Леле и ти 15.10 , па штом си исто ко мене 8ма недела јас па уште прашувам за термин За отчукувањата на срцето ова ми го имаше кажано првиот гинеколог каде што одев , дека ако отчукувањето е над 140 е женско , а под 140 е машко. Тогаш за ќерка ми бев 6та недела кога слушнав срцева реакција и беше 156 и ми рече според овие бројки би требало да е девојче. И погоди. Демек во повеќе случаеви машките имаат по слабо отчукување на срцето од женските.. Сега не знам , за второво ќе видиме дали пак ќе е така
Сега бев кај докторката 39 + 0 изгледа немав убаво израчунато ми правеше контрола ми вика постелката е зрела почнала да се двои му го видов окото раката и срцето ми вика не пиј магнезиум веќе зашто треба да очекуваме болки движи се по скали и кажав за секретот дека ми е потемен и мириса ми рече нормално е и ми даде вагиналети вагисан да ставам по едно инаку сега е 3 150 грама на цтг нема болки ми рече другата недела во вторник ти е термин ако до тогаш не се породиш ќе мора секој 2 ден во болница да одиш
Јас сношти имав болки во половината и нагоре накај грб се ширеа на секој 15 минути, така беше 1 саат после сум заспала. Денеска сум 38+2, болки имав и денес како за по вц ама ништо, ни чеп паѓа, ни водењак пука, искрено тие 2-3 недели ми се најтешки.
Добро утро од мене. Доручкована и кафе пијам. Бујрум Сакав да ве прашам имам дома прочистувач на воздухот и го користиме веќе 3 месеци. Но, надвор е презагадено.. И кога си надвор дишиш нечист воздух, дома чист.. Си мислев да не е поголема штета од помош? Преку зима е најзагадено сега идат топли денови, но сеуште сум во дилема... Кога ќе се роди бебка сакам ќе е лето, но го сакам најдобриот начин. Што мислите?? Има некоја дома прочистувач на воздух??
да јас имам...и го земавме токму од таа причина да дишат чист воздух бебињата, а и јас сега во бременоста кога е мн загадено надвор само седење по дома...нема поголема штета зошто би имало баш напротив
Исцедок што е во боја и што мириса нее нормален,ставај некој појаки вагиналети за да се исчистиш или евентуално брис.
Добро утро...добар ден мешиња Ние само што завршивме со првиот преглед кај новиот доктор бебушот наместен но мирен плодова вода доволно, постелка зрела и на преден ѕидедино 37гн треба да сум а бебуш е 36 ипол се надевам добро е правев цтг незнам да го прочитам докторот рече само ок е се гледаме за недела дена и така хепи сме има надвор денес може малку и да се прошета Убав ден на сите
Здраво труднички, што се праи? Моето имаше цело време над 150 откуцаи, 170 мислам последен пат па пак се сомневаа дека е момче... Јас мислам нема многу врска тоа. Единствен сигурен начин да се утврди полот е да се видат гениталиите. Додуша вечер сум на контрола па валда конечно ќе ни кажат за сигурно. Не ме држи место веќе И се надевам се е во ред и ќе добијам амин да си дојдам за Македонија на 2 недели. Пуштете среќа. 16+6 денеска. Растам од радостии ко паун.
Те разбирам шо ми велиш, но надвор загадено и ти веќе си навикната на тој воздух, дома идиш чист воздух и тогаш најмногу му штети на плуќата. Имам и читано статии и факти за ова. Ама ок дај Боже да нема врска. И нас тоа ни одговара. Позз Софче
Добар ден и од мене, и јас денес на контрола 15гн. Рекоа дека е се ок, дефинитивно машко. Полипот што го имам, докторот смета дека можеби ке се повлече, препорака за повеќе одмор, и орални пробиотици, како превентива за флората. Убав ден на сите мешковци.
Женски шо мислите за после пораѓај кој мидер е најдобар? Јас сакам да нарачам од тие како на дупли преклоп што се, немам слика моментално.
39+6 . Симптоми за пораѓај никакви. Утре ми е термин, се надевам ќе се случи чудо, ама некако не верувам баш. Пак чекање за цтг, пак прегледи, за да ми рече докторот се е супер (што ми е навистина мило и ми олеснува) се гледаме за Х денови. Не е интересно веќе, нема крај. Ногата лева како да не е моја, кривам кога одам, па и чворчиња две кај коленото ми се направиле. Научна фантастика ми е вртењето навечер, а за спиење да не зборам, затоа што не спијам. Барем имам тренинг за бебе кога ќе дојде. Спремно е се за девојчицата, ама инат е бе, инат. Каде е тој проклет сјај од бременоста да знам? Устава насабајле ми е огромна, за стапалата веќе не правам муабет. Стрии имав само на едната страна на стомакот, сега последниве денови се појавија и на другата. Ако поседи бебево уште малку до врат ќе испукам. Само мрчам знам, веќе сум си досадна.
Здраво женски да ви се убацам и јас како џокер во покер. Ве читам редовно од Октомври, ритуал сте ми со прво утринско кафе, ама се така шпиунски никако да пишам нешто ние сме 23+2, принцеза на мама, тешка бременост ама ние сме силни туку дајте некој совет за неподносливи болки во половина... лани во Март се породив со провокации во 7ми месец (трауматично, лошо и трагично искуство, не би ве вознемирувала со детали) и од тогаш си имам проблеми со кичмата, ама сега како расте меше болките се се појаки, па на моменти и неподносливи... секој совет е добредојден Ве гушкам сите и давам збор дека од сега ќе бидам поактивна тука, чим веќе скршив мраз полесно е
ХЕлоу лејдис Денес го поминав скриениот шеќер, тоа гадната блага вода, бљак...битно помина, сега тераме напред. Здрави и живи бебушите на мајките кои се олеснија, ние уште ќе чекаме... @thinkerbell те разбирам потполно, првата бременост така беше, деновите минуваа, терминот помина, јас абер немав, ама се случи, 4 дена по термин...значи кај да е - тука е, деновиве ќе се олесниш и ти...па, со лесно Ајде женски, јас сум на посао, да подработам малку Имајте убав ден