Девојки Ве читам сега во моментов ... за скриениот шеќер кој се прави од 28 недела па натака... дали е задолжителен или може некако да се одбегне. Ако може кажете како да го прескокнам тоа тестирање бидејќи буквално "упрпав" .. ем страв од игли пошо 2 пати се боцка ем страв од повраќање (ако ми се слоши од толку шербет) ...
Ете јас не испитував ама матичната ми рече дека нема потреба, зошто ко што кажав неколку пати заедно со крвната слика имам проверено.. Консултирај се со матичен ако има потреба ке испиташ.
Види не е така страшен тестот да има период на неубаво чувство после пиењето на шербетот ама не е нешто што не се издржува а и боцкањето е од прст не е од вена не се плаши, што се не чека ако се плашиме од ова тешко нас
Кај мене беше од вена, 3 пати Ама не ми се слоши, како бев гладна супер ми дојде шербет, е и жедна бев доста па и водичка пинав малку
Па јас до пред да влезам во 6 месец правев крвна слика на секои 2 недели и шеќерот ми беше некогаш 3,40 а некогаш 4... тука се движи под границата (тој изгледа не е ист како овој) а гинекологов ми рече дека шеќерот ми е добар но сега читајќи Ве Вас некако се подисплашив ем од боц боц ем од шербет... не можам да јадам благо воопшто а камоли да пијам ... сеа сум 25 недела ај здравје кога ќе идам на контрола за некој ден ќе видам шо ќе ми каже матичнава...
Мене јатрва ми ми кажа дека е од вена и тоа два пати ... одсекогаш сум била плашливка таква и ќе си останам.. недај боже игла да видам одма ќе се онесвестам.. затоа кога идам за крвна слика јас затварам очи и со рака ги покривам очите да не случајно здогледам шприц а мм ме држи за рака и ме води до креветот, ме седнува .. бај да веј ме информира кога ќе биде готово.. до толку сум значи плашливка
Па обичен шеќер нема врска со скриен шеќер.Скриениот шеќер се испитува од 25 до 28 недела и служи да се открие на време за да може да се даде соодветна терапија или режим на исхрана.Сите оние бебиња што си ги гледала или си читала се родило над 4.5кг се последица од тој скриен шеќер .Они добиваат на килажа меѓутоа не се "созреани" како дечиња со нормална родилна тежина.Така да не ми паѓај у несвест да не ти дојдам тамо и да си испиташ скриен шеќер
Скриениот шекер е поразличен од обичниот само не ми е јасно зошто земаат од вена кога за тоа потребно е само капка крв на факс барем не не учеле така и на вежби никогаш не се земало од вена ама кај нас секоја лабораторија различно си работи кој како сака слушај ја @srekice закон е само така мушки до крај
Морам да ве поздравам со песната ако не ме одселат комшиите од зградата еве на Сички се на Сен тропе некој на Малдивите а некој дома на ова убаво време од каде стигна песната незнам не ме прашувајте азис и цеца се вртат цел ден на тв хаха
За скриен шеќер мене никогаш не ми земале од вена туку од прст и дирекно го ставаат во апаратчето кое за 5секунди покажува резултат.
А нели се прави 2.5 саати.Идеш гладен жеден.Те боцкаат,ти даваат шербет да пиеш и не смееш да мрдаш нигде, па по еден час пак те боцкаат и уште еднаш те боцкаат.Се на се ми рекоа два ипол саати се седело кај нив да си земам друштво. Ааа ако боцкаат од прст неможе јас од прст се плашам
И @srekice ова е во биохемиска лабаротарија во болницата во нашиот град. Од прст прво на гладно, пиеш шербет и по 2часа пак од прст. Два пати седев таму ама немаше епидемија сега планирам да ја земам чашата да фатам такси да си отидам дома и да го испијам по 2часа такси и пак на боцкање. Некои испитуваат боцкање на гладно, боцкање по еден час, после боцкање на вториот час ама кај нас нема такво нешто. За 2часа којзнае што вируси ќе се прошетаат таму ризик ми е да седам во иста просторија со луѓе кои имаат грип или којзнае што уште. Инаку и мене повеќе ми е страв од прст со тоа жилетчето
Мене ми рекоа мора да се седи тамо нема мрдање иначе јас ќе седев на работа пошто лабараторија и работата ми се влез до влез.Ми рекоа неможело
И мене ми рекоа ама нека ме изолираат, а нене да чекам со уште 50души ќе ми се изредаат со каашлаање и кивање. Таква е лабараторијата што можам даа им киднам, и да не приметат никој не ме пази дали сум тука или не. Ако не ми го дадат шербетот за дома ќе си фатам такси и дома ќе си дојдам гајле ми е.
Ајде некоја поискусна тука да ми фрли утеха Скоро 30та недела,денес ептен доле ме мава во бешика,многу силен притисок ми ствара,дали е карлично поставено па ме ремети,или да не помислувам на полошо да не пробува да излезе? Се тргне над папок и околу папок а приѕиска доле. Не ми се иде по доктори не ми е депилирана. А може и до крај вака ќе си го носам барем во ребро не ме шиба
Јас испитав ама од прст не од вена, гладна жедна, мене ме пуштиа дома седев 2 сати не ми кажа да седам тука.