Во ред е и кај мене но докторот сака сите испитувања да ги направам и цел месец собирав храброст, и не собрав иако дојдов Па мислам на бебе дека вечер ќе го видам и некако се разнежнувам одма Инаку за информација, се плаќа испитување на скриен шеќер 250 ден.
Не грижи се мајка тоа е нормално .. земи си ја кремата ЛИДЕРА таа што е дезодорантска.. (бикдејќи има два вида) после откако ќе се намачкаш со кремата стави рол он или дезодоранс на балеа и мн убаво ќе мирисаш... кремата не дозволува потта да мириса ... пробај па кажи.. позз
Јас мислам дека потењето ми се стабилизира. Не сменив дезодоранс оти многу тешко се привикнувам на нов ако еден ми одговара не го менувам. И не ми се експериментираше. Перл & Бјути на нивеа веќе 7-8 години го користам, никогаш не сум мирисала на пот. Вчера чистев генералка, еве денеска од кревет не можам да станам. Кичма ме боли. А толку лека полека чистев, натенате шо би рекле, за да не се уморам.. и џабе. Секоја ноќ се будам околу 3-4 сабајле веќе и дежурам 2-3 саати. Утрово имав болки во јајници или таа ареа, како боцкање ама тапо, а многу ме притискаше за вц, а не сакав да станам од кревет оти топло.. Евентуално станав оти ќе се измокрев во кревет. Откако завршив работа и болката престана.. можно ли е да имав болки оти трпев за мачкање?
@Adeline миличка моја издржи и јас за некоја недела треба да го правам тоа испитивање не сакав и кога ми спомна матичниов ми се слоши.од што читав овде што како не сакам да го правам.кај си на државна или?
@Adeline издржи уште малце, само се да си е во ред. Убаво што не испитувам. Да ве сите до една и да го испратиме фебруар со едно бебенце @Eni.r да изненади денес Јас уште некој ден ја започнувам полната 30та недела. Како овој 7ми месец што сум активна ни во второ тромесечие не бев. Се олабавив. Бебе си е активно,си поткрева меше,мава ниско доле и едвај чекам за 2 недрли контрола и брисеви да ми земат. Сакам да ми летне Март и април кога ќе влезам 36та ке идам по свадби непоканета онака да се истресам на некое орце,чисто да забрзам процес нејќум 47 недели да сум бремена Ќе го тискам за велигден да излезе син на мајка
Прво те боцкаат па ти даваат шербет го пиеш, се враќаш за точно 1 саат на уште едно боцкање, потоа уште на 1 саат за трето боцкање. Треба да мируваш бидејќи се согорувал шеќерот ако се движиш. Резултати имаш истиот ден, сестриве се супер морам да кажам. @Happyinlove уште малце ајде искрено брзо ми помина времево, може дека нема мн гужви Одам дома сега и сите 4 во вис и не мрдам 1 саат
Досега 5-6 души ме пуштија преку ред иако им реков фала не сум за таму Старциве се многу безобразни(и мирисаат на лук) ама од помладиве сум изненадена, и тоа сите мажи. Жениве само те меркаат и го креваат носот.
Не знам што да речам да не беше трудна можда бесплатно ќе беше е во све сме леви ххахаха Кој побара лубеница не ти е срам @Малечкоxxx од ноември пекам за едно парченце многу е скап сега а сигурно и не е нешто вкусен (се тешам де) имаше во Охрид во едно зелено пазарче 200 ден кило околу 1000 ден идеше цел многу е.затоа ќе си почекаме да падне цената хахаха