализира дали циркулацијата на крв преку папочната врвка кон бебето е доволна, а доколку не е, кога е идеално време да се заврши бременоста, а во исто време да се добие зрело и здраво бебе. Во текот на 9. месец се почести контролите, а се прави и ЦТГ со кој се регистрираат отчукувањата на срцето на вашето бебе. Покрај тоа го регистрира и постоењето, јачината, траењето и честотата на контракциите на матката. Неговата цел е да се евалуира состојбата на плодот, неговата снабденост со кислород и дали при појавата на контракциите се нарушува снабдувањето на плодот со крв. Се изведува во последниот триместар и во текот на породувањето. Во овој период се прави и микробиолошки тест за група Б стрептокок(GBS), која е честа бактерија, вообичаено се наоѓа во дебелото црево и често е безопасна за возрасните, но бебињата може да имаат сериозни проблеми доколку се заразат со неа. За да ја открие, гинекологот ќе земе брис од долниот дел на вагината и просторот меѓу вагината и анусот. Ако тестот е позитивен, кога ќе почне породувањето ќе ви биде даден антибиотик за да се заштити бебето од бактеријата. Ова е превземено од систина, задолжителни прегледи ви бременост. Скрининг се прави само кај специјалист. Во систина е 4300ден.
Знаете што сакав да ви кажам? Бројки од 50ка алишта да не купувате. Уште од раѓање не може да се облечат оти речиси сите се со родилна должина над 50. Ако нешто потоа треба ќе докупат вашите. Прва бројка 56ка и тоа малку од овие веднаш 62/68 број.
Е жива и здрава да си.Јас вчера гледав 50ки и викам да земам да не му клапаат па ко вреќа да ми биде бебето.Најмногу уплав имам од завртени ракавчиња пет броја поголеми.Барем едно за од болница ќе земам 50ка А пелени кажи ми од 2-5 кг или оние од 3-6 П.с. Твојата 50-ките и 56-ките ги надрасна во стомак
Да вакви информации како што ни сподели @FreeMind ќе ни се многу корисни...јас навистина немам претстава ни кои бројки на облека би требале, ни колку , ни што точно ќе ми е потребно...имам претстава дека треба да влезам и излезам со пола продавница искупено работи...а и уште една мака каде да ги ставам, моите ормари се преполни со се и сешто...па убав совет би ни било и тоа дали правите ормари и за бебињата или тоа чим малку потпораснат
Мојата госпоѓица ќе добие лично и персонално нејзина соба Инаку јас список си шравам што се ми треба се си запишувам и по нешто купувам.Немој да мислиш ако влезеш во продавница дека се ќе купиш еве ние вчера влеговме у ДМ и застанав кај тоа бебешко и нозе ми се пресекоа,земи врати правев и искочив на крај со чепкалки за уши
И јас правев список детален, и на крај завршив со 5-6 бодиња-бодибенкици, платнени пелени, влажни, витаминска крема, памперси, 2-3 капчиња, 2 лигавчиња, една постелнина комплет, едно ќебенце (то ми е омилено) и бањарка и вреќичка за спиење толку..... А списокот ми е детален ехееееее.... не знам шо ми сд чинеше хахахахаа
Да да тои и ми беше муабетот отидов со список и земи врати правев Алишта не купувам дур двете баби и сестра ми не се истоварат.Јас за себе ќе си купам што ми треба пошто сто посто ќе ме заборават е земав пеленки едни од 3-6 кг ваљда ок ќе бидат
ајде еве март веќе сме. Место да се спремаме за на одмор ние за на замор значо авал да и е на жената. зошто скептик? Јас на дете прво со тие бабино деветини пробувам да му симнам температура после ако нема ефект иде сируп па на крај лекар. Нема смее не смее скраја да е ко ќе се јави некоја болест нелагпдност мора лекови. Не можеме да умираме заради тоа не смее. Па јас инекции примав антибиотик зинат а дали 3-4 недели бев бремена. Иди на лекар,сестра на маж ми со итен царско во 8ми месец се породи од температура.
Затоа ќе си го чуваш подолго па ќе зашпараш два три броја облека и памперси. Наместо од кецот да почнуваш си рипаш од тројка. Ако ја почував уште малку директно моја облека ќе си носеше не мораше ништо да купуваме. Пелени од 3 до 6. Јас имав купено 50ка за од болница. Така дома си стои за успомен и дуго сечање. Цел комплет па и за спиење сум се задигала 50ка. Бодиња, шпикозни се за прв месец сум накупила 50ки. А она 53 сантима се роди. Згора на се и оние 56ките веднаш ги помина па сега на 62ка сме, да не ја стега. Толку месеци се ѕверев што да купам и како и на крај статива. Ќе речев за второто али да не се заебаваме уште од сабајле
Od sekogas sum bila ama sinoka ne corapi so ocet ne rakija uste nz so ke stavev da imase se isplasiv mn koga vidov 39...doktorkata mi rece da pijam paracedamol na 6h i plus sirup.Veke dva dena sum so temperatura samo sabajle uspeav da ja simnam...ke vidime nz so da kazam
@FreeMind сега ме замисли колкави ми беа алиштенцата.. малку имав 50ки повеќето од 52 нагоре мислам дека беа, ај кај и да е за недела дена ке ви кажам мое искуство за бројчиња