Да да притиска насекаде,ребра бешика..веќе на грб и на лева страна ич не можам да спијам,или малце подигната или строго на десноСе укочувам и јас сабајле кога станувам посебно десната бутна коска ми е стално укочена и ме боли додека се раздвижам,а исто јак притисок и болка осеќам во вагина,имам и испуштена вена таму баш надворешно,на самата усна,па уште толку притисок..на истото место со првата бременост ми беше,сега после толку години пак исто Ајде уште малце ќе издржиме,ситно броимее
Епа женчиња ја дојдов од радозналост и цтг некои мали болки јас не осеќав и на рачен преглед( не беше мн груб) прсна водењак. Ме примија лежам чекам болки( прогнозираа дека ноќеска ке се породам ) ке ви пишам кога ке заврши се.
@srekice ти благодарам многу за убавите зборови тука сме што треба да помогнеме @Emma2 оваа што ја поставив погоре е за масна кожа а види ја таа ефаклар што ја постави @srekice не е мат за да ти ја пресуши кожата. Ги има во зегин , еурофарм , само по аптеките. @Magic13 ги немам користено кремиве ама би требало да штитат баш таа им е намената.. Ќе земам некоја од овие две па ќе пишам мислење
Девојки холестеролот колку ви е? До 6.2 е нормално во границите. Мене ми е 6.3 знам дека не е страшно, но кај вас како е ? И како да го намалам??? Читав нешто за маснотиите, па после шеќер бла бла и одма мислата сегде ме носи.
Јас колку што знам нормално е да е покачен холестеролот и триглицериди во бременоста, мене ми немаат пак воопшто испитано а и твојата вредност не е многу, немај гајле
@Eni.r а сакав утрово да те пишам ајдеее и се премислив ама ете биднало ајде со лесно нека е чекаме да ни пишеш
Цел ден имам главоболка,сабајле пиев парацетамол малку ми помина,но пак почна да ме боли,пробувам да дремнам но не можам.Седам божем во тишина и темница ма јок бре не поминува.На момент притиспкот ми беше 147/93 но одма се спушти,докторката ми рече да мерам на два-три саати но добар е сега.Не знам што ќе беше ова денес...давајте совет како да помине главоболката зошто навистина не можам веќе да издржам
јас ако може да се издржи не пијам ништо ама ако не може мавам пола аналгин. Со толку малку и неиздржливото ми поминува
Имам читано дека во бременоста може да настане хиперпигментација на кожата - да се појават пеѓи и др. дамки по кожата , па мислам дека треба да почнеме да се штитиме , поготово ние во рана бременост тек лето доаѓа плус да ти кажам многу почна да ми се масти кожата , до степен што не можам да се трпам , а кремиве погоре имаат матирачко дејство.. баш нешто такво сега ми треба
Цела бременост немам аналгин ставено во уста,сега на крај...некако не ми се пие...се мислам два парацетамола да се напијам.Во овие девет месеци ваква главоболка втор пат ми се дешава...