Snow-Queen и јас те дружев ноќеска до ниедно време целата каква сум настината , неможам да спијам ич убаво ..а плус што сабајле неможам на раат да поспијам тоа е поздрав и убав ден !Јас идам да праам кафе
ddevojce го одгледав баш вчера видеото ептен е трогателно и мене ептен ме растажи од друга страна пак покажува колку е јака вербата и желбата за живот...... јас пред некој ден на контрола и пред мене итен случај девојка во 22 недела се породила и го губи бебето и така некако ме трогна ме исплаши, на интернет гледам доста случки на предвреме родени бебиња и така мислам уплав ме има фатено, се си викам не отварам веќе несакам да знам ама пуста радозналост врти сучи отварам едино ме интересира зошто нигде не пишува кои се причините дали може да се спречи од што се предизвикани толку рани пораѓања.....искрено уплав фатив и само се молам се да биде ок со моево бебувче
И јас осеќам веќе некое време. Понекоаш се обидувам да го фатам ама одма бега Ооо, иначе поздрав од 9ти Вчера бев излзна и се изнашетав,кога едно време ми се причини како нешто да ми тече по нозете. Ај во еден кафич во тоалет да проверам што е,ама гаките малце мокрички. А кога излегов и малце болки. Така и беше на другарка ми пред да се породи па јас сабајлево кога станав полека полека почнав да си ги собирам работите во торбите Има уште 30дена, ама може и да не дочекаме толку
Feminki pozdrav od nabolnica so bolki sme mi stadoja provokacija i sega gi cekame pojakite bolki leleeee
Конечно наспана после многу ноќи непроспиени. Вчера цел ден имав киселини неможев ништо да јадам но денес фала богу добро сме. Уште малку и одиме во болница пошто веќе сме големи и мора на секои 2 дена да одиме. Се надевам само дека ќе ме израдуваат денес докторите затоа што навистина веќе неможам, цел стомак ме пече ко изгорен да ми е
Добар ден мамички како сте ми денес? Јас денес си се наспав убаво. Почнува стомакот да ми расте (до душа си имав јас и меше малку и пред тоа) па сега некако се надополнува и некако на стомак едвај спијам ме стега и не сакам да спијам некако поради бебето ми е страв да не го гмечам. Денес влегувам во 10 недела или поточно како викаат 11 недела. Така ми кажа сестра ми некако се сметало. Како и да е јас ќе си сметам 10 недела. Станав рано-рано кафенце со мм си пиев, па ајде да фатиме нешто саботно да исчистиме. Сега малку одмарам и реков да видам како сте ми на Фемина. Поздрав драги мои и имајте убав исполнет викенд со многу радости и среќа. minne992 со лесно нека ти е и ти посакувам се најубаво.
Штотуку дознав дека моја блиска колешка до факултет се породила и донела на свет прекрасно машко бебенце. Па ајде да ве почастам, ептен сум happy!!!
Јас се вратив од болница. На цтг покажува контракции и веќе сум подотворена останува да чекаме и болките да се зачестат
Од колку до колку е посетата во државна болница, на гинекологија? И дали дозволуваат подарок (пример балон)?
Јас кога се пораѓав (во стариот дел), посетата беше од 13 до 14 часот или од 14 до 15 часот. Не ми текнува баш. Се породив пред 2 години. Не дозволуваат носење на подароци.
аууууу 2 дена ме нема и сите соболки и породени честитки до ситеееееееее ние се уште се мачиме само со лажни болки слични на менструалните ... и сме во исчекување
Добρо утρо мешиња Мене ме задρжаа на паталошκа. Болκите ми почнаа во 20ч но во 4сабајлево станаа пρеголеми па отидов во гаκ и ми пуκна водењаκот. Се надевам деκа денес κонечно ќе се поρодам