Со помин да е мајка иста мака цела вечер ќерка ми не симна температура 38 со 9 грло жар црвено сношти ја носевме на лекар и денес цел ден де симнува до 37 и за некое време пак 38 со 9.јас скапана цела ноќ не спиена а денес сум на работа гужви колку да сакаш а и нешто преместуваме хаос е цел дуќан мене срце ми плаче да спиење и одмор.тешко е ама мора да издржиме.побрзо да си оздравите
Леле значи ни мене мојава абе ниту еднаш не ми измери .Само на прв скрининг мислам Ивановски го измери и беше 47мм и толку.Оваа матичнава абер нема,а слушнав на предавањево дека и со сонда требале да мерат а башка и вагинален преглед со два прста требало да ја пратат ситуацијата дали омекнува грлото недај боже.
Мене уште во 33 недела на земање брис ми кажаа само дека е омекнато грлото ама ете до сега не ми мереле.Не знам зошто а и јас се заборавам да прашам,ма да веќе ете се гледа и крајот па може и нема да ми мерат воопшто.
Мене ми мереше вагинално (ехо) и со два прсти на бокс и ми направи цтг. И тоа поради тоа што му кажав дека почесто ми се стврднува стомакот од првата бременост и сакаше да види се да е сигурен. Значи презадоволна од докторов сум, алал да му е секоја пара.
додека заделува антибиотикот ќе си играме качи се слези со температурава. Среќа што е грлото многу полесно се поминува.
машала. Јас толку можам само да сонам. На маж ми ко проверуваше крв и имаше железо над граница му рекоа дека пожелно е да дарува крв. А јас па сирота. Минатиот пат 8.4 а сега 7.2
И мене минатиот пат ми рекоа ако е пак ниско ќе треба апчиња па си зедов семе од коприва и ставав во мед некогаш јадев или си правев чај и одма се покачи за месец @marchi-cool
Мене до сега ми немаат мерено само на прегледите со обично ехо докторот проверуваше дали е скратено а еднаш кога го прашав кажа нема потреба додека не примети нешто а и не било убаво да проверува ради закачување на бактерија. Јас сум 36гн и се надевам сега кога ке одам на прв преглед кај другиот доктор покрај цтг ке го измере, веќе доаѓа денот најверојатно веќе треба да се мере
во витамините што ги пијам демек има железо ама џабе. Како ја правиш смесата на семе од коприва со мед?
Како изгледа тоа стврднување на стомак колку трае и дали е со болки или? И што велат докторите за тоа
Јас имав 9.2 што е на граница, почнав да сркам една лажица на сабајле и пред легнување мед со семе од коприва, смесата ми е по порачка и повеќе е на зелена боја. Верувај ми за месец ипол и тоа сега последните две недели кога сркав кога не... И железото ми е 13.3 што е добро засега. Ќе ти кажам од каде го порачувам ако си заинтересирна. Позз
Блазе тебе што ти помогнал јас по три на ден земав и на крај пак ништо јас самa го правев мед и семе од коприва се мешаат со тоа што повеќе да е на мед, вкусно е но ете мене не ми помогна само ми ја одржаваше вредноста