Ист 'проблем'и кај мене...тешко качувам килажа,а можам експресно да ослабам.Стагнирав и јас негде 8 месец,сега само стомакот остана,а си јадам нормалноНегде 12-14 кг се поправив,а стварно сакам да задржам некое килце понатаму,ама тешка работа
Hahaha me iznasmea da si ziva i zdrava U pravo si, jas se obrano, se kontra od drugite. Bremenost za vo istorija imam . Koga ve citam vaka koja kako bila, koja so pravela, so se se slucilo.. jas ko odpisanite sum hahah U mojata bremenost so isprepletkani scenarija us za mider sum be emce hahahaaa
А колку го запоставувате вашиот социјален живот?? Роднини пријатели?? Се гледате почесто, ретко или ко мене тотално ги уништивте односите ? Повеќе време сакам сама да сум , се оддалелив од луѓето, ми замерија на некој начин и во право се. Без да сакам да повредам никој ги повредив во смисла се оттуѓив .... Оф лелле, никој не те разбира како ти е . Сите замеруваат .
Па зима повеќе дома знаеш.. И плус мачнини, многу ми се спиеше.. И повеќе одмарав. А и искрено чувствував дека имам потреба да сум сама, музика јас или книга и јас ... И онака ги чувствувам како да ми се лути, не ме бараат воопшто. Лошо многу лошо.
Зошто лошо треба да ја разберат твојата состојба и твоите чувства ако ти така сакаш така.јас цели четири месеци бев затворена дома ниту сакав да одам негде ниту некој да ми доаѓа сама не си бев способна а не пак да.чекам гости или да одам по гости.еве сега почнав по малку да излегувам се вратив на работа и во нормала.јас мислам дека тој е еден период кој мора да го пребродиме.уживај мила најбитни сте ти и бебето сега и пријателите треба да го разберат овој твој период
Јас се исклучив од луѓе поради епидемии од грип и морбили. Ако ми се лутат нека им стои, но на прво место ми е моето здравје и здравјето на бебето, а потоа ми се сите други.
Фала мила. Исто и јас мислам и мислев... Но се зачудив кога видов какви се не коментари има и тоа од блиски луѓе .. Онака не ми е некогаш до ништо. На моменти ми се плаче,, па смее, потоа викам , па пејам... Тоа е моето расположение и така се однесувам.
Јас ќе ти кажам нешто мила на охридски КАПАТА НАКРИВУ И СВИРКАЈ СИ уживај и не се замарај за ништо.тие така наречени пријатели баш сега ќе ги покажат своите вистински лица.нормално дека имаш промени во расположението сега плачиш за две секунди се смејш ама БРЕМЕНА СИ БРЕ како не им е јасно хормони се во прашање.Ич да не ми се замараш
Така е мила!!! Баш сега со мм зборував за то. Ми идат гости не најавени па не сум била гостопримлива . Одмарам, се капам, со мм кафе да се напиеме заедно абе свашта!! Сега се гледаат кои ти се пријатели а кои не баш така ! И поговорката на место ! Те гушкам !!
Женски на моево му паднало к*рето, сепак мома е Колку маки ми даде овие месеци, баш сега на преглед мирна бубаче, не можевме да ја разбудиме. Претходно мерките и беа со 3 дена помалку, сега отишла 3 дена повеќе. Тоа ме израдува. И дуга нога има рече докторот, на тато и вујче, оти мама е метар и смока. И ќе си доаѓам за мк крај на месецов. Докторот милион пати ми рече - уживај во бременоста. Уште да научам да не анализирам буквално се што ќе почувствувам и да не ми е хорор секое одење во вц, да не видам крв случајно, може и ќе почнам да уживам.
Се видовме после месец дена.Сме пораснале Се беше во ред освен што два,три дена сега е поназад во должина, а тежина во нормала. Минатиот преглед беше обратно. Ама др ми кажа дека ќе се менува секој пат,па не се испозамарав. Спиеше цело време,нејќеше да мрдне бре,инат Битно се е како што треба
Еве и јас на рапорт од денешниов ултразвук Сите почнувате со реченицата беба наместена со главчето надолу а кај мене беба со главата горе(карлично)абер нема за вртење ,вежбите без ефект а 34недела сме,ама јас реков газот му тежи затоа не може 2900гр напредно и големо со проценка до крај 4300некој со слично искуство Инаку одговараме за 36+ Малку се загрижив пошто не очекував толку,со мм сме ситни ама ме утешиа демек нема место за загриженост боље големо отколку малоама до крај не се знае нели Утре сме со бабицата да видиме таа што ќе каже, да ми кажи некои техники со надеж дека може да се сврти до 36та недела, ако не бива одиме со царски во ваков случај со карлична поставеност и големко бебе не се ризикува. Битно е да се родат живи и здрави на крај. Поздрав мешиња,имајте убававечер
Мамички како се осеќате вие во 37 _38 недела? И колку е тежината на вашите бебенца ? Јас на вечер отечени глуждови бебе цело време посебнп навечер се врти цееело време еве од пред два сати олку активно досега не ми било а во текот на денот онака по малце го чуствувам кога одмарам киселини ненормално имам пробав со ориз ама не поминува
Мислам дека веќе доволно 'кукавме'како ни е последните недели,има постови наназад колку сакашОтечени,недоспиени,болки во кичма,стомак,вкочанетост.. А последните неколку дена ме фаќаат така страшни киселини на моменти и единствено што ми помага е млеко..се напивам по една две чаши и ми се смируваат
Женички да ве прашам вие што сте 3ти-4ти месец бремени а имате повремено гадење и повраќање дали земате електеолити? Јас околу 5 недели немав мака со повраќање,вчера имав пролив денес цел ден ми се повраќа. Бев на матичен општ лекар добив терапија како за стомачен вирус. Ми рече секогаш кога ќе имам повторно повраќање во бременост да пијам електролити. Се чудам зошто гинекологот не ми препорачуваше на почетокот кога имав многу мачнини