Имам вака нешто,тој не ме стега многу и таман ми беше првите недели,пријатно ми беше со него А ваков нешто за подоцна носев,тој стега упм што се вика едвај дишиш.А од кај се земени појма немам,мајка ми ми ги имаше дадено
Да прашам нешто да ми разјасните Упат од матичен за проверка на крвна слика колку време важи? Конкретно во Авицена. И дали CRP се проверува посебно? До сега на никоја крвна слика неможам да најдам нешто такво
Електролити се препорачуваат во случај на стомачен вирус (повраќање и дијареа)затоа што се губат премногу течности од телото и да се спречи дехидратација на организмот ,а при мачнини и повремено повраќање како и кај речиси секоја трудница се советува полесна храна и повеќе течности ,а електролити за мачнини ниту мене не ми дале
Јас неможам да стигнам до 38гн за да осетам како е тогаш, само што стигнав 37+3 пак ме вратија на 36 па не е фер може пак ке ме вратат 8м да го терам да понављам клас беба активна ама изгледа премногу што троши се што јаде па е шланг па неке да покаже понапредна недела ако вака тераме 1 мај не ни бега
Јас одамна направив селекција животот ми налагаше така сами со мм во друг град од родениот напочеток напаст а потоа уживанција блиски само нај нај најблиските мама и тато×2 дада бато и толку. Да живеам и со другите не сум лута ама на дистанца тука сум за било што ако затреба ама неможам во гужва и на моб со саати да дремам како некогаш стареааам или животно искуство или период или којзнае што е Убава нок убав сон мешиња
Месец дена ама само во Авицена во Тафталиџе е бесплатна крвната слика.Црп се доплаќаше дали 150 дали 300 не ме фаќај за збор.
И во адрија лаб е бесплатно , бар они така ми рекоа пред недела дена, со тоа што упатот морал да ти го даде гинекологот, а не општиот матичен доктор... имаат некои промени во системот се имаат испоизмешано ...упат за тироидни хормони порано ми даваше гинеколог е сега не можело морало на интернист па тој требал да те препрати.. дур завршиш работа да ти се смачи
Таков им е договорот.И јас незнаев па со упат во аеродром прошлиот месец ко попче за крвна слика и урино култура се опрчив 800 денари.И кога прашав ми рекоа ааа само во Тафталиџе е со упат.
Денес 37 недела...како ли само ќе се издржи до крај? Навистина веќе се ми е тешко,не можам да спијам,не можам да се одморам,движењето ми е отежнато,удобна позиција ни за седење ни за лежење ни за ништо.Веднаш се заморувам било што да правам.Сакав денес да ја спремам торбата ама немам сила да станам од кревет. Сабајлево имав лажни контракции но се смирија,а бебе само лумпува,секое негово движење ми станува непријатно и болно,сирото и тоа веќе си нема место.Од една страна едвај чекам да се породам а од друга пак си велам ајде барем уште малку да срави на килажа.Значи дефинитивно ова ми е најтешка бременост се осеќам ко тенк да ме прегазува секојдневно
И се смеам сама на себе и ми се плаче на цел глас да, може немав потешкотии како гадење повракање ама затоа на почеток имав глупа бактерија што ја лечев месец ипол 2, подоцна почна да ми никнува умник за сега на крај никој да незнае која недела сум таман помислив утре 3недели ми остануваат пак се 4 а може и 5 хаха глупости стварно не им ги свакам мерките ако на нареден преглед пак ме стави во 36гн незнам што ке правам Мора да има некоја посебна табела за исклучоци како мене
Ти благодарам од срце! Мажов мој го бива за мн работи, ама ни на најголем душман не му посакувам да го масира, костозглобна не му бега
17+2 сум некако многу ми зачестија главоболките. Налет апче не смеело да се пие мада јас за неиздржливи забоболки пред 2 месеци пиев. Парацетамол не ми помага да не се трујам за џабе. Магнезиум помага но краткорочно. Ќе треба 5-6 пати на ден да пијам за да намалам болки. Згора на се низок ми е притисокот. Чаре???
Кафе со лимон,кисела вода, туш,б6. Јас ја врзувам со марама главата кога ми е страшна,секогаш помага и легнувам во затемнета просторија ,ако можам да заспијам. Пробај нешто од ова може ќе ти помогне.