Честитки!!!!! Здрави живи да сте и најсреќни!! Си ја држиш најголемата среќа на светот!!! Бацкии за двете кукли!!! inlove:
Што убаво утро имаме две нови бебушки како сте нови мамички како ви се бебушките? Бројот до мојот ред се намалува уште само 6 давам предност на некоја слободно нека ме скокне мене возбуда ме фаќа незнам дали сум спремна колку повеќе сакам толку повеќе ме фаќа страв одвај чекам утре да видам што ке каже докторот до каде е малата дали е спремна Поздрав мешиња имајте убав ден
Дами, ве молам ако има некоја инфо помагајте... Дали некоја од вас пиела Вигантол во бременост? Мене заради многу низок Д витамин ми препишаа да пијам по 5 капки дневно (значи ако една отприлика е 400UI значи 2000UI) и пиам така два месеци скоро но, едно 15тина дена пиев и мултивитамини каде имаше 200UI кои не ми текна да ги одземам и плус храна... Дојдов до убаво оптимално долно ниво 30.44 пред 20тина дена и воопшто не претпоставив дека може нешто да влијае лошо или да има не дај боже предозирање. Терапијата три месеци ми рекоа да ја примам. Јас сама правев контрола на два пати и ок беше. Но, вчера се изначитав дали смее дали не смее, знам дека дефицит е многу лошо но, да не не е ок и суплементација во бременост? Се распаметив... Дали случајно знаете? Не знам во која тема спаѓа прашањево па може и да го префрлите. Спонтано останав бремена... Нормално дека повторно си прашувам доктор но дур чекам одговори, полудување...Фала премногу
Јас ги пиев до 12 недела и ми ги прекинаа.Во консултација со гиникологот ми ги прекинав,а ендокринологот ми рече не се штетни можат да се пијат,но јас решив да го послушам гиникологот што ми води бременост.Терапијата ми почна со 5 капки,па 7,па 9 и ми ја прекина гиникологот.Вредноста на витаминот д ми беше околу 60,во референтни вредности ми беше.Секое добро.Тоа е моето искуство ао нив.
Ваљда така смета гиникологот,зошто јас го пиев поодамна неколку месеци.А вредноста на нивото е од 50 па нагоре.Не ми е нешто таман,ама ќе слушам гиниколог.Еве нека кажат феминките со друго искуство.
Јас немам испитено витамин д ама пијам капки на своја рака ( од препорака на мм кој е анестезиолог) по 3 капки на ден и плус пиам фемибион 2, не верувам дека нешто е опасно. Поздрав
Ма возбуда ме фаќа со секој нареден што е а за мене пак незнам Вчера Ени цело време ја мислев и чекав,отварав да видам до каде е Ама ајде сме ние Само кога ќе дојде денот да имаме на ум дека можеме ние, нашето тело е создадено да раѓа, и тоа е последниот чекор до нашиот прв состанок во живо со нашите бебушки. Само позитивна мисла женски Ние 34 недела од денеска времето лета, утре сме на преглед да видиме колку пораснал мојот лепотан Убав ден на сите
јас на стомак имам неколку влакненца и машала растат со поголемка должина,под папук на линијата надолу (сигурно знаеш се познава линија кога почнува да расте стомак) е сега ленти депилација тука јок. ќе заигра жилетот. Знам краткорочно решение е ама што да се прави нежно е местото сега.
по три мислам е ок, да не претерав јас тоа ми е прашањето по 5 однпсно можеби и 6 да дошле со пренатални и храна... ама штом имав голем дефицит значи веројатно не
Мене рефернтни оптимални ми се од 30 до 60, докторот (гинекологот) пишал сега можам секој втор ден валјда во иста доза...
морам да прашам како ти открија дека имаш низок вит д? Инаку во бременост треба секој можен витамин и минерал да се пие а во комплексот на витамини коо нас ни го даваат нема се. Пробај со рибино масло освен вит д има и омега
Мислам дека се е до полипот.Ставив утрогестан и веднаш престана тоа мало крварење.Денес сега за сеганема ништо.Доколку птодолжи и денес докторкава ми рече да и се јавам.
Една Докторка заради Хашимото ми рече да проверам и Д витамин, ми посочија јас никогаш немаше да претпоставам...
Леле немој жилет ке се упропастиш боље така нека си стои јас со ладна го средив последниот пат и не болеше ич и еве тек сега имам тук таму негаде и пак ке го фатам ама никако со бикче
И јас пијам витамин д, на др. Волтц без прекин веке долго време...не гледам штета од него, гинеколог и мене ми рече ок доста ти е во граници ти е , но ендокринологот смета дека не треба да се прекине ...ми вика не ти е над граница или сл ...што ако прекинеш со пиење и ти отиде под границите ми рече...и јас пијам секој ден....кој ти рече дека би штетело да се пие долго време во бременост?
Па малку еден гинеколог во Систина ме погледна чудно кога му кажав за Д3 можда моите дози биле поголеми... ама мораше дефицитот да се надополни. Колкава е твојата доза? од таблетите? не викам подолго време дека е штетно туку дневната доза дали е голема тоа...