Ве читав цело време ,ај викам да ви пишам. Моите беа на гости цел викенд,и кога си идеа се изнаплакав како бебе. Татко ми кутриот и он по мене,а мајка ми вика остај ја нека плаче ,трудна е ќе и помине Имав некои тапи болки во долен дел на стомак од време на време. Утре конечно на контрола па да се видиме со бебчо. Инаку од денес 17недела ,радости Сакав да прашам за д-димери дали да чекам утре матичнава да каже нешто или да предложам сама да проверам Која недела проверувавте вие? Ве
За апетит што да кажам ич немам со сила јадам дури јас да се прашам и цел ден нема да јадам ама морам па гурам некако @paleska3 обавезно ке пишам таман и за фамозниот доктор одвај чекам да видам како ке поминам
Истата приказна и кај мене беше ама не сакав порано да пишам да не баксузирам. Исто две вреќички беа видени во 5та недела,но во 7ма имаше едно срценце ,другата вреќичка беше празна ама сепак бев пресреќна што едното ембрионче се развиваше нормално, а уште по изненадена бев што не очекував дека по природен пат толку лесно може да се зачнат близначиња ,ама за второ може ќе се дуплираат Нека си расте и развива правилно ова душиче а мама да си има лесна бременост како песнаhug:
Прегназон со омега 3 масти... тие се демек најдобри.. тие ги пијам од самиот старт на бременоста.. имаш 60 парчиња за 900 и нешто денари.. тие ми се препорачани од гинекологот.. покрај фолна и омега 3 има уште 10-тина витамини кои се потребни во бременост.. ги има во речиси сите аптеки само во Зегин не ...
Јас проверувам на две недели обично или на месец, зависи како ќе ми закаже трансфузилогот, од самиот старт проверив...мислам дека веќе треба да ти испитаат поба Душо доктор како доктор секој гледа да зграби од негде сите имаат некаков процент од нешто..не можеш да бидеш сигурна дека тоа што ти рекол не чинат Фемибион дека е баш така, можеби он има ќар од некој друг лек на таа база па наредно баш тој ќе ти го препорача ко најдобар за него...јас мн пати се уверив дека форсираат нивни лекови "као демек најдобри" а ги ругаат другите...јас до сега немам слушнато дека не чинат, да беше така ќе се проширеше мн брзо тој муабет ако е вистина, ...поминав мн доктори годиниве и сите ми го препорачале баш Фемибионот...така да пиј си го без гајле биди
Ти благодарам рингишпил. Јас да ти кажам немав 100% очекување за близнаци ама и не знам колку ќе сакав да беа две , ќе ми беше многу тешко за да гледам две оддеднаш и не знам дали ќе имав живци за три деца добро е што вака испадна , само нека е се во ред и понатаму тоа е најважно
И јас бев денес и моето топче е 1.5, му го слушмавме пак од утре сум и јас 8 недела @koritsaki значи ептен се поклопуваме јас и ти. За брисеви ми рече после скрининг - април негде.
Жено за некоја шо не јаде нишо, железово ти е топ!! ајт не замарај со резултати, супееер си, јако женче да сибеш @Leo-nora Оф бе, мислев ќе сме колешки по близначка бременост.. Да е живо и здраво најважно, имам чувство дека е машко, прва интуиција никогаш не ме лаже хехе... ајде со лесно!!!! А ти што мислиш па во другите има незнам колку многу железо, yeah right За ниско железо само таблети за железо и правилна исхрана, зелена!!! А за Фемибион вака шо збориш ќе ти се наљутам... за сите останати по некој се жалел до сега освен за нив, најквалитетни се, немаш никакво гадење од нив, незнам како може да нечинат!
прво на тоа ти помислив, без зафрканција, дека женско ќе е!! хаха ај баш ќе видиме, секако живо и здраво да е„
Ме нема неколку денови не може човек да ве дочита @Ygritte да сте живи и здрави Јас сум 38+7 дена си имам болки по малку на моменти кога се движам мислам дека ќе се помочам туку ми се појави секрет од завчера потемен и многу мириса ме чеша по малку докторката утре ми рече да одам брис микробиолошки да ми земе ми е страв што може да ми најдат? За пап тестот рече вака е уреден ама имаш кандида Да ве прашам бев во просторија со дете што има сипаници и ја бацив ама дека и беа почетни не се гледаа отпосле ми кажаа може ли нешто да ми биде? Инаку цела се затнав и грло ме боли
Koi sipanici? Varicela? Zarazni se pred da se pojavi osipot,a I sest dena posle toa. Devojceto ne bilo voopsto isfrleno?
Аа не знам какви беа од после и видов на челото три брунчиња мали јас сум вакцинирана и едни имам прележано ама кои не знам
@Larahappy хахах да да ептен се поклопуваме исто кога ти е терминот? Мене 15.10 @Emma2 тоа е , да сме живи и здрави јас да ти кажам мислам дека пак девојче ќе имам и според отчукувањата на срцето така ми изгледа ама ок не е сигурно и не ми е толку битно важно е да е се во ред
Да е живо и здраво само. @Emma2 да ми погоди мене ама за @koritsaki и јас мислам љуто женче по отчукувањата