Абе малер сум ти јас решија да ме шетаат и се снема хаха се враќам дома ладно ми е дома сама ке си правам сонце
Добар ден како сте ми ? Јас на работа сум , надвор врне , грми што да ви кажам кај вас сонце читам Добра сум јас , имав некои слаби болки на средина од стомакот прееска ама пројде, ајде со душа го чекам понеделник да дојде да видиме што се случува внатре конечно да дознаеме дали ќе е едно или две
Фала ти. Но кој да размислува во такви моменти. Мхм, значи со прополис да пробам. Ајде баш ќе видам. Фала ти. Иначе и да се пофалам вчера сабајле на скрининг 2 бевме со мм. Докторот рече се е во ред баш како за неделите точно, само долги и се бутните коски. Вели долги нозе ќе има како мајка ѝ. Јас да се топам. Да е здрава и жива само, ама и кога ќе ти речат вакво нешто сум си ептен задоволна, цутам во мене. Хихих и тоа е скрининг ОК и крвна слика ОК, и грбчето подобро иако направив грешка со него ама то е то, ум за другпат. Саботно со мм одмараме цел ден (од непреспаната ноќ) , утре ќе штетниме до негде. Убав ден девојки!
Девојки пак ми се јави минимален исцедок(како последниот ден од менструација кога се јавува),после одење во wc.Докторот ми вели нормално било.Дали има некои од вас вакво искуство?15недела сум.Пред некои ден бев за истово на преглед беше ок.Што е работава?Искуство?Мислење?Совет?Ви благодарам мили мои
Утрогестанче ставаш? И мене една шлапатарка ми видоа, ама на татко и таа, тој е повисок од мене и слаб Одма си ја присвои за себе уште сега
кај ти текна на вибратор Леле ќе пукнам ми текна на "Себастијан" на другарка ми кога и се уклучи у ташна сред автобус пун со пензионери
Прогестерон боцкам на 1 на 7 дена,ме боцнаа завчера.А иначе имам утрогестан,не знам дали да ставам на своја рака.Те
Сакам да прашам дали некој до сега пиел два пати дневно фемибион 1.Вчера така ми кажа докторката.Во упатството пишува еднаш дневно.Петта недела сум.Имам скоро 42г,си викам да не е заради годиниве?
Јас имам мила 39 и пијам по едно,но пијам центравит пренатал,не е до годините,до состојбата е и има и феминки кои пијат по две.Пиј си и уживкај.Се најубаво.
На преглед вчера беше се ок.И малку се зачудив кога ми ја зголеми дозата искрено и се исплашив.А,заборавив да прашам зошто.
Јас во 12та кога прокрварев малку, исто прогестерон боцкав на 4,5 дена, неколку инекции, ама кринон продолжив секоја вечер... до пред извесно време кога ме префрлија на утрогестан и сеуште ставам секоја вечер... 23+3 сум... не знам дали да земаш на своја рака ама не е лошо да си потпрашаш.
Пак јас. Веќе досадна сум нормално ли е да ме стегне стомакот го чуствувам како ме стега доле и коха ке се пипнам камен е тврт стомакот баш над вагината и нагоре до папакот и после некоја минута ме пушта
ако пиеш аспирин прекини го на кој ден само, а можеш да примиш прогестерон депо и утрогестан да ставиш како Еммка што ти пиша...пиј витамин ц ...али за се ова со гинекологот консултација направи, пуштам среќа се да е супер мила не се секирај
Трудни сме, се се дешава, се ненормално е нормално А најнормално е кога се обидувам да се превртам во кревет, не дај боже ќебето да ми избега