Ќе се надоврзам на @ocicka2014 и јас имам електричен и знам има во упатство да се избегнува пределот на бубрези,и кичма посебно .Ова зборам кога не си бремена а во бременост никако. Го тресеш плодот
Не се страшни мила немој да се секираш седиментацијата кај бремени е секогаш покачена не е страшно, хемогловинот ти е намален ама 11 ти е долна граница тој збае до 7 да падне за утеха серумското исто ти е одлично а леукоцитите кај мене цела бременост се движат 12-14 покачени се ама нормално е не е страшно Немаш потреба од грижи Да не ти ги пратам моите да видиш што е страшно
Леукоцити е нормално да се покачени во бременост, и мене ми се исто... Не ти е лоша бе крвнава слика шо си се потресла..
Ооо фала ви многу. Абе кога чоек не разбира хаха гледам се намалено покачено хаха. Фалаа ви многу женички❤️
Мешињааа како сте? Ние денес со постабилни хормони барем сега за сега избањати доручкувани еве и кафенцето да се допие и таман сонцето ке биде појако за конечно и јас да прошетам малку ке одиме до парк кој е за ајде бујрум заедно ке ги шетаме мешињата Убав викенд на сите
Добро утро, да те /ве држи позитивава до крајот на денот Еве се мислам што да правам,договарам, маж ми на Стенковец ќе оди на изложба на авиони, па јас нешто во своја режија ќе си правам... парк не е лошо, секогаш е добар избор, кога веќе не можеме да се пентариме на Водно
Фала ти Емче исто и на тебе ти посакувам убав релаксиран ден ако си за ајде ке те земеме со нас и јас би водно ама ладно ми е уште за таму со бебушка на лето ке се шетаме таму сега со парк ке се задоволиме
@srekice Девојки грешно ме разбравте. Ги користам Ел. Масажер но на грбот горе, никако на рбет или подолу од плешките. Нормално знам дека е штетно ако е на стомак, не сум отидена дотолку. И ми имаа речено дека малку масажа нема да е штетна но секако горе рамена плешки. Не го користам, но ова беше неизбежно умирав од болка. И кога човек е таков се ќе проба. Моментално ми е воспалено но парацетамолот делува уште и не ме боли. Втор пат во бременоста ми се јавува вака. А за моја недела читам дека вели зголемени болки во грбот и стомакот. Па дали е можно за секоја недела секој симптом да го имам. Фала на загриженоста иначе.
Ќе помине. И јас имав до 14 недела отприлика. Секој со е различен да знаеш само. И земи пијај антиметил многу поможват, по 1 ден 2 дена ќе можеш повеќе количински да си јадеш. Поззз
@Makedonka007 те зачитав за масното ткиво. Јас го имав неколку години, мируваше, мало топче ниско на грбот. Пред да останам трудна се активира и воспали, и многу ме болеше, го мачкав со прополис и помина. Искрено не верував дека ќе се повлече, се си мислев дека ќе морам под нож, ама се повлече. Ама никако не го чепкај, ниту со рака ниту со масажер, можеш само полошо да напраиш.
Фала срце, договорив со старосватицата, ќе ме земат за на Велешко, се надевам нема да се зезне времево... цмок, некоја наредна прилика,здравје! Have fuuun!
Можеш и да измешаш пола килограм мед со пола килограм таан, 125 гр ореви мелени, 125 грама лешници мелени, 125 грама бадеми мелени и 1 исцеден лимон. Се јади по една лажица и над него јас ставам семе од коприва. Многу е корисно и за имунитетот и за железото, а и многу е вкусно.
Денеска сум толку без сила,толку поспана и мрзлива што да дојде ред да треба да раѓам ќе ме мрзи да идам во болница пладне дојде јас се уште сум по пижами и само ги мерам должините на креветите де во спална де во дневна.Треба да одам кај матичниот за боледување а јас абер немам да станам многу мрзам кога ми доаѓаат вакви денови.А имам некоја тапа болка во кичма што плус не ми дава да се размрдам.Дали се ова е резултат на вчерашниот ден(ептен испешачив) или едноставно таков ми е денот не знам.Едвај чекам да дојде мм од работа да му нарачам да ми напраеви една витаминска бомба па да се дигнам од кревет.
Претпоставив дека не се работи за масажа на стомак, не си до толку. Мислам постои ли толку забегана жена да масира стомак И мене ми викаа не ваља па ја се масирав еднаш исто плеќи оти не издржлив бол трпев па ништо не ми стана ни мене ни на бебе Ок е кога не претеруваш Инаку хелоу, јас се враќам повторно од цтг ДОМА. Цтг мирно 1,5цм отворена грло скратено,вода има. Тоа е тоа. Во пон контрола ако не се случи ништо до тогаш. И го имав најболниот ваг. Преглед. И стомак ми стискаше високо и ниско и болеше ептен и сега ме боли ниско кај што ме стискаше ( како менструални болки ) . Ми кажаа ако ми се појави суруквица крв малку нормално е од преглед. Засега немам ништо.
не се препорачува масирање со масажер на болно место. На масно ткиво па ич. За тоа треба рачна лимфна дренажа
И јас вратена од цтг малку контракции до 20 ама не ги срќавав вагинално нареден пат ќе ме гледаат а постелка 3ти степен што значи?
Жени постои ли кај нас нешто како на прст се ставало и се пика доле и стои некое време и кога ќе го извадиш се гледало дали секретот што ти тече е плодова вода или не е? Нешто како тест се обојувало или незнам што.
Батали генералка и онака за два дена пак ке биде лом @Emma2 емче ако има сонце пушти го наваму малку носот ми смрзна во гратски, одиме на авиончето ако и таму е ладно одам дома на тарасиче