Девојки, упат колку време трае? Од моментот на издавање? На мојот немаше дата пошто беше приоритетен?
Ако нема дата значи можеш да го искористиш кога сакаш,а ако веќе си го искористила за преглед треба истиот упат да важи и за контрола.Затоа што и тие што се со дата важат за преглед и за контрола на тој преглед
Здраво мамички и од нас. Ние еве се расонуваме со нескафе после дооолга непреспиена ноќ После неколку мизерни саати спиење се разбудив со главоболка и болки во грбот така да ако одиме по тоа Денот по утрото се познава... денешниов ќе ми биде катастрофа
Сноу, евтин е вазелинот. Јас земав за нега на бебешка кожа вазелин со невен мислам дека 100мл 80ден беше. Го користам да се мачкам за стрии ко демек ама нема спас . Големото пакување мислам дека беше 130 ден. Во зегин ова.
Ееее така сите убаво си кажавте, а мене ме врати таа гуската каде што требаше да ме боцнат. Ми вели упатот трае недела дена. Абре какво недела викам, на 13ти месецов е издаден трае до крајот на месецов и пред месец дена бев со ваков упат знам. Не не, жалам не можам да ве примам,земете си нов упат од кај матичната и вратете се. И се јавувам на матичната и велам што и како, женана се чуди и ми вика не е точно нема право да те врати. Ама ти иди докажи и на гускана. Фино лепо автобусот и право дома-зошто ич не бев арна. Сега морам нов упат да зимам и да идам додека не биде постар од недела дена. А на докторката и и шајче и мајче и се живо денеска....толку некого не сум колнела.
Сакам да ве прашам дали смеам да пијам витамин Ц зошто сум малку настината па не знам што да се напијам?
Смееш, јас пијам цела бременост по две на ден. Ти напиј се едно и пиј цеден лимон со мед (природен витамин Ц).
Оооо Рабитче душичке си настинала. Ајде земај цеди лимони, витамин Ц напи се, мандаринки нешто овошје. Чај исто така да си се напиеш, супица со петле што е таа. Оф леле... и јас од тоа најмногу се плашам да не настинам, да не се испоболам и како во кристално ѕвоно сум се пикнала. Само гледам тие што се болни бегам од нив што да правам. Другарка ми болна беше и реков нема гледање додека не оздрави, колешката на работа болна беше и си зеде кутрата денови да не ме префатела, зовла ми болна и таа е и нема идење на гости, сите гледам што се да се дистанцирам додека не оздрават нека ми простат ама што да правам. Ми викаат колку повеќе така се чуваш демек повеќе ќе настинеш, ама поарно да спречам него да лечам. Многу сум нежна јас да дувне малку и одма настинувам крајниците ме фаќаат мене и мака си имам со нив многу. Ајде мила побрзо да оздравиш и чувај се.
здраво мамички добри сте? честитки за девојките што веке се гушкат со бебушките јас сум добро на некој начин премногу загрижена за бебуш мој,нешто не е во ред и во четворток треба од ново ехо да се прави малата не мочка доволно и нешто кај главчето треба од ново да се видело умрев од грижи... минатиот пат докторот рече дека можеби бебето е уште мало па затоа така се видело во главчето,можеби покасно се зачнало па дека не требало да се грижам ама верувајте умирам од грижи,не дај господ нешто да испаден како што нетреба се надевам четворток Kе биде позитивен Dен за мене и цуца моја премногу си го сакам бебуш,живот мој. се молам секој ден се да биде во ред поздрав до вас и ви посакувам се најубаво
^ girl-miri душо не се грижи со позитивни мисли дај Боже се да биде во ред. Ти посакувам се најубаво и со бебушка да биде се во најдобар ред. Само позитивно мила. Поздрав !
Мила и јас сум ептен нежна и само се плашам да не настинам и за тоа ја мразам зимава, не сум многу настината само малку ме грепка грлото ама пијам чајче, лимонче со медче и мислам дека брзо ќе ми помине Мора да се чуваме и бебушки да ги чуваме и некако да ја поминеме зимава Поздравче драга и имај си убава и топла вечер
Girl-miri Не се секирај, само позитивни мисли. Ќе биде се во ред. И јас не знам како сум. Стомаков ми е речиси цел ден затегнат. Од време на време болки. Веќе и бебето кога мрда почна болно да ми биде. Ама среќна сум па затоа што знам дека нема уште многу и дека наскоро креветчето нема да ни биде празно Спојлер (не дека сега ни е празно, како привремено шкафче ни е, апишта после перење таму седат дур да се средат )
еве не нас пак на рапорт.. си се вратив дома среќна бев на контрола си ја видов мојата ќеркичка убава.. си напредува си расте нека ми е здрава и жива си добивме и сликичка мамичка доби боцка Рогам си ја плативме 3745 денари сега утре здравје ќе одиме во фондот да видиме дали ќе рефундират некој денар..како и да е само нека е за арно ви посакувам пријатна вечер на ситее мамичкии гирл немој да се сеќираш мила ќе видеш дека се ќе биде во ред Бог е со тебе и со твоето бебенце пс.. прашав у аптека за магнезиум ми кажаа некој на рефус имало добар ли е пие ли некој од тој.. или кажете од кој магнезиум пиете вие
и кај мене Инаку гирл, знам дека неможеш да не мислиш на тоа. Зошто и јас слично доживеав кога ми рекоа-можност за циста. Само биди силна и со позитивна мисла.
Леле не се нормално со ова мочањето на бебињата, на секоја втора и го кажуваат тоа еј, само они да вршат испитувања, можам да замислам и во приватна ако сте биле, одма ќе ви бараат аминоцинтеза да правите. Дај боже да е само безвезе нервози, што да речам. Сетете се само неколку страни наназад, некаде на почетокот, една мајка на почетокот ја испратија на киретажа па излезе дека малечкото си било сосем во ред, не се сеќавам точно, ми се чини си се роди живо и здраво детенцето што предвреме го отпишаа. Ма не се нормални еј, Грл не се сеќирај, се ќе биде во ред
И јас сакам истото да го прашам односно да го искоментирам. Што е ова со недоволно мочкање на бебето?! Од каде е ова сега? Зошто вакви стресови и нервози ви прават?!