Ајде @Ivke дојде моментот, со лесно за брзо да се гушкате . Во врска со скриениот шеќер не е ништо страшно, се издржува, јас од кога го испив шербетот се заситив па не ми се јадеше но не ми се ни гадеше ни вртеше. Убаво е да се испита да си бидете мирни. @Happyinlove и мене бебушка ме мава во бешика особено навечер кога ќе легнам. Мислам дека ми ја поместува . Не се секирај нормално е.
@Yowannty што поточно земаше против повраќање? Јас немам проблем со тоа само сакам да земам нешто како превентива при патување - минатата бременост при секое патување со кола повраќав. И како ги зимаш ти ги препишува доктор? @Ivke со лесно
@koritsaki докторот ми даде Maalox, потоа уште едни ама никако не ми текнува како се викаа. Се земаат 4 пати на ден, после секој главен оброк, доручек-ручек-вечера и едно пред спиење. Мене не ми праеја никаква разлика во гадење и повраќање освен што ми ги намалуваа киселините на кратко. А пошто не видов поголем аир од нив, маж ми ги зеде и Reduflux имаат многу позитивни критики и нон стоп се на реклама гарант си ги приметила, ама мене толку ми беа гадни и одвратни што од нив само едно пробав и веќе не.
Добар ден женички. Денес што наспана што ненаспана што глава ме боли. Синоќа доцна легнавме зашто синко преспал па покасно стана, се така весело и среќно до 5 сатот наутро. Се будам гледам носот му се затнал вака на допир изгор дете. ставам топломер 38.5 дома ми се најде парацетамол апчиња и му дадов 1/4 го разотскрив го оставив по холахопки. Чекам така 15тина мин да делува а јас умрена за спиење а во 7:40 на контрола кај гинеколог. Сорота од толку обврски заборавив дека вчера требаше да појдам,се си мислев денес е 28ми. Мерам тт 37.8 леле реков ајде ќе дремнам 2 саата. Едвај се разбудив одам на контрола кога таму.... Лежам доктор врти со ехото 20мин гледа нешто не гледа врти.... Ајде после вагинално. На крај ми вика ќе дојдеш за 2 недели пак,слабичка си слабо се отцртува плодот. А јас сирота далеку од слаба сум. Ама доволно да те уплаши. Крвна слика ок ко за бремена хемоглобин на долна граница железо 7,2 идам дома мртва уморна замислена синко спие нема тт. Леле конечно заспав. После едвај отворив очи крај 12 саат. Синко лежи буден гледа цртани весел не омалаксан без кашлица без ништо. мерам тт 38.9 е коса ми се крена се облакам го спремам одам на лекар кажува грло жар. Заработовме антибиотик и тоа оној кој маки ќе мачиме да го испиеме. Од работа зедов слободен ден. Тешко било да си мајка.
Здрасти Дали само на мене може да се деси да ми каже докторката незнам дали смееш да имаш односи вика ако не крвариш може ама пак не сум сигурна незнам Едвај ми извадија салам цтг бебчо мрде ли мрде главната сестра му вели на мм алал ти вера како ќе се справаш со неа сега кога ќе се роди Контракции само два пати докај 60 ама тоа кога ме удри посилно инаку слаби беа, негативна на стрептокока, притисок 110/70 и отоци имам, на килажа ич немам качено а се чудам кај одат тие кроасани и чоколада следна контрола здравје на 15ти ако не се породам
Ајде Ивке со лесно. Стискам палци . Уште вие две останавте од февруари. Ајде ослободете го месецот и комплет да се префрлиме на март со термини
Триглециридите покачени овие мислам нормално е да бидат во бременост а а и мастите ми се покачиле дали дека имав покасно мевце јадено (вечерано) др ден отидов за крв дали е опасно што се покачени?досега никогаш не сум имала Па минатиот месец железото ниско а сега 32 а дозволено до 31
Како вода само тече цело време без престан или ? не знам ако случајно ми пукне како ќе сетам оти исцедок имам нон стоп некогаш помалце некогаш повеќе
И кај мене исто холестерол и триглицериди покачени, а и серумското 31,5. Кај двајца доктори бев, никој не се загрижи, железото ке се потроши бидејќи во периодот што следи ке требаат поголеми резерви. По еден месец контролна крвна слика. Така да мислам дека и кај тебе не е страшно.