Мила степен на зрелост почнува од 0 до 3. 3 е последно значи дека бебе е спремно да излегува, контракции за раѓање се до 100. И тоа константни, значи целото ливче да е цик цак до 100. Инаку ајде да ви се пофалам официјално ми падна чепот, проѕирно кафеаво парче( што личи на мрсул) боја на кока кола хахаха и уште 2,3 бришења кафеаво. До сега сумњав што е чеп,сега знам дека деф. неможеш да погрешиш кога ке падне знаеш дека е тоа.
Епа затоа што постелката е зрела мора да пратат тонови на бебе почесто, мене 2 степен зрелост ми беше во таа недела, дури сега ми е 3 степен а сум 40+ Јас одам на 2 дена веќе 2 недели
Мене исто пред некој ден ми рекоа 3 степен зрела постелка,37 недела влегувам,значи може за мн.брзо да се породам,а може и да терам така уште некое време..не се знае. Вагинален преглед и ЦТГ не сум правела уште Од вчера сум официјално дома,па се изнакупував што фали,денес и утре се акнувам генералка,торба за болница и бебе спремна па да почне одбројувањето..
Мене ми мереа пред 2 дена 40мм беше а веќе сум 38 недела и тоа малку ме плаши зошто не е омекнато а плацентата е веќе 3та фаза
Има ли некое будно меше ?? Јас легнав во 12 а станав во 3ч мислиш сум спиела 10ч и еве ме око неможам да склопам има ли некој да се дружиме
Хм за чудо имаше баш погоре во коментари колку треба да е според недели веќе би требало да е намалено јас баш го прашав докторот на последниот преглед како до полесно отварање и рече имало некој крем кој доведувал до омекнување ама ... не му дадов до значење затоа што мене ми беше поентата со вежби или слично дали би можело некако да се направи тоа за крем не би ризикувала ради инфекции. А плацентата кажува дека веќе бебето е спремно за излегување дека плацентата нема доволно да го исхранува и дека ке мора да излезе. Штом ништо не ти потенцирале веројатно е се во ред, кога си пак на преглед? Од досада се учам како да си го украсувам текстот
Хаха..супер,шарена занимацијаСи подежурувам и јас ова време,а и касно заспивам..ме здробија и киселини овие денови,чинам од нив се будам осеќам мачнини,а како за инат касно јадам стално некои глупости.. Сите бараат некаква активност при крај,што е добро..Пешачење е добра опција,јас со првото доста се движев пеш и пред крај посебно со мм посебно удривме на долги прошетки..Дали тоа помогна за полесно отварање и пораѓај или мајка природа си го прави своето не знам..Сега послабо одам пеш,а и да сакам побрзо се заморувам и одма стомак ме заболува и криво ми е..Може дека со кола повеќе и одма кондиција паѓа,а и поради болки во грбот кои ги здобив последните години седење на работа. Од друга страна сега куќа на 2 спрата сами сме,горе долу секој ден по неколку пати,а не спијам и не одмарам доволно се осеќам ко прекршена сеа на крај..Се укочувам мн.брзо штом легнам или седнам,а ми зачестија и болки во кичмата и стомак..Баш го осеќам бебе спремно секој момент да излезе Си направив паралела да видам баш со второ сега како ќе биде здравје,дека викаат полесно било второ породување (што и не мора да значи)..Дали активноста најчесто помага или на крај сепак си е до организам,гени и и др. фактори
Хелоу грлс... јас уште сум тука денес цтг и преглед вагинален контракции до 20 бебка е во супер кондиција си претка абер нема да излезе од денес 39+0 недела....и генералка правев и пешачам и скали качувам по 3-4 пати во текот на денот и се си е мирно со слаби менструални болки во срамната коска и кичмата .. Си чекам..... Кај мене во 36та недела беше 3ти степен, 2.5цм отворена и омекнато грло. Бев в болница една недела, строго мирување за да бебка крене на килажа... Постелката значи дека е созреана и неможе максимално да го исхранува плодот, при крај е... Значи бебка се спрема за живот надвор од Хилтон Хотел (читај : матката ) @Eni.r дај повлечи ме и мене бејби моја се залета во 36 недела сега ја нема никаде си ужива
И јас сум будна од 5 ч. Но сега се приклучувам, доручкував малку и како и да се нарекува овој оброк во 6ч. Најубаво ми е рано станување и така во тишина да се видам каде сум, сама со мислите патувам, правам планови абе свашта. Комуникативна отворена личност сум, но посебно си ја обожавам тишината и самотијата уживам! Време баш за себе. Планирам како денес денот со мм да го искористиме. Од утре на раб, па денес да си се опуштиме самите некаде. Може на планина или блиска ливада со малку храна и ќебенце. Ќе земам книгата ќе си ја дочитам сега. А сите вие да си имате прекрасен неделен ден. Уживајте максимално!
Според симптомите кои ги имам,а и последната прогноза на докторот,имам некое чувство дека до крај на неделава ќе се породам..Ама ај ќе видиме баш,да не се залетувам Битно кај и да е не чека најубавиот осмомартовски подарок
Од денот кога разбрав дека сум бремена ми се сврти низ глава дека бебево ќе се роди или на 08.03 или на 12.03 хахахахаха не знам зошто и јас си велам дека ќе биде до крајот на неделата ај со лесно нека ни е
Здраво женски Како сте? Ние добри еве од денес 32ра недела ја тераме.. Лета времевоо скоро пред крајот сме, а како вчера да видов позитивен тест За шетање сум ама не ме држат баш нозеве, па гледам и да одмарам повеќе.. За бебка скоро се е спремно, уште некои ситници ама имаме време.. И такаа.. Ве поздравувам
Е неможе, 40+ да си чекаш инаку не пораѓаат хахахаа Абе мене ова чепот уште ми испаѓа, колку има ако денес не отидам на доктор утре сум на контрола па ке видиме
Мешиња добар ден Како сте ми денес? Сакам да почнам да користам крема за сончање (за лицето наместо дневна крема ) дали сте ги користеле кремите на La roche posay во бременост? Имајте убав ден