Јас користам било кој, највише ми одговара нивеа црно белиот, иначе една финта летово ја пробав и делува. Земаш после миење на рака мешаш сода со малку млеко за тело ептен малку правиш смеса и мачкаш мишките и ке почекаш малку да впие( тешко е да се погоди од одма густина па знае да има доста вишок сода..) останато од сода до хартија истреси. И си ставаш ако сакаш пак некој дезедоранс. Ептен помага..
Па така де, а не како на мене, нема да носиш до крај на месец ти нрма шанси порано ке родиш. Па се спремавме уште во јануари аха Ок. Март ке дојде абер немам. Јас во 34та дадов хахахаха и јас имав искуство со овие на лук што мирисаат. Албанки доаѓаат во подоцни години трујат на ручеци,запршки,лук, ждригаат на глас офкаат ОФ МАЈКО МИЛА. А една бабетина ми се закачи додека јас чекав и она чекаше доктор да дојде и остана после мене оти доктор беше од 1 а она дошла у 9. Оток жена беше.
Да ве поздравам роденденски. 28. Си остарев. Ми честиташе маже синоќа, се комиравме и двајцата и во 5 ми се ококорија очите. Па сварив кафе, го чекав да стане, се излигавивме посабајлечки и отиде на работа. Тука се по старо, 39+1, не очекувам дека нешто ќе се смени денес, иако моиве викаат роденденски ќе биде. Уствари има ново, носот како да ми отекол, а мевов маааалку е спуштен. Или јас си замислувам можеби. Битно рибетини ќе сме и двете (иако не верувам во хороскоп).
Хепи брдеј Долг е денов до 12 може ќе изненади бебе @flower55555 мене крај на 31 ќе ми земат брис така ми кажа што да очекувам следната контрола
Среќен роденден @thinkerbell , па со најубав поклон, лесно да поминеш. Времево почнува пак да се стоплува, иде пролет, едвај чекаммм. Леле јас сум нестрплива а можам да замислам вие кои сте ептен при крај . Инаку јас сум супер, овие денови нешто многу ми се спие, едвај станувам сабајле, си се радувам да поспијам уште малку после со бебка . Само ги прередувам алиштенцата кои ми се купени, следната недела да се исперат и испеглаат, таман да бидеме спремни до 36 недела. Потоа почнува одбројувањето
Здраво мајки ме интересира кога се земаат првите брисеви во бременост јас сум 6,3дена сум заборавила како беше за со првото поз до сите и со лесно
Од 11-14 недела.Тој период е и првиот скрининг,во зависност од возраста приска,амниосинтеза или неинвазивни тестови,ако си над 35.
до кога смее или не смее не знам ама ќе споделам ситуација. Една братучеда на маж ми 2 дена беше со пукнат водењак чекајќи болки. Кога жената што ја прими после 2 дена дојде повторно на смена вгла се мавна зашто уште не е породена. Одма со итен царски се породи. Знам дека не сме толку да се чека зашто може да настане задушување на плодот.
има дискусија за ова во темата нега на тело за време на бременост. Ролони и стикови не смее зашто доаѓа до запушување на жлездите. Нешто на природна база вањда би можело.
прво да прашам во која недела се испитуваше тој скриен шеќер? Јас сум заборавила,а во првата бременост знам дека ми се слоши од тој шербет. Како предозирана бев.
сега се сетив. Негде читав постоеле влошки за под пазуви. Ми изгледаше бесмислено ама може ете ќе користат во ваков период,што знам
ние обично сезонски мрзниме некој вид зеленчук што го нема во зима. Требало ти лубеница да си ставиш во замрзнувач,ќе ти се најдеше за сега. Замисли да имаше оваа година 29ти фебруари и некој да се породеше тој ден. Како ќе слави роденден?